Ал-Газали
Ал-Газали (Алгазел) الغزالي | |
---|---|
Ал-Газали во арапска калиграфија | |
Звање | Хуџат ал-Ислам (титула)[1] |
Роден | Абу Хумид Мухамед ибн Мухамад ал-Газали 1058 година Тус, Хорасан, Селџучко Царство |
Починал | 19 декември 1111 (53 г.) Тус, Хорасан, Селџучко Царство |
Ал-Газали (полно име: Абу Хумид Мухамед ибн Мухамад ал-Газали أبو حامد محمد بن محمد الغزالي)[2] бил средновековен исламски теолог, правник, филозоф и мистик[3][4] од персиско потекло.[5]
Неговото дело Тахафут ал-Фаласифа ("Некохерентноста на филозофите") било исклучително влијателно при оддалечувањето на средновековната исламска мисла далеку од аристотелизмот, филозофската шпекулација и теолошката дебата, што доведе до евентуален триумф на ашаритската над мутазилитската школа за теолошка мисла. Во рамките на исламската традиција, тој се смета за Муџадид односно обновател на верата[6][7][8] кој според традицијата се појавува еднаш вековно за да ја обнови верата во заедницата. Неговите дела биле толку високо признати од страна на неговите современици што Ал-Газали бил награден со почесната титула "Доказ за исламот" (Хуџат ал-Ислам).[1] Ал-Газали исто така е поврзан со суфизмот и е познат по тоа што иницирал зближување помеѓу исламската православна и суфиска традиција.
Живот
[уреди | уреди извор]Се верува дека датумот на раѓање на ал-Газали - како што е дадено од страна на Ибн ал-Џаузи - е 1058/9 година. Модерните проценки сметаат дека е околу 1056/7, врз основа на одредени изјави во кореспонденцијата и автобиографијата на Ал-Газали.[9]:23–25
Тој е роден во Табаран, град во областа на Тус, Хорасан (денес дел од Иран).:25 Постхумана традиција—чија автентичност е во прашање во последно време—раскажува дека неговиот татко, човек "од персиско потекло", умрел во сиромаштија и го оставил младиот ал-Газали и неговиот брат Ахмад во грижа на Суфите. Современиот и прв биограф на Ал-Газали, 'Абд ал-Гафир ал-Фариси само прибележува дека ал-Газали почна да добива настава по фикх (исламска јуриспруденција) од Ахмад ал-Радакани, локален учител.:26–27
Тој подоцна студирал под ал-Џувајни, истакнат правник и теолог и "најистакнатиот муслимански научник на неговото време",:29во Нишапур, веројатно по период на студирање во Гурган. По смртта на ал-Џувајни во 1085, ал-Газали замина од Нишапур и се приклучи на судот на Низам ал-Мулк, моќен везир на селџуксите султани, кој најверојатно беше сконцентриран во Исфахан. По добивањето на неколку титули како "Сјај на религијата" и "Возвишеност помеѓу верските водачи", Низам ал-Мулк го унапредни ал-Газали во јули 1091 на "најпрестижната и најголемата" низамијска медреса во Багдад.:34
Тој беше подложен на духовна криза во 1095 и следствено на тоа се откажал од својата кариера и го напуштил Багдад, под изговор дека одел на аџилак до Мека. Правејќи договори за неговото семејство, тој го отфрлил своето богатство и усвоил аскетски начин на живот. Според биографот Данкан Б. Макдоналд, целта на воздржувањето од училишната работа беше да се соочи со духовното искуство и пообичното разбирање на "словото и традициите".[10] По некое време во Дамаск и Ерусалим и по посета на Медина и Мека во 1096 година, се вратил во Тус да ги помине следните неколку години во 'узла (изолација). Оваа изолација се состоеше од воздржување од наставата во државно-спонзорирани институции, иако тој продолжил да објавува, да прима посетители и да предава во завијата (приватна медреса) и во текија (суфиски манастир) која тој ја изградил.
