Прејди на содржината

АФК Сандерленд сезона 1935-1936

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во сезоната 1935-1936 Сандрленд имаше многу млади фудбалери,и сите тие со нетрпение го очекуваа почетокот на сезоната со надеж дека Сандрленд ќе стане шампион за шести пат во фудбалската лига .Во текот на оваа сезона Сандрленд имаше многу квалитетни играчи како: Џими Торп Бил Мари Алекс Хал Чарли Томсон Џејмс Кларк Алекс Хејстингс Берт Дејвис Раих Картер Боби Гарни Петси Галагер Џими Конор и ако на стартот од сезоната загубија од актуелниот шампион Арсенал.Но победите над Вест Бромвич, Ман Сити, Вест Бромвич уште еднаш и Стоук Сити го вратија Сандрленд на вистинскиот пат и 30 000 навивачи беа сведоци на демолирањето на Блекбурн во наредното коло со 7-3. Сандрленд играа одлично и кога Арсенал дојде на Рокер парк на 28 декември. Во крајно драматичен меч на крајот црните мачки победија со 5-4.За време на натпреварот против Челзи во февруари 1936 Сандерленд го загуби голманот Џими Торп кој почина на 22 години,4 дена откако беше префрлен во болница по мечот со Челзи.Во болницата било востановено дека страдал од форма на дијабетес. Џони Мепсон на возраст од 19 години требаше да го замени Џими Торп на голот. Мепсон своето деби го направи во одличната победа на Сандрленд над Портсмут од 5-0.Тоа значеше дека тие се многу блиску до 6-тата титула. На Велигден во понеделник Сандрленд го победи Бирмингем со 7-2 и со тоа ја освои шестата титула во Англиската фудбалска лига.Трофејот им беше доделен во следното коло кога Сандрленд го победи Хадерсфилд со 4-3.Тие посигнаа 109 гола на крајот од сезоната а примија 74.Галагер,Гарни и Картер постигнаа заедно 81 гол.Џони Мепсон по мечот со хадерсфилд изјави дека не му пречи што примил три гола кога на другата страна неговите соиграчи дале 4.Со оваа титула Сандрленд и се приклучи на Астон Вила како најуспешни тимови во лигата со по 6 титули.

Завршна табела

[уреди | уреди извор]
P W D L F A GA Pts
1 Сандерленд Сандерленд 42 25 6 11 109 74 1.473 56
2 Дарби Каунти Дарби Каунти 42 18 12 12 61 52 1.173 48
3 Хадерсфилд Хадерсфилд Таун 42 18 12 12 59 56 1.054 48
4 Стоук Сити Стоук Сити 42 20 7 15 57 57 1.000 47
5 Брентфорд Брентфорд 42 17 12 13 81 60 1.350 46
6 Арсенал Арсенал 42 15 15 12 78 48 1.625 45
7 Престон Престон 42 18 8 16 67 64 1.047 44
8 Челси Челси 42 15 13 14 65 72 0.903 43
9 Манчестер Сити Манчестер Сити 42 17 8 17 68 60 1.133 42
10 Портсмут Портсмут 42 17 8 17 54 67 0.806 42
11 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 42 15 11 16 66 64 1.031 41
12 Бирмингем Сити Бирмингем Сити 42 15 11 16 61 63 0.968 41
13 Болтон Болтон 42 14 13 15 67 76 0.882 41
14 Мидлсбро Мидлсбро 42 15 10 17 84 70 1.200 40
15 Вулверхемптон Вулверхемптон 42 15 10 17 77 76 1.013 40
16 Евертон Евертон 42 13 13 16 89 89 1.000 39
17 Гримсби Таун Гримсби Таун 42 17 5 20 65 73 0.890 39
18 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 42 16 6 20 89 88 1.011 38
19 Ливерпул Ливерпул 42 13 12 17 60 64 0.938 38
20 Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј 42 13 12 17 63 77 0.818 38
21 Астон Вила Астон Вила 42 13 9 20 81 110 0.736 35
22 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 42 12 9 21 55 96 0.573 33
Бр. Позиција Играч
Англија ГМ Џими Торп
Англија ГМ Џони Мепсон
Англија ОД Џејмс Кларк
Шкотска ОД Алекс Хол
Шкотска ОД Санди МекНаб
Шкотска ОД Бил Мари
Шкотска ОД Чарли Томпсон
Англија СР Еди Барбанск
Англија СР Раих Картер (капитен)
Шкотска СР Александер Хастингс
Шкотска СР Берт Џонстон
Шкотска НП Џими Конор
Англија НП Берт Дејвис
Англија НП Ли Данс
Шкотска НП Петси Галагер
Англија НП Боби Гарни