Брендон Јури
Брендон Јури | |
---|---|
Јури на настап во 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Брендон Бојд Јури |
Роден(а) | 12 април 1987 Сент Џорџ, Јута, САД |
Потекло | Лас Вегас, Невада, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 2004–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | panicatthedisco.com |
Брендон Бојд Јури (англ. Brendon Boyd Urie; роден на 12 април 1987) ― американски пејач, текстописец и музичар. Најпознат е како поранешен пејач и фронтмен на групата Panic! at the Disco; бил единствен постојан член во текот на 19-годишното постоење на групата.[7]
На 24 јануари 2023 година, Јури објавил дека ќе го прекине проектот Panic! at the Disco, бидејќи тој и неговата сопруга очекуваат дете.[8]
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Брендон Јури бил роден во Сент Џорџ во Јута, а неговото семејство се преселило во Лас Вегас кога тој имал две години.[9] Учел во средното училиште Пало Верде во Лас Вегас, каде на часовите по гитара се запознал со идниот басист од групата Паник! , Брент Вилсон. Јури матурирал во 2005 година.[10]
Panic! at the Disco
[уреди | уреди извор]Јури се запознал со Брент Вилсон додека одел на часови по гитара во нивното средно училиште, а Вилсон го замолил Јури да стане главен гитарист за Panic! at the Disco, бидејќи во тоа време барале замена. Рајан Рос бил нивен главен пејач. Откако Јури го заменил Рос за време на проба на групата, тие биле импресионирани од гласовните способности на Јури и тој бил избран за нивен главен пејач.[11] Тој официјално ѝ се приклучил на групата во 2004 година.[12]
Оттогаш, Panic! at the Disco објавиле седум студиски албуми со Јури како главен пејач. A Fever You Can't Sweat Out бил издаден во 2005 година. За нивниот втор албум, Pretty. Odd. (2008), Јури напишал две песни: на плочата; тие песни ги вклучуваат „"I Have Friends in Holy Spaces“ и „Folkin' Around“. Тој, исто така, ја напишал песната „New Perspective“ за филмот Jennifer's Body.[13]
На 22 март 2011 година, групата го издала третиот албум Vices & Virtues. Четвртиот албум, Too Weird to Live, Too Rare to Die! бил издаден на 8 октомври 2013 година и дебитирал на второ место на Билборд 200. На 21 јули 2014 година, Јури ја освоил наградата „Најдобар пејач“ на Наградите за алтернативна музика. Во 2015 година, основачкиот тапанар Спенсер Смит ја напуштил групата, а басистот Далон Викс станал музичар за турнеја, со што Јури останал единствен член во официјалната постава на групата.[12]
На 15 јануари 2016 Panic! at the Disco го издале петтиот студиски албум, Death of a Bachelor, и станал нивен прв албум на прво место на американската топ-листа за албуми.[14] На 21 март 2018 година, групата објавила две нови песни: „Say Amen (Saturday Night)“ и „(Fuck A) Silver Lining“. Истовремено, групата најавила турнеја и нов албум под наслов Pray for the Wicked.[15][16] На 6 јуни 2022 година, Panic! at the Disco го најавиле нивниот седми студиски албум Viva Las Vengeance и го објавиле насловниот сингл.[17]
На 24 јануари 2023 година, Јури објавил дека ќе го заврши проектот Panic! at the Disco за да се насочи на неговото семејство.[18][19][20]
Други музички проекти
[уреди | уреди извор]Во 2008 година, Јури учествувал во песна за компанијата Кока-Кола, наречена „Open Happiness“. Учествувал и во музичкото видео за песната, кое било објавено на 16 јули 2009 година. [21]
Јури се појавил во музичките спотови: „A Little Less Sixteen Candles, a Little More Touch Me", „What A Catch, Donnie" и „Headfirst Slide into Cooperstown on a Bad Bet" од Fall Out Boy.