Факр ал-Мулк, големиот везир на Ахмад Санџар, вршил притисок на ал-Газали да се врати во Низамија во Нишапут; ал-Газали колебливо капитулирал во 1106, стравувајќи (со право) дека тој и неговите учења ќе се сретнат со отпор и контраверзија.:53–4 Тој подоцна се вратил во Тус и одби покана во 1110 од големиот везир на Мухамед I да се врати во Багдад. Умрел на 19 декември 1111. Според 'Абд ал-Гафир ал-Фариси тој имаше неколку ќерки, но не и синови.:57–59
Школкси афилијации
[уреди | уреди извор]Ал-Газали придонесе значително за развивањето на систематскиот преглед на Суфизмот и неговата интеграција и прифаќање во рамките на редовниот Ислам. Како научник на православниот Ислам, тој припаѓал на шафитската школата за исламското право и на ашеритската школа на теологијата.[11] Ал-Газали се здобил со многу титули, како што се Шараф-ул-А'има (شرف الأئمة), Зајн-уд-дин (زين الدين) и Хуџат-ул-Ислам (حجة الإسلام).
Тој се смета за клучен член на влијателната ашеритска школа на првобитната исламска филозофија и како најважен противник на Мутазилитите. Сепак, тој избра малку поинаква позиција во споредба со Ашеритите; неговите верувања и мисли се разликуваат во некои аспекти од тие на православната ашеритска школа.
Дела
[уреди | уреди извор]Вкупно околу 60 дела можат да се припишат на Ал-Газали.[12]
Некохерентноста на филозофите
[уреди | уреди извор]Неговата книга од 11 век со наслов Некохерентноста на филозофите бележи големи пресврти во исламската епистемологија. Средбата со скептицизмот предводена од ал-Газали доведе до прифаќање на форма на теолошки оказионализам, или верување дека сите причинско-последични настани и интеракции не се производ на материјални врзувања туку на непосредната и присутната Божја Волја.
Ова дело исто така ја одбележа пресвртната точка во исламската филозофија во своите жестоки одбивања на Аристотел и Платон. Книгата ја нападна фаласифата, лабаво дефинирана група на исламски филозофи од 8-ми до 11 век (од кои најважните биле Авицена и Ал-Фараби) која беше интелектуално под влијание на Старите Грци.
Во следниот век, Авероес изработил долго неодобрување на ова дело на ал-Газали наречено Некохерентноста на некохерентноста; сепак, епистемолошкиот тек на исламската мисла веќе била поставена.[13] Ал-Газали го даде како пример за илузијата на независните закони на причините фактот што памукот гори кога доаѓа во контакт со оган. Иако тоа може да изгледа како дело на природниот закон, тоа се случува само затоа што Бог посакал тоа да се случи—настанот е "директен производ на божествената интервенција како и било кое друго чудо". Авероес, од друга страна инсистираше дека додека Бог го создал природниот закон, луѓето "можат покорисно да кажат дека огнот предизвика памукот да изгори, бидејќи создавањето имаше шема која тие можеле да ја забележат."[14] [15][16]
Овој долгогодишен аргумент бил критикуван. Џорџ Салиба во 2007 година тврди дека падот на науката во 11 век бил преценет, укажувајќи на продолжувањето на напредокот, особено во астрономијата сè до XIV век. Од друга страна, Хасан Хасан во 2012 година тврдел дека додека навистина научната мисла во Исламот беше ослабена во 11 век, лицето кое во голема мера е виновно не е Ал-Газали туку Низам ал-Мулк.[17]
Автобиографија
[уреди | уреди извор]Автобиографијата која ал-Газали ја напишал кон крајот на својот живот, Ослободувањето од грешка (المنقذ من الضلال ал-мункид мин ал-далал) се смета за дело од големо значење.[18] Во него, ал-Газали раскажува како откако кризата на епистемолошкиот скептицизам беше решена од страна на "светлина што Бог севишниот ја фрли во моите гради ... клучот за повеќето знаења,"[19]:66 тој студирал и ги совладал аргументите на келамот, исламската филозофија и Исмаилизмот. Иако го почитувал она што беше основно во првите две од овие дела, тој утврдил дека сите три пристапи се несоодветни и имале крајна вредност само во мистичното искуство и увидот (состојбата на пророштво или нубува) кои тој ги добил како резултат на следењето на суфистичките практики. Вилијам Џејмс во Видови на религиозни доживувања смета дека автобиографијата е важен документ за "чисто литературниот студент кој би сакал да се запознае со духовноста на другите религии покрај Христијанството" поради недостатокот на снимени лични верски конфесии и автобиографска книжевност од овој период надвор од христијанската традиција.[20]:307
Оживувањето на верските науки
[уреди | уреди извор]Друго значајно дело на Ал-Газали е Ихја' Улум ал-Дин или Ихја'у Улумидин (Оживувањето на верските науки). Тоа ги опфаќа речиси сите области на исламските науки: фикх (исламска јуриспруденцијата), келам (теологија) и суфизам.
