Аркона
Аркона (германски: Kap Arkona) — ’рт на островот Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија во северна Германија.
Словенски град
[уреди | уреди извор]Помеѓу 7-12 век, на ’ртот постоел средновековниот град Аркона, кој бил престол на кнежевството на балтичките Словени - Рујани. Градот бил тешко утврден и претставувал политички и верски центар на околните словенски племиња.
Иако имало поголем број храмови во градот, најважен и најголем бил тој на богот Световид. Во храмот стоел и негов идол, прикажан со четири глави, носејќи рог во едната рака, а меч во другата. Исто така, тука се наоѓало и важно пророчиште, каде што се одлучувало за мирот и војната преку однесувањето на бел пастув кој се наоѓал во храмот. Словените верувале дека Световид одел во битка јавајќи бел коњ. Храмот бил почитуван и од туѓи владетели. На пример, данскиот крал Свен Отон испратил златни садови за храмот како подарок.
Во 1168 г. градот бил уништен од страна на данскиот крал Валдемар I и епископот Абсалон. Околните словенски племиња биле изложени на насилна христијанизација.
Други споменици
[уреди | уреди извор]На ’ртот постојат и два стари светилника, едниот изграден во 1827, а другиот во 1902. Овие се едни од најстарите светилници кои сѐ уште постојат на Балтичкото Море.
„Аркона“ на Ризницата ? |
|