Њујоршки приказни
Изглед
„Њујоршки приказни“ (англиски: New York Stories) — омнибус-филм од 1989 година, составен од три дела чија заедничка тема е Њујорк. Првиот дел е насловен „Животни поуки“ во режија на Мартин Скорсезе, според сценариото на Ричард Прајс, а во главната улога настапува Ник Нолти. Вториот дел, со наслов „Живот без Зои“, е режиран од Френсис Форд Копола, а авторка на сценариото е неговата ќерка Софија Копола. Третиот дел носи наслов „Едиповиот бродолом“ во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, а глуми и една од улогите.[1]