Тоа содржи четири главни делови: Дела на обожување (Руб' ал-'ибадат), Норми на секојдневниот живот (Руб' ал-'адатат), Начините на пропаст (Руб' ал-мухликат) и Начините на спасение (Руб' ал-мунџијат). Ова дело стана најчесто рецитиран исламски текст по Куранот и Хадисот. Неговото големо достигнување е доближувањето на православната сунитска теологија и суфиската мистика заедно во корисен, сеопфатен водич за секој аспект на муслиманскиот живот и смрт.[21] Книгата беше добро примена од страна на исламските научници како што се Навави кој изјави дека: "Ако сите книги на Исламот се загубени, со исклучок само на Ихја', таа ќе биде доволно да ги замени сите."[22]
Газали одново ја напиша Оживувањето на верските науки на персиски за да постигне поголема публика; тој ја објави оваа книга под името Алхемијата на среќата.
Дела на персиски
[уреди | уреди извор]Ал-Газали ги напиша повеќето од неговите дела на арапски и неколку на персиски. Неговото најважно персиско дело е Кимјаје Са'адат (Алхемијата на среќата). Тоа е персиската верзија на Ихја'ул илумудин (Оживувањето на верските науки) на арапски, но пократко дело. Тоа е едно од најдобрите дела од 11 век во персиската литература. Книгата беше објавена неколкупати во Техеран од страна на Хусаин Кадев-џам, познатиот ирански научник. Тоа е преведено на англиски, арапски, турски, урду, азербејџански и други јазици.[23]
Освен Кимја, најславеното дело на ал-Газали е перскиското дело 'Насихатул Мулук (Советувањето на кралевите), напишаон веројатно за Султан Ахмад Санџар ибн Малекшах. Во издание објавено од страна на Џалалудин Хумаји, книгата се состои од два дела од кои само првиот сигурно може да му се припише на ал-Газали. Јазикот на содржината на некои пасуси се слични на Кимјаје Са'адат. Вториот дел се разликува значително во содржината и стилот од добро познатите делата на ал-Газали. Тој содржи приказни за предисламските кралеви на Персија, особено за Аношерван. Насихатул Мулук беше преведена на арапски јазик под наслов ал-Тибр ал-масбук фи насихат ал-мулук (Фалсификуваниот меч во советувањето на кралевите).
Зад-е Акхерат (Одредба за понатамошното) е важна персиска книга, но доби помалку научно внимание. Поголем дел од оваа книга се состои од персискиот превод на една од неговите арапски книги, Бедајат ал-Хедаја (Почетокот на водството). Таа ја содржи во прилог и истата содржина како Кимјаје Са'адат. Книгата е најверојатно напишана во текот на последните години на неговиот живот. Неговите ракописи се во Кабул (Библиотеката на катедрата за печат) и во Лајден.
Панд-нама (Книга на советот) е книга на совети и веројатно му е посветена на Султанот Санџар. Воведот на книгата тврди дека Ал-Газали ја напишал книгата како одговор на одреден цар кој го прашал за совет. Аџ фарзад (O сине!) е кратка книга на совети која ал-Газали ја напиша за еден од неговите ученици. Книгата беше рано преведена на арапски насловена ахујал валад. Друго персиско дело е Хамакати ахли ибахат или Ради ебахија (Осуда на антиномијанците) кое е неговата фатва на персиски илустрирана со Курански стихови и Хадиси.
