Аеродром Лајпциг-Алтенбург
Аеродром Лајпциг-Алтенбург Leipzig-Altenburg Airport Altenburg-Nobitz Airport | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||
Оператор | Flugplatz Altenburg-Nobitz GmbH | ||||||||||
Опслужуван град | Лајпциг и Алтенбург | ||||||||||
Местоположба | Нобиц | ||||||||||
Надморска височина | 639,7 ft / 195 m | ||||||||||
Координати | 50°58′50″N 12°30′36″E / 50.98056° СГШ; 12.51000° ИГД | ||||||||||
Писти | |||||||||||
|
Аеродромот Лајпцит-Алтенбург (IATA: AOC, ICAO: EDAC), до февруари 2008 познат како Аеродром Алтенбург-Нобиц, е германски регионален аеродром во Нобиц, 6 километри југоисточно од Алтенбург и 42 километри јужно од Лајпциг во покраината Тирингија. Тој е вториот најголем аеродром во Тирингија. Во 2007 опслужил скоро 140.000 патници.
Историја
[уреди | уреди извор]Аеродромот кај Алтенбург-Нобиц е еден од најстарите во Германија. Неговите корени може да се следат до 1868, кога областа околу аеродромот била користена како терен за вежби на пешадијата. Во 1881, војводата Ернст Втори од Саксо-Алтенбург се согласил за дополнително проширување на местото за воени цели и во 1909 на местото првпат слетал рана форма на авион; Војводата добил можност да се вози со него и веднаш станал поддржувач на воздухопловството. Две години подоцна во 1911 била одржана изложба на авиони на местата, каде имало и двокрилни мотори, а во јуни 1913 официјално бил основан аеродромот.
Во текот на Првата светска војна, Алтенбург-Нобиц бил главно користен како производствен центар за германското воено воздухопловство. Воената пилотска академија исто така се наоѓала на аеродромот.
По поразот на Германија, инфраструктурата околу аеродромот главно било отстранета во согласност со целите на Версајскиот договор. Местото било оставено во таа состојба до 1930-тите, но по доаѓањето на власт на нацистичката партија, аеродромот бил повторно активиран. Работите започнале во 1936; нови хангари, работилници и касарни биле изградени и била изградена бетонска писта.
Во текот на Втората светска војна, релативната оддалеченост на Алтенбург-Нобиц од главните настани на војната го направиле аеродромот совршено место за тренинзи на Луфтвафе.
Со падот на Третиот Рајх, аеродромот бил освоен од американската војска во април 1945, пред да биде предаден под советска контрола во јули, кога областа потпаднала под влијание на Советите, како последица на постигнатиот договор помеѓу сојузниците. Оттогаш до 1992, Алтенбург-Нобиц бил користен како воена база на советските воздухопловни сили. Исто така бил изграден и антиракетен систем во 1986.
Советското присуство на аеродромот завршило во 1992 со падот на комунизмот. По повторното обединување на Германија била донесена одлука за претворање на аеродромот во јавен и да биде користен како регионален аеродром. По неколку години Ryanair започнал да нуди летови до и од Велика Британија и Шпанија, но овие биле укинати во април 2011. Денес, Лајпциг-Алтенбург (како е сега познат аеродромот) главно е користен за комерцијални цели. Постои и мал воздухопловен музеј, кој ја прикажува историјата на аеродромот.
Авиопревозници и одредишта
[уреди | уреди извор]Моментално не постојат закажани летови до и од Лајпциг-Алтенбург, откако Ryanair заминал во 2011 како последен преостанат авиопревозник.
Статистики
[уреди | уреди извор]Година | Движење на воздухоплови | Патници (закажани летови) | Патници (вкупно) | Товар (тони) |
---|---|---|---|---|
1992 | 920 | 0 | 1.983 | 0 |
1995 | 18.462 | 0 | 19.788 | 0 |
1998 | 17.720 | 0 | 27.016 | 180,2 |
1999 | 17.693 | 0 | 30.044 | 66,2 |
2000 | 17.997 | 0 | 27.764 | 131,9 |
2001 | 16.127 | 0 | 26.868 | 27,9 |
2002 | 19.543 | 0 | 26.811 | 32,1 |
2003 | 16.116 | 51.419 | 71.124 | 20,7 |
2004 | 13.978 | 76.606 | 93.870 | 12,4 |
2005 | 12.601 | 100.956 | 118.252 | 102,7 |
2006 | 12.934 | 90.551 | 105.213 | 10,4 |
2007 | 14.232 | 124.411 | 139.593 | 20,3 |
Несреќи и инциденти
[уреди | уреди извор]На 10 март 2010, Боинг 737-800 на Ryanair, полетан од Лондон-Станстед, Велика Британија при слетувањето во Алтенбург не можел да воспостави радио контакт со кулата и бил пренасочен кон аеродромот Берлин Шенефелд (Германија). По инцидентот било откриено дека поради недоразбирање со распоредот, контролорот на летови не се појавил на работа.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Аеродром Лајпциг-Алтенбург“ на Ризницата ? |
|
|