Браво Бенд
Браво Бенд Bravo Band | |
---|---|
Жанрови | Поп |
Период на активност | 2005 — сегашност |
Издавачи | Нема |
Мреж. место | http://bravoband.com.mk/Makedonski/doma.html |
Членови | |
Дејан Младеновски Кире Денов Мирослав Милковски Александар Трајанов Драган Младеновски Момчило Митровски |
Браво Бенд е македонска музичка група. Бендот е составен од шест члена Кире Денов, Дејан Младеновски, Мирослав Милковски, Александар Трајанов, Драган Младеноски и Момчило Митровски. Нивната прва промоција ја имаа во шоуто на познатата македонска водителка Лила Стојановска.
Историја
[уреди | уреди извор]Музичката приказна на Браво Бенд започнува пред три години кога шест млади момчиња одлучуваат да започнат да чекорат по македонското музичко небо. Прв основач е Ристе Тевдоски и, по негова покана, во групата влегуваат и Зоран Кирјаковски и Живко Динев и стануваат соосновачи. Започнуваат со настапите по разни дискотеки ширум Македонија. Прво поголемо медиумско претставување им е забележано во емисијата на Лила Стојановска. Потоа се појавуваат на фестивалот „Охрид Фест“ во 2006 г. со песната „Лесно ти е тебе“ која станува голем хит.[1] Потоа следува наредниот нивен голем хит „Нека патам“. Потоа заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја прават песната „Не бих те мењао“ и учествуваат на реномираниот фестивал „Сунчане Скале“ во Херцег Нови каде ја земаат третата награда од стручното жири. Во октомври 2008 година го објавија своето првенче „Интро“, стилски шаренолик албум, каде се застапени различни стилови сè со цел секој од обожавателите да се пронајде самиот себе.
„Браво Бенд“ го сочинуваат пет членови Александар Тасевски, Живко Динев, Драган Илиев, Дејан Младеновски и Зоран Киријаковски, а нивниот колега Ристе Тевдоски започна своја соло кариера.
Тие настапија на „Скопје Фест“ во 2009 година, на изборот за претставник на Македонија на Евровизија, со песната „Девојко“, која за првпат ја претставија во второто полуфинале и успеаја да влезат во финалето на Македонскиот избор за песна на Евровизија, каде што на крајот завршија на 10 место.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]- Интро (2008)
Песни
[уреди | уреди извор]- 2006 - Лесно ти е тебе
- 2007 - Не бих те мењао - (на Српски)
- 2008 - Нека Патам
- 2008 - Хронично Луд
- 2008 - Зимска Молитва
- 2009 - Девојко
- 2009 - Било Како Било
- 2016 - Купи ме
- 2017 - Нај Нај
- 2018 - Уживај
- 2019 - Спомени
- 2023 - Катаклизма
- 2024 - Љубав Преко Мреже
Награди
[уреди | уреди извор]- 3 место на Охрид Фест 2006 (Лесно ти е тебе)[2]
- Хит на годината - Радио Рос (Лесно ти е тебе)[2]
- 3 награда на Сунчане Скале 2007 или Бронзена Сирена (Не бих те мењао)[2]
- Најпопуларни личности на 2007 - ТВ ОРБИС Битола[2]
- 12 бода од телевотингот на Охрид Фест 2008 (Хронично луд)[2]
- Најдобар Македонски спот за песната „Нека Патам“ (во изработка на Дејан Миличевиќ) - Златна Бубамара на Популарноста
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2009-07-21.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-09-23. Посетено на 2009-07-21.