Фаза'илул ал-анам мин раса'или хуџат ал-Ислам е збирката на писма на персиски кои ал-Газали ги напишал како одговор на кралеви, министри, правници и некои од неговите пријатели откако се вратил во Хорасан. Колекцијата беше собрана од страна на еден од неговите внуци по неговата смрт, поделена на пет секции/поглавја. Најдолгото писмо е одговор на приговорите покренати против него поради неговите изјави во Мишкат ал-Анвар (Нишата на светлината) и ал-Мундик мин ал-далал (Ослободувањето од грешката). Првото писмо е напишо до Султанот Санџар презентирајќи го неговиот изговор за наставата во Низамија во Нишапур; проследено со говорот на Ал-Газали во дворот на Султанот Санџар. Ал-Газали даде импресивен говор кога тој беше однесен во царскиот суд во Нишапур во 1106, давајќи многу влијателни поуки. Султанот беше толку импресиониран што тој му нареди на ал-ГАзали да го запише неговиот говор, така што тој ќе биде испратен до сите улеми во Хорасан и Ирак.
Влијание
[уреди | уреди извор]Ал-Газали имал значително влијание и на подоцнежните муслимански филозофи и на христијанските средновековни филозофи. Маргарет Смит пишува во својата книга Ал-Газали: Мистикот во Лондон (1944): "не може да постои сомневање дека делата на ал-Газали биле меѓу првите кои го привлекле вниманието на овие европски научници" (стр. 220). Потоа, таа нагласува, "најголемиот од овие христијански писатели кој беше под влијание од страна на ал-Газали беше Св. Тома Аквински (1225-1274), кој направил студија на арапски автори и ја призна својата задолженост кон нив откако студирал на Универзитетот во Неапол каде што влијанието на арапската литература и култура беше доминантна во времето." Покрај тоа, интересот на Аквински за исламските студии може да се припише на инфилтрацијата на "латинсккиот Авероизам' во 13 век, особено на Универзитетот во Париз.
Периодот по Газали "се има привремено наречено Златно Доба на арапската филозофија" иницирана од страна на успешната интеграција на Ал-Газали на логиката во исламската семинарска медресна наставна програма.[24]
Ал-Газали исто така одиграл важна улога во интегрирањето на Суфизмот со Шеријатот. Тој исто така бил прв да претстави формален опис на Суфизмот во неговите дела. Неговите дела исто така го зајакнале статусот на сунитскиот Ислам против другите школи. Исмаилизмот неодамна се има појавено во персиските територии и се здоби со сè повеќе и повеќе енергија за време на периодот на ал-Газали, откако Низам ал-Мулк беше убиен од страна на членовите на Исмаилите. Ал-Газали силно ја отфрли нивната идеологија и напиша неколку книги критикувајќи ги Исмаилите кои значително го ослабнале нивниот статус.
Ал-Газали успеа при добивањето на широка прифатеност за Суфизмот на сметка на филозофијата.[25] Во исто време, во неговата рефутација на филозофите тој ги искористил нивните филозофски категории и тоа помогна да им даде поширока циркулација.
Неговите реформи се широко сметани за почетокот на падот на научното истражување во исламскиот свет. Против ова гледиште, Салиба (2007) има дадено голем број на примери особено во однос на астрономските истражувања кои цветале по времето на ал-Газали.[26]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Ал-Газали спомна дека бројот на неговите дела е "поголем од 70" во едно од неговите писма до Султанот Санџар во доцните години од својот живот. Околу 50 дела се со сигурност идентификувани, а неколку стотици дела многу од кои се дупликати како резултат на различни наслови, се спорни или лажни. Традицијатата на лажното припишување на дела на Ал-Газали се зголеми во 13 век, по објавувањето на големиот корпус на дела од Ибн Араби.[12] Библиографии се објавени од страна на Вилијам Монтгомери Ват (Делата кои му се припишуваат на Ал-Газали), Морис Бугјес (Essai de chronologie на работите des oeuvres d 'Al-Ghazali) и други.
