Прејди на содржината

Банги

Координати: 4°22′N 18°35′E / 4.367° СГШ; 18.583° ИГД / 4.367; 18.583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Банги
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Central African Republic" does not existЛокација на Банги во ЦАР
Координати: 4°22′N 18°35′E / 4.367° СГШ; 18.583° ИГД / 4.367; 18.583
Држава ЦАР
Основан1889
Површина
 • Вкупна67 км2 (26 ми2)
Надм. вис.&10000000000000369000000369 м
Население (2012)[1]
 • Вкупно734.350[1]

Банги е главен и најголем град во Централноафриканската Република. Мнозинството од населението на оваа република живее во западните делови од државата, близу Банги.

Банги се наоѓа на северните брегови на реката Убанги, по серија од брзаци кои го ограничуваат водениот сообраќај. Реката Убанги свртува остро на југ под Банги и се влева во реката Конго, јужно од екваторот близу Бразавил, како една од главните северни притоки. Реката ја обележува границата помеѓу Централноафриканската Република и Демократската Република Конго. Конговскиот град Зонго е сместен на спротивната страна од Банги, на другиот брег од реката.

Градскиот центар лежи близу реката и во него се наоѓаат големата триумфална арка посветена на Бокаса, Претседателската Палата и централниот маркет.

Банги бил основан во 1889 година во она што тогаш било француска колонија Горен Убанги, подоцна преименувана во Убанги-Шари, дел на Француска Екваторска Африка.

Универзитетот во Банги, основан во 1970 година има околу 2900 студенти и го монополизира неземјоделското факултетско образование во Централноафриканската Република.

  1. 1,0 1,1 „Bangui“. World Gazetteer. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 30 March 2013.