Прејди на содржината

Аница Карговска-Клисарова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аница Карговска-Клисарова
Родена Аница Димкова
30 јануари 1933(1933-01-30)(91 г.)
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање анатом

Аница Карговска-Клисарова (моминско: Димкова; р. 30 јануари 1933 во Скопје) — македонска универзитетска професорка и анатом.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Аница Карговска-Клисарова дипломирала медицина во Скопје во 1961 година, а докторирала во Белград за супракоронарните миокардни снопови и нивното влијание на коронарните артерии (1972 г.). Ги истражувала типовите на дистрибуција на коронарните артерии и развојните малформации на срцето. Била шеф на Катедрата по анатомија и директор на Институтот за анатомија (1988-1998).[1]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Караџов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 676. Text "series " ignored (help)