Прејди на содржината

Бокерон (департман)

Координати: 21°31′S 60°42′W / 21.517° ЈГШ; 60.700° ЗГД / -21.517; -60.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бокерон
Boquerón
департман
Знаме на Бокерон BoquerónГрб на Бокерон Boquerón
Местоположба на Бокерон Boquerón
Координати: 21°31′S 60°42′W / 21.517° ЈГШ; 60.700° ЗГД / -21.517; -60.700
Држава Парагвај
Адм. центарФиладелфија
Површина
 • Вкупна91.669 км2 (35,394 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно45.617
 • Густина0,50/км2 (1,3/ми2)
Час. појасAST (UTC-04)
 • Лето (ЛСВ)ADT (UTC-03)
ISO 3166PY-19
Окрузи3
Панорамски поглед

Бокерон (Boquerón) е департман во Парагвај. Департманот се наоѓа во западниот дел на државата. Со своите 91.669 км2 Бокерон е најголем департман во државата. Бокерон има вкупно население од 45.617 жители според пописот од 2002 година. Главен град на департманот е градот Филаделфија, а покрај него позначајни градови се Хенерал Еугенио А. Гарај, Доктор Педро П. Пења и Марискал Естигарубија.

Во западниот дел на Парагвај живее само 2% од вкупното население на државата, но во овој регион се произведуваат околу 65% од вкупните количини на млеко и месо на Парагвај. Во 1945 година Бокерон бил поделен и новиот департман се викал Нуева Асунсион или „Нов Асунсион“. Но во 1992 година Нуева Асунсион бил повторно припоен кон Бокерон.

Географија

[уреди | уреди извор]

Бокерон се наоѓа во регионот Западен Парагвај. Вкупната површина на департманот е 91.669 км2 и население од 45.617 жители според пописот од 2002 година. Голем дел од површината на департманот е рамничарски.

На север департманот се граничи со департманот Алто Парагвај. На југ департманот се граничи со Аргентина, на исток со департманот Пресиденте Ајес и Алто Парагвај. На запад департманот граничи со Боливија.

Просечната температура на департманот е 25 степени целзиусови. Овој департман се нарекува и како Сув Чако, бидејќи преку лето во овој департман има најтопли денови. Добар дел од територијата на департманот е дел од географскиот регион Чако.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Департманот во последно време го има најголемиот природен раст на населението, кој изнесува 12.4% годишно. Карактеристично за овој департман е големиот број на староседелско население. Според пописот од 2002 година во департманот живееле 45.617 жители од кои 19.945 жители се староседелци. Од староседелците во департманот има Гварани, Ниваклејци, Манхујци, Тобанци, Гварајоси, Ангаитејци и Тапиетејци. Овој департман има најголем број староседелци од сите департмани во државата.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Департманот е поделен на три окрузи:

окрузи население (2002)
Филаделфија н.п.
Лома Плата н.п.
Марискал Естигарибија 41.106
  • Geografía del Paraguay - Editorial Hispana Paraguay S.R.L.- 1a. Edición 1999 - Asunción Paraguay
  • Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.
  • La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.

Поврзано

[уреди | уреди извор]