Прејди на содржината

Ана Фарис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Фарис
Роден(а)Ана Кај Фарис
29 ноември 1976(1976-11-29)(48 г.)
Балтимор, Мериленд, САД
Алма матерВашингтонски универзитет
Занимање
  • Глумица
  • продуцент
Активен период1991–сè уште
Сопружник
Деца1 (син)

Ана Кај Фарис[1] (родена на 29 ноември 1976 г.)[1] — американска глумица и продуцентка. Таа е главно препознатлива по нејзините комични улоги во бројни филмски комедии низ кариерата.

Нејзиниот пробив се случил со улогата на Синди Кемпбел во Страшен филм (2000), која предизивикала филмска франшиза. Таа се појавила во следните три продолженија на филмот, последен пат глумејќи во четвртото продолжение, издадено во 2006 година. Таа станала периодичен лик во ТВ серијата Пријатели за време на последната сезона во 2004 година. Во еден период од нејзината кариера, таа играла споредни улоги во драмски филмови како Изгубени во преводот (2003) и Кршенгрб Планина (2005), а исто така глумела и во бројни комедии, вклучувајќи ги Жешка женска (2002), Келнери (2005), Само пријатели (2005), и Мојата супер поранешна (2006). Таа добила пофални критики за улогата во црната комедија Насмеано лице (2007) а потоа глумела главна улога во Плејбој-тематскиот филм Куќна зајачица (2008), улога која и донела номинација за МТВ филмска награда за најдобар комичен настап.

Во 2009 година, таа играла улоги во филмските комедии Често поставувани прашања за патување низ времето и Набљудувај и извести, и исто така играла гласовни улоги во анимираните филмови Облачно со врнежи од ќофтиња и Алвин и верверичките: Второ цивкање (таа продолжила да го позајмува гласот и во продолженијата на двата филма). Таа глумела и била ко-продуцент на комедијата Кој е твојот број? (2011), по што следувале улоги во политичката сатира Диктатор (2012), и романтичната комедија Им давам година (2013). Фарис ја игра Кристи Планкт во ТВ серијата Мама од 2013 година, улога која и донела позитивни критики и две номинации за наградите Избор на публиката.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Таа започнала врска со глумецот Бен Индра кусо откако тие се запознале на снимањето на филмот Пат на љубовници.[2] Тие се венчале во јуни 2004 година.[3] Фарис побарала развод во 2007 година наведувајќи ненадминливи разлики.[4] Како дел од нивниот договор за развод, кој бил комплетиран во февруари 2008 година, таа се согласила да му плати на Индра 900,000 долари покрај останатиот имот и хонорари.[5]

Фарис го запознала глумецот Крис Прат на почетокот на 2007 година во Лос Анџелес пред снимањето на филмот Одведи ме дома вечерва; во филмот, нивните ликови се сакаат. Тие започнале врска кусо потоа, се вериле на крајот на 2008 година,[6] и се венчале на 9 јули 2009 година, со мала свеченост на Бали, Индонезија.[7] Тие имаат син, Џек, кој се родил во 2012 година; тој е роден девет недели порано и поминал еден месец на интензивна нега пред да биде пуштен дома.[8][9] Семејството живее во Холивуд Хилс, Лос Анџелес.[10][11]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Белешки
1996 Рај Дити
1999 Пат на љубовници Џанел Беј
2000 Страшен филм Синди Кемпбел
2001 Страшен филм 2 Синди Кемпбел
2002 Меј Поли
2002 Жешка женска Ејприл
2003 Зимска пауза Жастин
2003 Изгубени во преводот Кели
2003 Страшен филм 3 Синди Кемпбел
2005 Јужни убавини Бел
2005 Келнери Серена
2005 Кршенгрб Планина Лашон Малоун
2005 Само пријатели Саманта Џејмс
2006 Страшен филм 4 Синди Кемпбел
2006 Мојата супер поранешна Хана Луис
2006 Виновни срца Џејн Конели
2007 Насмеано лице Џејн Ф.
2007 Мамин син Нора Фланаган
2008 Куќна зајачица Шелеј Дарлингтон Исто и продуцент
2008 Спленектомија Даниеле/ Д-р. Филдс Краткометражен филм
2009 Често поставувани прашања за патување низ времето Каси
2009 Набљудувај и извести Бранди
2009 Облачно со врнежи од ќофтиња Сем Спаркс Гласовна улога
2009 Алвин и верверичките: Второ цивкање Жанет Гласовна улога
2010 Мечето Јоги Рејчел Џонсон
2011 Одведи ме дома вечерва Венди Френклин
2011 Кој е твојот број? Али Дарлинг Исто и извршен продуцент
2011 Алвин и верверичките: Урнебесен бродолом Жанет Гласовна улога
2012 Диктатор Зои
2013 Филм 43 Џули Дел: The Proposition
2013 Им давам година Клои
2013 Облачно со врнежи од ќофтиња 2 Сем Спаркс Гласовна улога
2015 Алвин и верверичките: Големото патешествие Жанет Гласовна улога
2016 Кијану Себеси Камео улога

Телевизија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Белешки
1991 Измама: Тајната на мајката Лиз ТВ филм
2002
2004
Крал на брдото Лиза Гласовна улога
2 епизоди
2004 Пријатели Ерика 5 епизоди (сезона 10)
2005 Сини неба Сара ТВ филм
2007 Свита Себеси 3 епизоди
2013–2020 Мама Кристи Планкет Главна улога
  1. 1,0 1,1 „Anna Faris Biography (1976–)“. Filmreference.com. Посетено на October 14, 2010.
  2. „Bustle“. bustle.com.
  3. „Anna Faris and Chris Pratt talk about falling in love on the set of their new movie“. ABC7 Los Angeles.
  4. Finn, Natalie (April 3, 2007). „Scary Movie's Faris Haunted by Divorce“. E! Online. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 2016-09-17.
  5. „Anna Faris Finalizes Divorce“. People (magazine). February 19, 2008. Архивирано од изворникот на March 29, 2011.
  6. Garcia, Jennifer; Cedenheim, Pernilla (January 29, 2009). „Anna Faris Gets Engaged!“. People (magazine). Time Inc. Архивирано од изворникот на November 25, 2011. Посетено на August 12, 2015. 'They got engaged late last year,' says the rep.
  7. Garcia, Jennifer (August 12, 2009). „Anna Faris Is Married!“. People. Архивирано од изворникот на March 28, 2011. Посетено на October 9, 2011.
  8. Garcia, Jennifer (August 25, 2012). „Anna Faris Welcomes a Baby Boy“. People (magazine). Архивирано од изворникот на June 30, 2015. Посетено на August 25, 2012.
  9. Lew, Janine (December 6, 2014). „Chris Pratt Shares His Son's Premature Birth Story at March of Dimes Celebration of Babies“. Variety. Посетено на December 7, 2014.
  10. „Anna Faris, Chris Pratt's $3.3 Million Hollywood Hills Home (House of the Day)“. AOL Real Estate Blog.
  11. „Chris Pratt Home - Pictures“. Refinery29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]