Абдел Рахман Бадави подготви сеопфатна библиографија на сите дела кои се припишуваат на Ал-Газали, со вкупно 457 записи:
- 1–72: дела дефинитивно напишани од страна на ал-Газали
- 73–95: дела несигурно препишани на Ал-Газали
- 96–127: дела кои не припаѓаат на ал-Газали со поголема сигурност
- 128–224: се имињата на поглавја или на делови од книгите на ал-Газали кои погрешно се сметаат за негови книги
- 225–273: книги напишани од страна на други автори во однос на делата на ал-Газали
- 274–389: книги на други непознати научници/писатели во однос на животот и личноста на Ал-Газали
- 389–457: имиња на манускрипти на делата на ал-Газали во различни библиотеки низ светот
Неговите главни дела се:
Теологија
- ал-Мундик мин ал-далал (Ослободувањето од грешката)
- Хуџат ал-Хак (Доказ за вистината)
- Ал-Икрисах фи ал-иʿтикад (Умереноста во верувањето)
- ал-максад ал-асна фи шарах асма' Алаху ал-хусна (Најдобар начин на објаснување на убавите имиња на Алах)
- Јавахир ал-Кур'ан ва дурарух (Накитот од Куранот и неговите бисери)
- Фајасл ал-тафрика бајн ал-Ислам ва-л-зандака (Критериум на дистинкцијата помеѓу Исламот и подземното неверие)
- Мишкат ал-Анвар (Нишата за светлината),[27] коментар на Стихот на светлината)
- Тафсир ал-јакут ал-ма'вил
Суфизам
- Мизан ал-'амал (Критериум за акција)
- Ихја e Улум-ед'Дин (Оживување на верските науки)
- Бидајат ал-хидајах (Почетокот на насочувањето)
- Кимија-ји са'адат (Алхемијата на среќата) [резиме на Ихја'ул улум, на персиски]
- Нисихат ал-мулук (Советувањето на кралевите) [на персиски]
- ал-Мункид мин ал-далал (Ослободувањето од грешката)
- Минхаџ ал-'Абидин (Методологија за верниците)
Филозофија
- Макасид ал фаласифа (Цели на филозофите) [напишана на почетокот од неговиот живот, во корист на филозофијата и презентирањето на основните теории на филозофијата, главно под влијание на делата на Авицена]
- Тахафут ал-Фаласифа(Некохерентноста на филозофите), [во оваа книга тој ја побива грчката филозофија, а особено Авицена и Ал-Фараби; и за неа Авероес ја напишал својата позната рефутација Тахафут ал-тахафут (Некохерентноста на некохерентноста)]
- Мијар ал-Илм фи фан ал-Мантик (Критериум на знаење во уметноста на логиката)
- Михак ал-Назар фи ал-мантик (Критериум за резонирањето во логиката)
- ал-Кистас ал-мустаким (Правилната рамнотежа)
Јуриспруденција
- Фатави ал-Газали (Пресуди на ал-Газали)
- Ал-васит фи ал-матаб (Медиумот во јуриспрудентската школа)
- Китаб тахзиб ал-Исул (Правна теорија)
- ал-Мустафа фи 'илм ал-исул (Појаснувања за правната теорија)
- Асас ал-Кијас (Основата на аналогичното расудување)
- Ерусалимскиот тракт.[28]:29
Рецепцијата на неговите дела
[уреди | уреди извор]Според Вилијам Монтгомери Ват, Ал-Газали се сметал себеси за Муџадид (Обновувач) на неговото време. Многу, можеби повеќето, подоцнежни Муслимани се согласиле со ова и според Ват некои дури го сметаат за најголемиот Муслиман по пророкот Мухамед.[29]
Како пример, исламскиот научник ал-Сафади тврди:
„ | Мухамед ибн Мухамед ибн Мухаммад ибн Ахмад, Доказ за Исламот, орнамент на верата, Абу Хамид ал-Туси (ал-Газали), шафитскиот правник, бил во неговите подоцнежни години без соперник.[30] | “ |
и правникот, ал-Јафи' изјави дека:
„ | Тој беше наречен "Доказ за Исламот" и несомнено беше достоен за името, апсолутно сигурен (во однос на верата). Какво олицетворение (тој има дадено), поставувајќи ги основните принципи на религијата: колку од тоа што се повторува тој го сумирал и го олицетворил она што е долго. Колку едноставно објаснување ни дал за тоа што е тешко да се разбере, со кратко објаснување и јасно решение на проблематични проблеми. Тој користеше умереност, тивко но одлучувачки замолчувајќи го противникот, иако неговите зборови биле како остар меч - удар при отфрлувањето на клеветникот и заштитата на патот кон водството.[31] | “ |
