Џуди Колинс
Џуди Колинс | |
---|---|
Колинс на фолк фестивалот во Кембриџ , 2008 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џудит Марџори Колинс |
Роден(а) | 1 мај 1939 Сиетл, САД |
Потекло | Денвер, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1959― |
Издавачи | |
Мреж. место | judycollins.com |
Џудит Марџори Колинс (англ. Judith Marjorie Collins; родена на 1 мај 1939 година во Сиетл) ― американска фолк- и поп-пејачка, која имала голем успех во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Како режисерка на документарни филмови била предложена за Оскар и добила Греми-награда, а позната е по различните стилови на музиката што го снима (кој опфаќа фолк-музика, кантри, шоу мелодии, поп-музика, рокенрол и традиционален поп) и по чистотата на нејзиниот глас. Снимила 36 студиски албуми, девет албуми во живо, многу компилациски албуми, четири празнични албуми и 21 сингл.
Детство
[уреди | уреди извор]Џуди Колинс е родена во Сиетл, каде што ги поминала првите десет години од нејзиниот живот. Татко ѝ (слеп пејач, пијанист и водител на радиоемисија) во 1949 година се вработил во Денвер, и со семејството се преселиле таму. Дедо ѝ бил Ирец.[2][3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Колинс учела класично пијано кај Антонија Брико, а на 13-годишна возраст го одржала својот прв концерт при што го извела Моцартовиот концерт за два пијана. Сепак, таа се заинтересирала за фолк-музика, и ги прекинала часовите по пијано. Во детството, преку татко ѝ запознала многу професионални музичари.[4]
Три години по нејзиното деби како чудо од дете за пијано, таа веќе научила да свири гитара. Нејзините први јавни настапи како фолк-музичар по завршувањето на средно училиште во Денвер ги имала во паб во Болдер, Колорадо и фолк клуб во Денвер. Нејзината музика станала популарна на Универзитетот во Конектикат, каде што предавал нејзиниот сопруг.[5]
1960-ти
[уреди | уреди извор]Деби студискиот албум на Џуди Колинс, A Maid of Constant Sorrow, бил објавен во 1961 година и се состоел од традиционални фолк песни.[6] Нејзина прва песна која се пласирала на топ листите била „Hard Lovin' Loser“ (бр. 97) од нејзиниот петти студиски албум In My Life (1966), но со водечкиот сингл од нејзиниот шести студиски албум Wildflowers (1967), „Both Sides, Now“ (напишан од Џони Мичел) стекнала меѓународна популарност. Синглот се искачил на 8. место на Табелата за поп-синглови од Билборд [7] и на Колинс ѝ ја донел нејзината прва Греми-награда за најдобра фолк-изведба.[8] Потоа следел успехот со нејзините песни „Someday Soon“ (1969), „Chelsea Morning“ (1969; исто така напишана од Џони Мичел), „Amazing Grace“, „Turn! Turn! Turn!“, и „Cook With Honey“.
1970-ти
[уреди | уреди извор]Најголемиот успех во кариерата Џуди колинс го имала со снимањето на песната од Стивен Сондхајм „Send in the Clowns“, која се нашла на нејзиниот десетти студиски албум „Judith (1975).[9] Песната се искачила на 36. место на табелата за поп-синглови на Билборд во 1975 година, а потоа уште еднаш во 1977 година на 19-тото место, и поминала 27 непоследователни недели на листата; за песната била предложена за Греми-награда за најдобра женска поп-вокална изведба, како како и Греми-награда за песна на годината.[10] Judith, исто така, ќе стане нејзин најпродаван студиски албум; RIAA во 1975 година го заверила со златен тираж (за продадени над 500.000 примероци) и платинест тираж во 1996 година (за продадени над 1.000.000 примероци). .
Во јануари 1978 година, Колинс како гостин глумела во The Muppet Show,[11] а исто така, неколкупати се појавила во емисијата за деца Улицата Сезам.[12] Во 1979 година, го објавила нејзиниот дванаесетти студиски албум Hard Times for Lovers, а дополнителен одглас добила со насловната фотографија на која е гола.
