Бошко Смаќоски
Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко - 1998, Скопје) — македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио Скопје. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]
Творештво
[уреди | уреди извор]Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн. Тој е автор на следниве дела:[3]
- „Мајски ѕвончиња“ (поезија за деца, 1959)
- „Додека роси“ (поезија за деца, 1962)
- „Распродажба на остатоци од пролетта“ (поезија, 1963)
- „Еден багрем и четири деца“ (лирски раскази за деца, 1964),
- „Усвојување на дневниот ред“ (поезија, 1965)
- „Големи и мали“ (роман за деца, 1966)
- „Славејот ноќева во трендафили“ (поезија за млади, 1967)
- „Всушност, сè е убава балада“ (поезија, 1968)
- „Влегување во Охрид“ (поезија, 1972)
- „Корениште“ (роман, 1972)
- „Крастава година“ (раскази, 1972)
- „Цвеќе од деветтиот рид“ (роман за млади, 1972)
- „Песни од Модрич“ (поезија, 1977)
- „Сликички и зборчиња“ (позија за деца и млади, 1979)
- „Како кога се откинува јаболко“ (роман за млади, 1982)
- „Модричка тетратка“ (поезија за деца, 1982)
- „Таа и татковината“ (поезија, 1983)
- „Пладне во ридиштата“ (раскази, 1984)
- „Облека на душата“ (роман, 1986)
- „Преку две реки, преку три планини“ (роман, 1986)
- „Полна месечина“, (роман, 1986)
- „Низ Зеленово, низ Руменово“ (поезија, 1986)
- „Рими“ (поезија, 1987)
- „Јулски дневник“ (роман за млади, 1989)
- „Се подели село на црно и бело“ (гатанки, 1991)
- „Животот занает најтежок“ (роман, 1992)
- „Димензиите на крстот“ (роман, 1992)
- „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија, 1998)
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]
Исто така, тој е автор на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.
Награди
[уреди | уреди извор]Бошко Смаќоски е добитник на наградите:[5]
- „РТВ Скопје“
- „Стале Попов“
- „Кочо Рацин“
- „Ванчо Николески“,
- „Гораново пролеќе“
Исто така, за збирката „Еден багрем и четири деца“ ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра детска книга на годината, заедно со романот „Дружината братско стебло“ од Јован Стрезовски. Во 1966 година, за романот за деца „Големи и мали“ ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2009, стр. 232.
- ↑ „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 149.
- ↑ „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 149.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 69-72.
- ↑ „Куса биографија - Бошко Смаќоски“, во: Бошко Смаќоски, Големи и мали. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2016, стр. 150.
- ↑ Бошко Смаќоски, Големи и мали, Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1966.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кратка биографија на Бошко Смаќоски Архивирано на 30 септември 2010 г. на страницата на ДПМ (македонски)