Прејди на содржината

Бањскиот гостин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бањскиот гостин (германски: Kurgast - Aufzeichnungen von einer Badener Kur) е роман на Херман Хесе.

Содржина

[уреди | уреди извор]

„Бањскиот гостин“ е краток автобиографски роман во кој Хесе го опишува својот престој во швајцарската бања Баден, со цел да се лечи од ишијас и гихт. Романот се состои од следниве делови:[1]

  • Предговор
  • Бањскиот гостин
  • Дневното движење
  • Холанѓанецот
  • Обесхрабреност
  • Закрепнување
  • Осврт

За романот

[уреди | уреди извор]

Романот „Бањскиот гостин“ претставува најважно автобиографско дело на Хесе. Романот е посветен на браќата Јозеф и Ксавер Марквалдер.[2] За ова дело, самиот Хесе во октомври 1923 година, непосредно по завршувањето на овие записи, изјавил дека станува збор за „мојата најлична и најсериозна книга, зад полушеговитата фасада.“ Овие записи за првпат биле објавени во списанието „Neue Rundsschau“, со наслов „Психологија на бањите“ (Psuchologia Balnearia). Книгата е напишана во периодот меѓу пишувањето на „Сидарта“ и „Степски волк“.[3]
За „Бањскиот гостин“, Томас Ман напишал: „Меѓу генерацијата што стапи на сцената заедно со мене, го избрав Хесе како најсроден и најдраг и го следам неговиот подем со симпатии... Некои негови дела, како што е Бањскиот гостин, го читам и чувствувам како да е мое дело“.[4]

  1. Herman Hese, Banjski gost. Beograd: Narodna knjiga - Alfa, 2001.
  2. Herman Hese, Banjski gost. Beograd: Narodna knjiga - Alfa, 2001.
  3. „Beleška o piscu“, во: Herman Hese, Banjski gost. Beograd: Narodna knjiga - Alfa, 2001, стр. 117.
  4. „Beleška o piscu“, во: Herman Hese, Banjski gost. Beograd: Narodna knjiga - Alfa, 2001, стр. 118.