Шафискиот правник ал-Субки изјави дека:
„ | "Ако имало пророк по Мухамед, Ал-Газали би бил тој човек".[32][33] | “ |
Сунитскиот научник Ал Дахаби напишал пофалба за Ал Газали: "Ал-Газали, имам и шајк, истакнат научник, Хуџат ал-Ислам, чудото на неговото време, Зајн ал-Дим Абу Хамид Мухамед ибн Мухамед ибн Мухамед ибн Ахмад ал-Туси ал-Шафа' ал-Газали, автор на многу книги и поседувач на извонредна интелигенција. Тој студирал фикх во својот град, а потоа се преселил во Нишапур во друштво на една група ученици. Тој останал со Имам ал-Харамајн и стекнал длабоко познавање на фикх во краток период. Тој стана добро обучен во 'илм ал-калем и дебата, сè додека не станал најдобар дебатер."[34]
Авероес, рационалист, фамозно одговорил дека "да се каже дека филозофите се некохерентни и самото е некохерентна изјава". Авероес во книгата Некохерентноста на некохерентноста се обидел да ги побие погледите на ал-Газали, но неговото дело не беше добро примено во муслиманската заедница.[35]
Според Фирас Алкхатиб: "Кога некој чита дело на Имам ал-Газали на многу површно ниво, може лесно да биде погрешно протолкувано она што тој го кажува како анти-научно во целина. Вистината, меѓутоа, е дека единственото предупредување на ал-Газали кон студентите е да не ги целосно прифатат сите верувања и идеи на научникот едноставно поради неговите достигнувања во наставата по математика и наука. Со издавањето на предупредувањето, ал-Газали всушност го штити научното претпријатие за идните генерации изолаирајќи го од мешањето со теоретска филозофија која би можела да ја разредува самата наука до поле основано само на претпоставка и расудување".[36]
Белешки
[уреди | уреди извор]- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Macdonald, Duncan B. (1899) 'The life of al-Ghazzali', in Journal of the American Oriental Society. 20, p. 122 sqq.
- Laoust, H: La politique de Gazali, Paris 1970
- Campanini, M.: Al-Ghazzali, in S.H. Nasr and O. Leaman, History of Islamic Philosophy 1996
- Campanini, Massimo, Ghazali, in Muhammad in History, Thought, and Culture: An Encyclopedia of the Prophet of God (2 vols.), Edited by C. Fitzpatrick and A. Walker, Santa Barbara, ABC-CLIO, 2014. ISBN 1610691776
- Watt, W. M.: Muslim Intellectual: A Study of al-Ghazali, Edinburgh 1963
- Zwemer, S. M. A Moslem Seeker after God, New York 1920
- Nakamura, K. Al-Ghazali, Encyclopedia of Philosophy
- Dougan, A. The Glimpse. A study of the inner teaching of the Mishkat al-Alwar (The Niche for Lights) by Abdullah Dougan ISBN 0-9597566-6-3
- A comparison between the philosophy of Ghazali and the Copenhagen Interpretation: Harding, Karen (1993). „'Causality Then and Now: al-Ghazali and Quantum Theory'“ (PDF). American Journal of Islamic Social Sciences. 1 (2): 165–177. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-04.
- Watt, W. Montgomery (1953). The Faith and Practice of Al-Ghazali. London: George Allen and Unwin Ltd.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викиизвор има оригинални дела од или за: ел-Газали |
„Ал-Газали“ на Ризницата ? |
- Translation of the Ihya ulum al-din (The Revival of Religious Sciences), Vol 1, Vol. 2, Vol. 3, Vol.4
- Full French text of the Deliverance from error, Préservatif contre l'erreur Архивирано на 6 ноември 2016 г.
- Al-Ghazali website
- Ghazali Series page at the Islamic Texts Society
- The Confessions of al-Ghazali audio on Librivox
- A detailed biography on Imam Ghazzali (450-505H) الغزَّالِي Архивирано на 2 септември 2020 г.
