Барајќи го Ерик
„Барајќи го Ерик“ (англиски: Looking For Eric) — британско-италијанско-белгиско-француско-шпански филм од 2009 година, во режија на Кен Лоуч (Ken Loach), додека автор на сценариото е Пол Лаверти (Paul Laverty). Главните улоги ги играат: Стив Еветс (Steve Evets), Ерик Кантона (Eric Cantona), Стефани Бишоп (Stephanie Bishop), Џерард Кирнс (Gerard Kearns), Стефан Гамбс (Stefan Gumbs) и Џон Хеншо (John Henshaw). На Канскиот фестивал, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ за режија. Во филмот, Лоуч ги комбинира магичниот реализам и грубата стварност. Притоа, фантазијата никогаш не ја презема контролата, туку таа е прикажана со реалистични средства.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Ерик Бишоп (го игра Еветс) и Ерик Кантона (се глуми самиот себеси) имаат само една заедничка црта — името, но затоа пак Кантона е најголемиот животен идол на Ерик. Ерик, кој работи како поштар, и сите негови колеги се страсни навивачи на Манчестер Јунајтед, но освен навивањето, во неговиот живот нема никаква радост, па дури размислува и да изврши самоубиство. Ерик живее со двајцата посвоени синови, Рајан (го игра Кирнс) и Џеси (го игра Гамбс), а неговата поранешна сопруга е в затвор. Од првиот брак има ќерка, која пак има вонбрачно дете иако нема матурирано, а Ерик сè уште страда по својата голема љубов, првата жена Лили (ја игра Бишоп). Рајан и Џеси не работат ништо, туку по цел ден слушаат музика, скитаат или гледаат порно-филмови. Рајан се заплеткува во лошо друштво, а матните работи со гангстерите го ставаат неговиот живот во опасност. Еднаш, колегата на Ерик, Митболс (го игра Хеншо) го наговара друштвото да го следат упатството од прирачникот и да се идентификуваат со некоја личност која ќе ја замислат. Така, Ерик го замислува Кантона, а додека вежба во својот дом, тој разговара со постерот на Кантона, но наскоро во собата се појавува вистинскиот Кантона. Полека, со помош на познатиот фудбалер, Ерик започнува да го средува животот, а тоа подразбира и војна со гангстерите...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Филмови на англиски јазик
- Француски филмови
- Британски филмови
- Италијански филмови
- Белгиски филмови
- Шпански филмови
- Филмови од 2009 година
- Филмови на Кен Лоуч
- Филмови со Стив Еветс
- Филмови со Ерик Кантона
- Филмови со Стефани Бишоп
- Филмови со Џерард Кирнс
- Филмови со Стефан Гамбс
- Филмови со Џон Хеншо
- Филмови чие дејствие се одвива во Манчестер
- Филмови за дисфункционални семејства