Прејди на содржината

Англиски нереди (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англиски нереди 2011
[[File:|250px|alt=|]]
Датум6-10 август

Нередите во Англија се нереди кои започнале на 6 август 2011 година во лондонскиот кварт Тотенхем и завршиле на 11 август истата година. Како причина за нередите било убиството на Марк Даган при неговото апсење. Нередите биле проследени со насилство, грабежи и опожарување на продавниците и автобусите.

Во ноќта на 6 август 2011 година избувнале нереди во кои биле запалени две полициски возила и двокатен автобус. Според очевидци, околу 400 до 500 луѓе дивееле по улиците во Тотенхем, потоа ги блокирлае сите полициски станици, по што полицијата испратила засилување во тој дел од градот. Британските медиуми јавувиле дека во нападите биле повредени осум полицајци. За справување со демонстрантите, полицијата интервенирала со специјалните сили[1].

На 8 август 2011 година немири и грабежи се случиле во Бирмингем, Ливерпул, Нотингем, Бристол и Медвеј[2][3][4][5]. Повеќе од 1.100 лица биле уапсени од почетокот на нередите,[6].

Во одговор на инцидентите, премиерот Дејвид Камерон, Министерот за внатрешни работи Тереза ​​Меј, градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и водачот на опозицијата Ед Милибанд го прекинале својот одмор и се вратиле во Лондон. Тоа беше најавено дека Парламентот ќе заседава на 11 август за настанатата ситуацијата[7].

Така, започнувајќи од 15 август, околу 3.100 лица биле уапсени, од кои повеќе од 1.000 биле обвинети. Вкупно биле издаени 3.443 пријави за кривични дела во Лондон.

Од немирите загинале пет луѓе, а најмалку 16 биле повредени. Се проценува дека од нередите била направеба имотна штета од £ 200,000,000.

  1. „Повеќе од 40 уапсени по нередите во Лондон“. Посетено на 2011-08-10.[мртва врска]
  2. „Violence, rioting and looting breaks out across England“. BBC News. 9 August 201. Посетено на 9 August 2011.
  3. „Chapeltown shooting: Police tackle 'pockets of disorder'. BBC News. 9 August 2011. Посетено на 9 August 2011.
  4. „Cars set alight during disturbances in Medway towns“. BBC News. 9 August 2011. Посетено на 9 August 2011.
  5. „Unrest spreads to Leeds and Birmingham“. Channel4.com. 9 August 2011. Посетено на 9 August 2011.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име guardian5.
  7. Danica Kirka & Jill Lawless. „UK PM Recalls Parliament as London Continues to Burn“. Jakarta Globe. Посетено на 10 August 2011.