- Дела од или за Ал-Газали на Семрежниот архив
- Ghazali and Islamic reform
- Ghazali and the Revival of Islamic Scholarship Архивирано на 30 јуни 2017 г.
- Full text of Incoherence of the Philosophers, from Al-Ghazali website
- Short commentary on The Alchemy of Happiness
- The Alchemy of Happiness, by Mohammed Al-Ghazzali, the Mohammedan Philosopher, trans. Henry A. Homes (Albany, N.Y.: Munsell, 1873). See original text in The Online Library of Liberty Архивирано на 18 мај 2013 г..
- "Al-Ghazali Contra Aristotle: An Unforeseen Overture to Science In Eleventh-Century Baghdad". Richard P. Aulie. PSCF 45. March 1994. pp. 26–46.
- Review of Ghazali's Tahafat al-Falasifa
- Abu Hamid Al-Ghazali Архивирано на 15 април 2012 г., in http://www.intellectualencounters.org/ Архивирано на 15 април 2012 г.
- (француски) Profession de Foi de l'Imam Al Ghazali
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Hunt Janin, The Pursuit of Learning in the Islamic World, p. 83. ISBN 0786419547
- ↑ "Ghazali". Collins English Dictionary.
- ↑ „Ghazali, al-“. The Columbia Encyclopedia. Посетено на 17 December 2012.
- ↑ Ludwig W. Adamec (2009), Historical Dictionary of Islam, p.109. Scarecrow Press. ISBN 0810861615.
- ↑ http://www.ibe.unesco.org/fileadmin/user_upload/archive/Publications/thinkerspdf/ghazalif.pdf Архивирано на 26 декември 2017 г., « Al-Ghazali est né en 450 de l’Hégire, soit 1058 de l’ère chrétienne, dans la ville de Tus (Khorassan) ou dans un des villages avoisinants, au sein d’une famille persane de condition modeste... »
- ↑ Jane I. Smith, Islam in America, p. 36. ISBN 0231519990
- ↑ Dhahabi, Siyar, 4.566
- ↑ Willard Gurdon Oxtoby, Oxford University Press, 1996, p 421
- ↑ Griffel, Frank (2009). Al-Ghazālī's Philosophical Theology. Oxford: Oxford University Press. ISBN 9780195331622.
- ↑ Nicholson, Reynold Alleyne. (1966). "A literary history of the Arabs". London: Cambridge University Press. p. 382.
- ↑ R.M. Frank, Al-Ghazali and the Ashʿarite School, Duke University Press, London 1994
- ↑ 12,0 12,1 "about five dozen authentic works, in addition to which some 300 other titles of works of uncertain, doubtful, or spurious authorship, many of them duplicates owing to varying titles, are cited in Muslim bibliographical literature. [...] Already Ebn Ṭofayl (d. 581/1185, q.v.) observed that Ḡazālī wrote for different audiences, ordinary men and the elite (pp. 69-72), and Ḡazālī himself completed the rather moderate theological treatise, Eljām al-ʿawāmmʿan ʿelm al-kalām “The restraining of ordinary men from theology,” in the last month before his death" Encyclopedia Iranica.
- ↑ Craig, William Lane (2001). The cosmological argument from Plato to Leibniz. Eugene, OR.: Wipf and Stock. стр. 89. ISBN 978-1579107871.
- ↑ Kadri, Sadakat (2012). Heaven on Earth: A Journey Through Shari'a Law from the Deserts of Ancient Arabia . macmillan. стр. 118–9. ISBN 9780099523277.
- ↑ For al-Ghazali's argument see The Incoherence of the Philosophers. Translated by Michael E. Marmura. 2nd ed, Provo Utah, 2000, pp.116-7.
- ↑ For Ibn Rushd's response, see Khalid, Muhammad A. ed. Medieval Islamic Philosophical Writings, Cambridge UK, 2005, p.162)
- ↑ Hasan Hasan, How the decline of Muslim scientific thought still haunts Архивирано на 22 јуни 2017 г., The National, 9 February 2012.
- ↑ Böwering, Gerhard. „ḠAZĀLĪ“. Encyclopædia Iranica. Посетено на 17 December 2012.
