Август Фердинанд Мебиус
Август Мебиус August Ferdinand Möbius | |
---|---|
Август Фердинанд Мебиус | |
Роден(а) | 17 ноември 1790 Шулпфорта, Саксонија-Анхалт, Германија |
Починал(а) | 26 септември 1868 Лајпциг | (возр. 77)
Живеалиште | Германија |
Националност | Германец |
Полиња | математика |
Установи | Лајпцишки универзитет |
Образование | Лајпцишки универзитет Гетингенски универзитет Универзитет во Хале |
Докторски ментор | Јохан Пфаф |
Други ментори | Карл Фридрих Гаус Карл Молвајде |
Докторанди | Ото Вилхелм Фидлер |
Други значајни студенти | Херман Ханкел |
Познат по | Мебиусова лента Мебиусови трансформации Мебиусова функција Мебиусова инверзија Мебиус–Канторов график |
Август Фердинанд Мебиус (германски: August Ferdinand Möbius; 17 ноември 1790 – 26 септември 1868) — германски математичар и астрономски теоретичар.
Најпознат е по октривањето на Мебиусовата лента - неориентабилна дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален Евклидов простор. Оваа лента независно ја открил и Јохан Бенедикт Листинг, и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани тетраедри. Мебиус бил првиот математичар што вовел хомогени координати во проективната геометрија.
Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги Мебиусовите трансформации кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со теоријата на броевите, ги осмислил важните математички идеи Мебиусова функција μ(n) и Мебиусовата инверзија. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.[1]
Мебиус е роден во Шулпфорта кај Наумбург Саксонија-Анхалт. По мајчина линија е потомок на прочуениот црковен реформатор Мартин Лутер.[2] Математиката ја изучувал кај истакнатиот математичар Карл Фридрих Гаус и Јохан Пфаф. Починал во Лајпциг во 1868, на возраст од 77 години.
Собрани дела
[уреди | уреди извор]- Gesammelte Werke erster Band (v. 1) (Leipzig : S. Hirzel, 1885)
- Gesammelte Werke zweiter Band (v. 2) (Leipzig : S. Hirzel, 1885)
- Gesammelte Werke dritter Band (v. 3) (Leipzig : S. Hirzel, 1885)
- Gesammelte Werke vierter Band (v. 4) (Leipzig : S. Hirzel, 1885)
Занимливости
[уреди | уреди извор]Во негова чест е именуван кратерот Мебиус на Месечината и астероидот „28516 Мебиус“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)
- ↑ Szpiro, George (2007). Poincaré's Prize: The Hundred-Year Quest to Solve One of Math's Greatest Puzzles. Plume. стр. 66. ISBN 978-0-525-95024-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Август Фердинанд Мебиус“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Август Фердинанд Мебиус — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- А. Ф. Мебиус - Математичка генеалогија (англиски)
- Визуелен приказ на Мебиусовите трансформации (со пишани објаснувања) - YouTube (англиски)
|