Прејди на содржината

Љупчо Силјановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љупчо Силјановски (Глоѓи, Тетовско, 29 јули 1949) — македонски поет, раскажувач и драмски писател[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Силјановски е роден е на 29 јули 1949 година во село Глоѓи , тетовско. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел како новинар-уредник во списанието „Остен“ и во телевизиската куќа „Телма“. Член е на ДПМ од 1978 година. Добитник е на наградите: „Младост“, „Студентски збор“, „Златно перо“ и „Златна корија“ (за докуметарен филм).

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Автор е на книгите:

  • Внатрешни огледала (поезија, 1974),
  • Јагула (поезија, 1978),
  • Ангелот од Питсбург (раскази, 1979),
  • Змиски обед (поезија, 1980),
  • Кукавичко јајце (драма, 1983),
  • Стихихијада (поезија за деца, 1984),
  • Срцката на Кате Карате (хумористичен дневник за деца, 1986),
  • Птеродактил (роман, 1986),
  • Црно на бело (афоризми, 1988),
  • Некрополис (роман, 1990),
  • Продавач на месечини (раскази, 1991),
  • Церебрална спална (поезија, 1993).[2]
  1. „Љупчо Силјановски“. ДПМ. Архивирано од изворникот на 2010-09-30. Посетено на 2010-03-29.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 230.