Прејди на содржината

Битка кај Понца (1552)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Понца
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни

Османлиска галија.
Датум 5 август 1552
Место Понца, денешна Италија
Исход Османлиско-француска победа
Завојувани страни
Џенова Османлиско Царство
Франција
Команданти и водачи
Андреа Дорија Тургут Рејс
Габриел де Арамон
Сила
100 галии
3 галии
Жртви и загуби
7 заробрни галии

Битката кај Понца е поморска битка која се одвила во 1552 година кај италијанскиот остров Понца. Битката се водела помеѓу Османлиското Царство предводена од Тургут Рејс и Република Џенова предводена од Андреа Дорија од друга страна.[1]

Османлиската флота се состоела од околу 100 галии кои биле испратени од западното Средоземје во времето кога Анри II влегол во конфликт со Карло V во т.н. Италијанска војна (1551-1559)[2]. Османликсата флота била придружувана од три француски галии, на чие чело бил францвускиот амбасадор Габриел де Арамон[3] . По битката сојузничката флота влегла во Мајорка на 13 август 1552 година[1]. Оваа победа и дала можност на империјата да создаде база преку која ќе може да ги нападне Сицилија, Сардинија и крајбрежните региони на Италија[4].

По битката, османлиската флота се упатила кон Хиос, каде се приклучила на француската флота, подготвувајќи се за идните поморски операции кои биле предвидени за следната година, вклучувајќи ја и онаа на Корзика.