Ана Политковскаја
Ана Политковскаја Анна Политковская | |
---|---|
Роден/а | 30 август 1958 Њујорк, САД |
Починат/а | 7 октомври 2006 Москва | (возр. 48)
Занимање | новинар, автор |
Националност | руско и американско државјанство |
Апсолвент на | Московски државен универзитет Ломоносов |
Период | 1982–2006 |
Предмет | Политика, Човекови права, слобода на медиумите |
Значајни дела | Путинова Русија |
Значајни награди | Amnesty International Global Award for Human Rights Journalism 2001 |
Ана Степановна Политковскаја (30 август 1958 - 7 октомври 2006) — руска новинарка и заштитник на човековите права, позната по својата критична позиција кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, како и со своите воени репортажи од Чеченија и Северен Кавказ, кои раскажуваат како руските војници се однесувале со мирното население таму. На 7 октомври 2006 година таа била застрелана во лифтот пред станот во кој живела. Нејзиното убиство предизвикало силни реакции во целиот свет [1]. Според некои, тоа било по нарачка на руските власти.
Посмртно Ана Политковскаја е добитничка на престижната награда за слобода на печатот во светот „Гуљелмо Кано“ за 2007 година, што ја доделува УНЕСКО. Наградата посмртно била доделена за првпат. Политковскаја е позната особено според извештаите за воените случувања во Чеченија, како колумнист на дневникот „Новаја Газета“, а нејзината работа била призната ширум светот. Помеѓу бројните награди што ги добила е и „Златно перо на Русија“ и специјалното признание на жирито на наградата „Андреј Сахаров“, „За жртвување на животот за новинарството“.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Published in Russia after her death on the Novaya gazeta website "Новая газета" Путинская Россия[мртва врска]
|