Прејди на содржината

Аргентинско Море

Координати: 46°S 63°W / 46° ЈГШ; 63° ЗГД / -46; -63
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аргентинско Море
Mar Argentino
Аргентинското Море кај атлантскиот брег на Аргентина
ПодрачјеИсточен брег на Аргентина
Координати46°S 63°W / 46° ЈГШ; 63° ЗГД / -46; -63
Дел одЈужен Атлантски Океан
Речни извориРио де ла Плата, Колорадо, Рио Негро, Чубут, Десеадо
Сливни земјиАргентина, Уругвај, Чиле
Површина&100000000000000010000001,000,000 км2
ОстровиФолкландски Острови, Огнена Земја

Аргентинско Море (шпански: Mar Argentino) — море на континенталниот праг кај источниот атлантски брег на Аргентина.

Географија

[уреди | уреди извор]

Морето е сместено во Јужниот Атлантски Океан кај југоисточниот брег на Аргентина, протегајќи се од напоредникот на Монтевидео (Уругвај) на југ до Огнена Земја, 800 км северно Антарктикот. Зафаќа површина од 1.000.000 км2[1] и со тоа е едно од најголемите мориња на светот. Просечната длабочина изнесува 1.205 м, а најголемата е 2.224 м. Соленоста е 3,5 %.[1]

Морето постепено се шири на југ, наспроти стеснувањето на континенталната маса.[1] Морската платформа има низа висорамнини кои на исток се спуштаат во облик на големи тераси или скалила. Поради скалестите висорамнини, Аргентинското Море е морфолошки слично на вонандска Патагонија. Фолкландските Острови исто така се сместени на континенталниот праг на Аргентинското Море.

Територијален спор

[уреди | уреди извор]

Согласно законот бр. 23968 територијалните води на Аргентина се протегаат 22 км (12 морски милји) од линијата на заливите Сан Матијас и Сан Хорхе до надворешната граница на устието на Рио де ла Плата. Подрачјето се протега 12 морски милји по територијалните води, а исклучивата економска зона оди 370 км (200 морски милји) вон него. Континенталниот праг до протега од границата на економската зона или пак гребенската падина. Аргентина ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата на ООН за морското право.

Исклучивата економска зона на која полага право Аргентина се поклопува со онаа на Обединетото Кралство (Фолкландските Острови) и слични британски полагања околу Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови. Според британското полагање, границата почнува од точката меѓу Аргентина и островите на запад, па се протега 200 морски милји во други правци, со слични полагања околу другите британски прекуморски територии.[2]

Аргентина еднострано прогласила сопственост на територијата без консултации со Британија, иако Обединетото Кралство успешно управува со подрачјето преку 180 години. Од 1990 до 2005 г. риболовот и рударството во зоната биле под управа на заеднички аргентинско-британски комисии, но Аргентина еднострано ја напуштила оваа уредба и почнала со агресивно залагање за нејзиното право на Фолкандските Острови. Аргентина официјално имала едно патролно пловило во неспорните аргентински води,[3] и нејзините бродови не влегуваат во британската економска зона, иако познато е дека рибарските бродови од фолкландска страна на повеќе наврати трпеле закани од аргентински воени бродови по радиостаница.[4]

Според одредбите на Член 59 од конвенцијата на ООН, спорните полагања не се правосилни додека двете страни не го решат спорот.

Биоразновидност

[уреди | уреди извор]

Аргентинското Море се вбројува во најумерените подрачја на светот. Од југ поминува Фолкандската струја, која доаѓа од Антарктикот, а од север доаѓа Бразилската струја.[5]

Во морето има дванаесет области на значајна биоразновидност. Меѓу нив се две меѓународни заштитени подрачја, едно државно и осумнаесет покраински.[5]

Во морето се застапени планктоните, алгите, раковите, сардините и сарделите. Тие се храна за вишите жители на морето како пингвините, кормораните, ајкулите, китовите, делфините, аргентинските морски свињи, крзнените фоки, морските лавови и јужни морски слонови.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Mar Argentino“ [Argentine Sea]. Red Argentina. Архивирано од изворникот на October 4, 2012. Посетено на June 10, 2012.
  2. http://www.dur.ac.uk/resources/ibru/south_atlantic_maritime_claims.pdf
  3. http://bigstory.ap.org/article/outlaw-fleet-scoops-squid-argentine-waters
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-24. Посетено на 2018-01-15.
  5. 5,0 5,1 Екорегион Аргентинско Море Архивирано на 5 ноември 2013 г. Архивирано на 5 ноември 2013 г. (шпански)