Прејди на содржината

Бордер коли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бордер коли
Други називи Шкотски овчар
(понекогаш со Велшки овчар)
Потекло Обединето Кралство
англиско-шкотска граница
Особености
Тежина Мажјак 14–20 kg (31–44 lb)
Женка 12–19 kg (26–42 lb)
Висина Мажјак 48–56 cм (19–22 ин)
Женка 46–53 cм (18–21 ин)
Крзно мазно
Животен век 10–17 години, во просек од 12 години
куче (Canis lupus familiaris)

Бордер коли — вид на куче со потекло од Велика Британија. Ова куче е со највисок коефициент на интелегенција и на оваа листа го зазема првото место[1]. На секоја скоро научена команда, како и на гласовна или гестикулативна команда реагира скоро моментно.

Особености

[уреди | уреди извор]

Освен тоа ова куче, кое ретко прифаќа милување, е дружељубиво и верно. Покрај тоа што се користи како овчарско куче и за спортски натпревари, на Запад, ова куче се почесто се користи и за следење на постари лица и во здравствените установи. Со векови е одгледуван како овчарско куче.

Бордер коли е куче со средна висина, со складен изглед. Елеганцијата и складноста се комбинирани со доволно тежина, заради што ова куче остава впечаток на изаржливост. Тоа е верно, грижливо, агресивно овчарско куче кое е доста прилагодиво.