Во декември 2013 година, Jури ја отпеал песната „Big Shot“ пред Били Џоел, американскиот претседател Обама и публиката, по повод врачувањето на признанието од Кенедиевиот центар на Били Џоел.[22]
На 24 март 2014 година, Брендон Јури соработувал со Треви Меккој на песната „Keep On Keeping On“[23] и на песната „Molly" од Лил Дики.[24][25] Во 2016 година, бил вклучен во песната „It Remembers“ од групата Every Time I Die.[26]
На 11 април 2017 година, Јури објавил дека ќе глуми во Бродвејскиот мјузикл, награден со Тони од Синди Лопер, „Kinky Boots“. Имал една од главните улоги, а ангажманот траел од 26 мај 2017 година до 6 август 2017 година.[27][28]
Во 2015 година, Јури ја напишал песната „Not A Simple Sponge“ за мјузиклот <i id="mwAQM">SpongeBob SquarePants</i>. Мјузиклот премиерно бил прикажан во Чикаго во летото 2016 година. Nickelodeon објавил видео кое содржи детали за уметниците кои работеле на музиката.[29][30] За неговиот придонес, Јури бил номиниран за наградата „Тони“ за најдобра оригинална музика.[31]
На 26 април 2019 година, Јури соработувал со пејачката Тејлор Свифт и Џоел Литл на песната „Ме!“, кој бил водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум, <i id="mwARE">Lover</i>. Песната стигнала до второ место на Billboard Hot 100, а исто така се пласирала на топ-листите во многу други земји, вклучувајќи ги: Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Во 2022 година, Јури, неговиот долгогодишен соработник Мајк Виола и Џејк Синклер основале тричлена група.[32] Виола и Јури ја напишале песната „Diamonds of New York“ за Адам Шлезингер, изведувајќи ја на 19 април 2022 година. На 23 април 2023 година бил објавен нивниот албум Paul McCarthy. Во 2022 година, тој соработувал и со јапонската рок група One Ok Rock на песната „Neon“. Во текот на зимата 2023 година, Јури повторно соработувал со Виола и Синклер на албумот од Виола, Rock of Boston, објавен на 20 септември 2024 година.[33] Нивната песна „Diamonds of New York“ се појавила на албумот.[34]
Влијанија
[уреди | уреди извор]Јури ги навел: Френк Синатра, Квин, Дејвид Боуви и Том Делонг како негови најголеми влијанија.[35][36] Исто така, ја навел Тејлор Свифт како негово влијание како текстописец.[37]
Личен живот
[уреди | уреди извор]На Јури му била дијагностицирана АДХД на млада возраст. Тој рекол дека сака да биде отворен за неговото душевно здравје пред своите обожаватели.[38][39] Во интервју за Ролинг Стоун во 2016 година, Јури изјави дека има синестезија.[40]
Јури ја запознал сопругата Сара Орзечовски на еден од неговите концерти. Осум месеци подоцна, Хејли Вилијамс од Параморе ја донела Сара на уште еден концерт на Јури и повторно ги запознала, а тие започнале врска во 2009 година.[41] Песната „Sarah Smiles“ од албумот Vices & Virtues била инспирирана од Орзечовски.[42] Откако ја објавиле свршувачката во септември 2011 година, тие се венчале на 27 април 2013 година.[43][44]
Во 2013 година, Јури рекол дека „експериментирал“ со мажи, но изјавил: „Претпоставувам дека ако треба да се класифицирам, би рекол дека сум стрејт“.[45] Во јули 2018 година, Јури се изјаснил како пансексуалец и изјави: „Оженет сум со жена и многу сум заљубен во неа, но не се противам на маж затоа што мене ми се допаѓа некоја личност. Ако некој е одличен, тогаш човекот е одличен“.[46] Јури е познат по неговата поддршка на ЛГБТ-заедницата.[47][48]
На 24 јануари 2023 година, Јури открил дека тој и неговата сопруга чекаат дете и дека ќе го прекине проектот Panic! at the Disco за да се насочи на семејните обврски.[18][19][20] Нивното дете било родено во февруари 2023 година.[49]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Beaumont, Mark (January 13, 2016). „Panic! at the Disco review – emo pop for a teen rebellion“. The Guardian. Архивирано од изворникот на November 7, 2017. Посетено на June 3, 2022.
- ↑ Rolli, Bryan (October 4, 2017). „The Killers and Panic! at the Disco: How the Two Veteran Rock Bands Took the Long Way to the Top“. Billboard. Посетено на June 3, 2022.
- ↑ „Vocal Range and Profile: Brendon Urie“. Diva Devotee. Посетено на January 28, 2017.
- ↑ Michaels, Sean (July 7, 2009). „Panic At the Disco split ... in half“. The Guardian. Посетено на June 3, 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Beaumont, Mark (August 31, 2021). „10 Alternative Bands That Switched Genres...and it Worked!“. Loudwire. Посетено на June 3, 2022.
- ↑ Davies, Alex (February 7, 2006). „The Academy Is..., Panic At The Disco / Feb. 2, 2006 / Toronto (Docks)“. Billboard. Посетено на June 3, 2022.
- ↑ Moore, Sam (April 12, 2017). „Panic! At The Disco's Brendon Urie joins Kinky Boots cast“. NME.
- ↑ Mark Kennedy (January 25, 2023). „Panic! at the Disco ends; Brendon Urie to focus on family“. Associated Press News.
- ↑ Urie, Brendon. „I do. Born in St. George, UT. Family moved me to Vegas when I was 2“. Посетено на August 14, 2015.
- ↑ „Brendon Urie“. IMDb. Посетено на October 10, 2020.
- ↑ „Panic! Attacks“. Las Vegas Review-Journal. October 28, 2005. Посетено на December 25, 2011.
- ↑ 12,0 12,1 „Panic! at the Disco Biography“. AllMusic. Посетено на April 9, 2017.
- ↑ „Panic! at the Disco Talk "Jennifer's Body" Song, Plans for New LP“. Rolling Stone. Посетено на April 9, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 18,0 18,1 Lindert, Hattie (January 24, 2023). „Panic! At The Disco announces Breakup! At The Disco“. The A.V. Club. Посетено на January 24, 2023.
