Браим Дијас
Браим Дијас | |||
---|---|---|---|
Браим на тренинг со Манчестер Сити во 2017 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Браим Абделкадер Дијас[1] | ||
Роден на | 3 август 1999[2] | ||
Роден во | Малага, Шпанија | ||
Висина | 1.71 m[2] | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
2010–2013 | Предлошка:Fb team Málaga | ||
2013–2016 | Манчестер Сити | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2019 | Манчестер Сити | 5 | (0) |
2019– | Реал Мадрид | 22 | (2) |
2020–2023 | → Милан (п) | 91 | (13) |
Репрезентација ‡ | |||
2016–2017 | Шпанија 17 | 10 | (3) |
2016–2018 | Шпанија 19 | 10 | (1) |
2017– | Шпанија 21 | 7 | (2) |
2021– | Шпанија | 1 | (1) |
Браим Дијас (роден на 3 август 1999 година во Малага, Шпанија) — шпански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Реал Мадрид на позиција напад.
Кариера
[уреди | уреди извор]Манчестер Сити
[уреди | уреди извор]Браим ја започнал својата кариера во родниот клуб Малага, пред да се пресели во Манчестер Сити во 2015 година како 16-годишник за почетна сума од 200.000 фунти[3][4]. На 21 септември 2016 година го имал своето деби во дресот на првиот тим за Сити, влегувајќи како замена во 80-тата минута во ЕФЛ-купот против Свонзи Сити[5]. Пет дена подоцна, тој го потпишал својот прв професионален договор со Сити, на три години[6].
На 21 ноември 2017 година, Браим дебитирал во Лигата на шампионите против Фејенорд, влегувајќи по повредата на Рахим Стерлинг[7]. На 19 декември 2017 година, Браим го започнал натпреварот со својот клуб, играјќи 88 минути против Лестер Сити во Лига Купот[8]. Дебитирал во Премиер лигата на 20 јануари 2018 година, во победата над Њукасл Јунајтед со 3: 1[9] и на 13 мај, тој добил медал за освоената сезона на Сити, откако се појавил спорадично на уште четири натпревари во лигата во текот на сезоната[10].
На 5 август 2018 година, Браим ги одиграл последните 15 минути на местото на Фил Фоден во натпревар кој Манчестер Сити победил со резултат од 2-0 над Челзи во ФА Купот во 2018 година[11]. Подоцна истата сезона, Браим го постигнал својот прв гол во кариерата за Сити, постигнувајќи ги двата погодоци во победата од 2:0 над Фулам на 1 ноември[12].
Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]После интензивните шпекулации за негов трансфер, заедно со неговиот договор со Манчестер Сити кој требало да истече во јуни 2019 година, Браим се приклучил на Реал Мадрид на 6 јануари, за сума од 15,5 милиони фунти (17 милиони евра)[13]. Неговиот договор, кој трае до 2025 година, вклучува и потенцијални додатоци, според кои вредноста на трансферот се искачува на 22 милиони фунти (24 милиони евра)[14]. Трансферот, исто така, вклучува клаузули кои предвидуваат 15% продажна такса што треба да ја прими Сити, што би се искачило на 40% доколку Браим го напушти Мадрид и се пресели во „друг клуб од Манчестер”[15].
Тој дебитирал на 9 јануари 2019 година, влегувајќи како замена во победата од 3-0 над Леганес во Копа дел Реј[16]. Неговото деби во лигата дошло четири дена подоцна, кога тој повторно влегол како замена во победата со 2:1 над Реал Бетис[17]. Својот прв гол го постигнал на 12 мај 2019 година, во поразот од 1-3 против Реал Сосиедад[18].
Тој забележал шест настапи во текот на сезоната во лигата, а Реал Мадрид ја освоил Ла Лига во сезоната 2019-2020[19].
Милан
[уреди | уреди извор]На 4 септември 2020 година, Реал Мадрид објавил дека Браим ќе биде позајмен во Милан за време на сезоната 2020–21[20][21].
На 27 септември, тој го постигнал својот прв гол во победата над Кротоне со 2-0 на гости[22]. На 9 мај 2021 година, тој постигнал гол во победата со 3–0 на гости над Јувентус[23] . По сезоната 2020–21, тој бил позајмен уште две години во Милан[24][25]. На 15 септември 2021 година, тој постигнал гол против Ливерпул во поразот од 3-2 во Лигата на шампионите[26].