Подоцнежна кариера
[уреди | уреди извор]Во 1980-тите, Џоди Колинс ги објавила своите мемоари „Верувај во своето срце“ и романот „Бесрамно“. Колинс продолжила да настапува и снима. На свеченоста за воведувањето во должност на Бил Клинтон во 1993 година, таа ги извела „Amazing Grace“ и „Chelsea Morning“.
Во 2017 година, изведбата на Колинс на песната „Amazing Grace“ била зачувана во Националниот регистар за музички записи при Конгресната библиотека како „културно, историски или уметнички значаен“ музички запис.[13] Истата година, за албумот за Silver Skies Blue со Ари Хест била предложена за Греми-награда за најдобар фолк-албум.[14] Во 2019 година, на 80-годишна возраст, за првпат успеала да стигне до прво место Билбордовата листа за албуми со aлбумот Winter Stories, дует албум со норвешкиот пејач, текстописец и гитарист Јонас Фјелд.[15] Во 2022 г., таа го издала својот прв студиски албум со целосно оригинален материјал, под наслов Spellbound.
Кон крајот на 1990-тите била претставник на УНИЦЕФ[16] и учествувала во кампањи за укинување на нагазните мини.[17]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ William Ruhlmann "Judy Collins – Discography" "AllMusic.com" Retrieved October 30, 2017.
- ↑ O'Byrne, Ellie (2020-01-22). „The songs that matter most to Judy Collins from her 60-year career“. Irish Examiner (англиски). Cork. ISSN 1393-9564. Посетено на 2022-03-08.
- ↑ Kehoe, Patrick (November 29, 2021). „Judy Collins speaks about her love of Irish music“. irishmusicdaily.com.
- ↑ Malkoski, Paul A. (2012). The Denver Folk Music Tradition: An Unplugged History, from Harry Tuft to Swallow Hill and Beyond. The History Press. стр. 52. ISBN 978-1609495329.
- ↑ „Time "Striking a Chord"“. Time.com. Архивирано од изворникот на March 19, 2020. Посетено на August 20, 2021.
- ↑ „Reviews of new albums“. Billboard. November 27, 1961. стр. 28.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Judy Collins“. National Academy of Recording Arts and Sciences. Посетено на January 19, 2021.
- ↑ „JUDY COLLINS“. The Official UK Charts Company. Посетено на December 17, 2021.
- ↑ „Stephen Sondheim“. National Academy of Recording Arts and Sciences. Посетено на January 19, 2021.
- ↑ Garlen, Jennifer C.; Graham, Anissa M. (2009). Kermit Culture: Critical Perspectives on Jim Henson's Muppets. McFarland & Company. стр. 218. ISBN 978-0786442591.
- ↑ Ann, Lolordo (August 13, 1977). „Judy Collins changing styles“. Lodi News-Sentinel.
- ↑ „National Recording Registry Picks Are "Over the Rainbow"“. Library of Congress. March 29, 2016. Посетено на March 29, 2016.
- ↑ „Judy Collins Talks Her First Grammy Nomination in 40 Years: 'I've Been Working All This Time“. Variety.com. Feb 8, 2017. Посетено на October 27, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Roos, John (January 26, 1996). „Taking a Novel Approach; A Grieving Judy Collins Finds Writing a Book Helps the Healing Process“. Los Angeles Times. стр. 30. ProQuest 293262779.
- ↑ Brozan, Nadine (July 9, 1996). „Chronicle“. The New York Times. Посетено на August 1, 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Audio interview with Judy Collins
- Audio interview, Minnesota Public Radio 7 April 2009
- Judy Collins at AllMusic
- Judy Collins discography at Discogs
- Џуди Колинс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Американски пејачи и пејачки од 21 век
- Американски пејачи и пејачки од 20 век
- Американски пејачки од 21 век
- Американски пејачки од 20 век
- Добитници на Греми
- Американци со ирско потекло
- Американски кантри пејачки
- Родени во 1939 година
- Американски пијанисти
- Американски композитори
- Американски гитаристки
- Музичари од Сиетл
- Пејачи од Денвер
- Американски сопрани
- Американски пијанистки
- Американски фолк пејачи
- Американски фолк гитаристи
- Американски кантавторки
- Американски кантри кантавторки