Прејди на содржината

Благоја Марковски (режисер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења видете на појаснителната страница за Благоја Марковски
Благоја Марковски
Роден 1949
Битола, денешна Македонија Македонија
Починал 28 октомври 2008
Битола
Националност Македонец
Занимање режисер

Благоја Марковски (Битола, 1949 - Битола, 28 октомври 2008) бил познат македонски телевизиски режисер.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Марковски е роден во Битола во 1949 година, во Загреб дипломирал режија, а целиот свој работен век го минал во Македонската телевизија. Марковски оставил белег во речиси сите телевизиски жанрови, од кои најпознати се музичките серии: „Самовила град градила“, „Песната на ангелот“, како и фестивалските преноси, документарните емисии, телевизиски патописи и репортажи, за дел од кои бил наградуван. На последниот југословенски телевизиски фестивал во Неум ја доби наградата Гран-при за режија на документарната драма „Мојот татко Изет“. Починал на 28 октомври 2008 во Битола.[2]

  1. Makedonska bibliografija: Monografski publikacii. Skopje: Narodna i Univerzitetska Biblioteka "Kliment Ohridski". 1988.
  2. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Благоја Марковски“. Утрински Весник. 29 октомври 2008. Посетено на 2011-01-27.[мртва врска]