Статистика
[уреди | уреди извор]Клуб | Сезона | Лига | Национален куп | Лига куп | Европа | Останато | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | Нат. | Гол. | ||
Манчестер Сити | 2016-17[27] | Премиер Лига | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | 1 | 0 | |
2017-18[28] | Премиер Лига | 5 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 3[б 1] | 0 | — | 10 | 0 | ||
2018-19[29] | Премиер Лига | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 2 | 0 | 0 | 1[б 2] | 0 | 4 | 2 | |
Вкупно | 5 | 0 | 1 | 0 | 5 | 2 | 3 | 0 | 1 | 0 | 15 | 2 | ||
Реал Мадрид | 2018–19[30] | Ла лига | 9 | 1 | 2 | 0 | — | 0 | 0 | — | 11 | 1 | ||
2019-20 | Ла лига | 6 | 0 | 3 | 1 | — | 1 | 0 | 0 | 0 | 10 | 1 | ||
Вкупно | 15 | 1 | 5 | 1 | — | 1 | 0 | — | 21 | 2 | ||||
Милан (позајмен) | 2020–21 | Серија А | 27 | 4 | 2 | 0 | — | 10[б 3] | 3 | — | 39 | 7 | ||
2021–22 | Серија А | 31 | 3 | 4 | 0 | — | 5[б 4] | 1 | — | 40 | 4 | |||
2022–23 | Серија А | 33 | 6 | 1 | 0 | — | 10 | 1 | 1 | 0 | 45 | 7 | ||
Вкупно | 91 | 13 | 7 | 0 | — | 25 | 5 | 1 | 0 | 124 | 18 | |||
Вкупно | 111 | 14 | 13 | 1 | 5 | 2 | 29 | 5 | 2 | 0 | 160 | 22 |
- ↑ Appearances in UEFA Champions League
- ↑ Appearance in FA Community Shield
- ↑ Appearances in UEFA Europa League
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUCL
.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Acta del Partido celebrado el 05 de mayo de 2019, en Madrid“ [Minutes of the Match held on 5 May 2019, in Madrid]. Royal Spanish Football Federation. Посетено на 15 June 2019.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 „Brahim“. Real Madrid CF. Посетено на 15 June 2019.
- ↑ „Brahim Diaz“. Manchester City F.C. Архивирано од изворникот на 26 January 2018. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ Ducker, James (21 April 2016). „Manchester City's global scouting mission pays off with 'mind-blowing' talent“. The Daily Telegraph. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ „Swansea City 1–2 Manchester City“. BBC Sport. 21 September 2016. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ „Brahim Diaz signs new deal“. Manchester City F.C. 26 September 2016. Архивирано од изворникот на 21 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ „Manchester City 1–0 Feyenoord“. BBC Sport. Посетено на 25 November 2017.
- ↑ „Leicester City 1–1 Manchester City (3–4 pens)“. BBC Sport. 19 December 2017. Посетено на 21 December 2017.
- ↑ Critchley, Mark (20 January 2018). „Sergio Aguero hits a perfect hat-trick as Manchester City end Newcastle's acrimonious week on a sour note“. The Independent. Посетено на 27 January 2018.
- ↑ Fay, Richard (13 May 2018). „Man City fans loved seeing Phil Foden make Premier League history“. Manchester Evening News. Посетено на 14 May 2018.
- ↑ Bevan, Chris (5 August 2018). „Chelsea 0–2 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 5 August 2018.
- ↑ „Manchester City 2–0 Fulham: Brahim Díaz leads holders into EFL Cup last eight“. BeIN Sport. Посетено на 1 November 2018.
- ↑ Jackson, Jamie. „Brahim Díaz on verge of joining Real Madrid from Manchester City for £15.5m“. The Guardian. Посетено на 6 January 2019.
- ↑ „Official Statement: Brahim Díaz“ (шпански). Real Madrid C.F. Посетено на 6 January 2019.
- ↑ Lilzino, John. „Brahim Díaz: Manchester City put anti-United clause in Real Madrid transfer to prevent Old Trafford move“. The Independent. Посетено на 6 January 2019.
- ↑ „Real Madrid 3–0 Leganés“. BBC. Посетено на 9 January 2019.
- ↑ „Ceballos rescues Real Madrid in Seville“. Marca. Spain. Посетено на 13 January 2019.
- ↑ „Brahim Diaz impresses again with a stunning solo goal“. Marca. Spain. Посетено на 12 May 2019.
- ↑ „Real Madrid win the longest LaLiga Santander season“. Marca. Spain. 17 July 2020. Посетено на 17 July 2020.
- ↑ Real Madrid CF (4 септември 2020). "Official Announcement: Brahim". Соопштение за печат. посет. 4 септември 2020 г
- ↑ A.C. Milan (4 септември 2020). "Official Statement: Brahim Díaz". Соопштение за печат. посет. 4 септември 2020 г
- ↑ „Brahim opens his account as AC Milan beat Crotone“. marca.com. 27 September 2020.
- ↑ „Juventus suffer another humiliation as Milan halt their own slump“. The Guardian. 10 May 2021.
- ↑ „Official statement: Brahim Díaz“. acmilan.com. 19 July 2021.
- ↑ „Official Announcement: Brahim“. realmadrid.com. 19 July 2021.
- ↑ „Liverpool comeback sinks Milan in epic“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2021-09-15.
- ↑ „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2016/2017“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
- ↑ „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2017/2018“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
- ↑ „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2018/2019“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 January 2019.
- ↑ „Brahim Díaz: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 9 January 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Браим Дијас“ на Ризницата ? |
- Real Madrid profile
- Браим Дијас – Профил на сајтот на УЕФА