- ↑ McCarthy, Richard Joseph (1980). Freedom and fulfillment: "al-Munqidh min al-Dalal" and other relevant works. Boston: Twayne. ISBN 0805781676.
- ↑ James, William (2012). Bradley, Matthew (уред.). The Varieties of Religious Experience. Oxford Univ Press. ISBN 9780199691647.
- ↑ Hunt Janin, The Pursuit of Learning in the Islamic World 610-2003, p 83. ISBN 0786429046
- ↑ Joseph E. B. Lumbard, Islam, Fundamentalism, and the Betrayal of Tradition: Essays by Western Muslim Scholars, p. 291. ISBN 0941532607
- ↑ Translated into English by Mohammed Asim Bilal and available at archive.org
- ↑ "Ghazâlî had successfully introduced logic into the madrasa (though it was studied in other venues as well (Endress 2006)). What happened to it after this time was the result of the activities of logicians much more gifted than Ghazâlî. This period has tentatively been called the Golden Age of Arabic philosophy (Gutas 2002). It is in this period, and especially in the thirteenth century, that the major changes in the coverage and structure of Avicennan logic were introduced; these changes were mainly introduced in free-standing treatises on logic. It has been observed that the thirteenth century was the time that “doing logic in Arabic was thoroughly disconnected from textual exegesis, perhaps more so than at any time before or since” (El-Rouayheb 2010b: 48–49). Many of the major textbooks for teaching logic in later centuries come from this period. [...] For all his historical importance in the process of introducing logic into the madrasa, the logic that Ghazâlî defended was too dilute to be recognizably Farabian or Avicennan." Tony Street (July 23, 2008). „Arabic and Islamic Philosophy of Language and Logic“. Stanford Encyclopedia of Philosophy. Посетено на 2008-12-05.
- ↑ Sells, Michael Anthony (1996). Early Islamic Mysticism: Sufi, Qurʼan, Miraj, Poetic and Theological Writings. New York: Paulist. ISBN 9780809136193.
- ↑ "Many orientalists argue that Ghazali's Tahafut is responsible for the age of decline in science in the Muslim World. This is their key thesis as they attempt to explain the scientific and intellectual history of the Islamic world. It seems to be the most widely accepted view on the matter not only in the Western world but in the Muslim world as well. George Saliba, a Professor of Arabic and Islamic Science at Columbia University who specializes in the development of astronomy within Islamic civilization, calls this view the "classical narrative" (Saliba, 2007)." Aydin, Nuh. „Did al-Ghazali kill the science in Islam?“. Архивирано од изворникот на 2015-04-30. Посетено на 23 February 2014.
- ↑ „The Mishkat al-Anwar of al-Ghazzali Index“.
- ↑ At the insistence of his students in Jerusalem, al-Ghazali wrote a concise exposition of Islam Khalidi, Walid; Khalidi, commentary by Walid (1984). Before their diaspora : a photographic history of the Palestinians, 1876-1948. Washington, D.C.: Institute for Palestine Studies. ISBN 0887281435. Архивирано од изворникот на 2018-03-02. Посетено на 2018-02-27.
- ↑ William Montgomery Watt, Al-Ghazali: The Muslim Intellectual, p. 180. Edinburgh: Edinburgh University Press, 1963.
- ↑ al-Wafa bi'l wafayat, p. 274 - 277. Also see Tabaqat al-Shafiyya, subki, 4, 101.
- ↑ Margaret Smith, Al-Ghazali, The Mystic, p. 47
- ↑ Tabaqat al-Shafi’iyyah al-Kubra, Cairo, 1324/1906, Vol. IV, p. 101
- ↑ Margaret Smith, Al-Ghazali, The Mystic, p. 48
- ↑ Al-Dhahabi. Siyar A’laam al-Nubala’. 9. Lebanon: Dar Al-Hadith. стр. 323.
- ↑ Menocal, Maria Rosa (29 November 2009). „The Ornament of the World: How Muslims, Jews, and Christians Created a Culture of Tolerance in Medieval Spain“. Little, Brown.
- ↑ „Al-Ghazali and the Revival of Islamic Scholarship“. 22 May 2013. Архивирано од изворникот на 2017-06-30. Посетено на 2018-02-05.