Бајково
Бајково | |
Координати 41°25′0″N 22°55′59″E / 41.41667° СГШ; 22.93306° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27006 |
Надм. вис. | 678 м |
Бајково на општинската карта Атарот на Бајково во рамките на општината | |
Бајково — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Оваа периферна населба се наоѓа на крајниот источен дел на Струмичко Поле и припаѓа на Општината Ново Село, чиј атар се допира со државната гранична линија со Република Бугарија. Населбата е ридска, на надморска височина од 345 метри. Од патот Струмица-Ново Село-граничен премин, населбата е оддалечена 2,5 км, а од градот Струмица 30 км.
Историја
[уреди | уреди извор]Според легендата, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место. Првпат селото се споменува во пописот на населението од 1519 г.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 8,1 км2. На него најголема површина заземаат шумите со 469,6 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 248,8 ха, а на пасиштата отпаѓаат 56,3 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според првит попис од 1519 година спроведен од османлиската власт. Тогаш селото имало 39 христијански семејства, тројца неженети и десет вдовици. Пред Балканските војни (1912-1913), Бајково било дел од Петричката околија.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]
Според пописот од 1971 година, селото имало 272 жители. Набргу потоа дошло до масовно иселување на населението, особено во новооснованото село Самоилово. Според пописот од 2002 година, во Бајково живее само едно семејство со двајца жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 2 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 200 | 201 | 232 | 283 | 273 | 65 | 11 | 5 | 2 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бадолен.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Среде село се наоѓа бунар, каде што луѓето порано масовно се собирале. Во селото се наоѓаат црквата „Св. Петка“, изградена 1910 година и Бајковскиот манастир „Св. Петар и Павле“, изграден 1943, а реновиран 1986 година. Населението се враќа во селото за време на верските празници Петровден (12 јули) и Петковден (27 октомври).
Личности
[уреди | уреди извор]- Илија Костадинов (1888 - 1933) — револуционерен деец на МРО
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 16.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|