- ↑ 19,0 19,1 Aswad, Jem (January 24, 2023). „Panic! at the Disco Announce Split: 'It's Been a Hell of a Journey'“. Variety. Посетено на January 24, 2023.
- ↑ 20,0 20,1 Rogers, Jack (January 24, 2023). „Panic! At The Disco Are Calling It A Day“. Rock Sound. Посетено на January 24, 2023.
- ↑ „Open Happiness“. Myspace Open Happiness. Посетено на December 25, 2011.
- ↑ „Brendon Urie Covers Billy Joel at 'Kennedy Center Honors'“. December 30, 2013. Посетено на April 9, 2017.
- ↑ Walker (March 24, 2014). „Travie McCoy - Keep On Keeping On (feat. Brendon Urie) | OnSMASH“. Freeonsmash.com. Посетено на September 30, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Professional Rapper by Lil Dicky on Apple Music“. iTunes Store. July 31, 2015. Посетено на January 27, 2017.
- ↑ „Brendon Urie guests on new Every Time I Die song—listen - News - Alternative Press“. Alternative Press (англиски). Посетено на April 24, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Brendon Urie Proves he Makes Those High Heels Work in new Kinky Boots Pictures“. rocksound. Архивирано од изворникот на October 17, 2017. Посетено на May 11, 2017.
- ↑ „Here's a song Panic! At The Disco wrote for the 'SpongeBob Squarepants' musical“. June 6, 2017. Посетено на June 8, 2017.
- ↑ „Panic! at the Disco Have Written a Song for a Spongebob Squarepants Musical“. June 6, 2017. Архивирано од изворникот на July 7, 2017. Посетено на June 8, 2017.
- ↑ „Brendon Urie Just Got Nominated for a Tony Award“. May 2, 2018. Посетено на August 12, 2023.
- ↑ Aarons, Michael (May 1, 2023). „Mike Viola At John And Peter's Place“. Americana Highways.
The three-piece band, featuring Mike on guitar, Jake Sinclair on bass and Brendan Urie on drums, was tight and energetic.
- ↑ „Mike Viola Announces New Album Rock Of Boston“. Lojinx (англиски). July 12, 2024. Посетено на July 15, 2024.
- ↑ Mike Viola - Rock Of Boston (Lojinx) (англиски), September 20, 2024, Посетено на July 15, 2024
- ↑ Sherwin Lainez (January 18, 2016). „Panic! at the Disco's Brendon Urie Talks the Influence of Bowie, Queen, and Sinatra on Death of a Bachelor“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на September 3, 2017. Посетено на May 21, 2017.
- ↑ „Icons: The Rock Stars That Changed Your World“. Kerrang! (1097): 40. March 4, 2006.
- ↑ „EW reveals its 2019 Entertainers of the Year: Lizzo, Awkwafina, the cast of Succession, and more“. December 11, 2019. Посетено на April 9, 2021.
I'd been a fan of Taylor's for years. When "We Are Never Ever Getting Back Together" came out, I'd play [it] whenever an acoustic guitar was around. Still do.(...) As a songwriter, I love her choice of melodies against certain chords. What she writes is so honest, and it shines through the lyrics' marriage to the melodies.
- ↑ thisisthenewgay (December 22, 2016), brendon urie talking about his mental health, Архивирано од изворникот на November 10, 2021, Посетено на April 24, 2017
- ↑ „Brendon Urie's not going to panic about his new responsibilities“. Архивирано од изворникот на April 27, 2017. Посетено на April 25, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Brendon Shares How He Met His Wife“. February 8, 2017. Архивирано од изворникот на 2023-05-16. Посетено на 2024-11-07 – преку YouTube.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Panic!'s Brendon Urie Answers Fan Questions!“. Spin (magazine).
- ↑ „Best day of my life. Meet Mrs. Urie“. Brendon Urie Official Twitter Account. Twitter, Inc. April 28, 2013. Посетено на April 28, 2013.
- ↑ „Sarah Urie, Brendon's Wife: 5 Fast Facts You Need to Know“. October 19, 2016. Посетено на April 25, 2017.
- ↑ James Michael Nichols (November 8, 2013). „Brendon Urie, Panic At The Disco Frontman, Has 'Experimented' With 'Homosexuality And Bisexuality'“. HuffPost.
- ↑ Beatrice Hazlehurst (July 6, 2018). „Brendon Urie Lays It All Out“. PAPER Magazine.
- ↑ Yacka-Bible, Sue (March 18, 2019). „GLSEN To Honor Panic! At The Disco's Brendon Urie At 2019 GLSEN Respect Aw“. GLSEN.
- ↑ On Top Magazine Staff (February 27, 2017). „Panic! At The Disco's Brendon Urie Joins HRC's Equality Rocks Campaign“. On Top Magazine.
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Brendon Urie at IMDb
- Official Panic! at the Disco web site