Прејди на содржината

Бургдорф (Хановер)

Координати: 52°27′0″N 10°00′30″E / 52.45000° СГШ; 10.00833° ИГД / 52.45000; 10.00833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бургдорф

Burgdorf

Фахверк куќи на главната улица во градот
Фахверк куќи на главната улица во градот
Фахверк куќи на главната улица во градот
Грб на Бургдорф
Бургдорф во рамките на Германија
Бургдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Градоначалник Алфред Баксман (СДП)
Основни податоци
Површина 112,26 км2
Надм. височина 56 м
Население 31.287 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 279 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 31303
Повик. бр. 05136, 05085
Портал www.burgdorf.de
Местоположба на градот Бургдорф во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати 52°27′0″N 10°00′30″E / 52.45000° СГШ; 10.00833° ИГД / 52.45000; 10.00833

Бургдорф (германски: Burgdorf; долногермански: Bortörp) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри североисточно од покраинскиот главен град Хановер.

До 1974 година, Бургдорф претставувал административно седиште на истоимениот округ. Градот и околината се познати по традицијата да одгледуваат бел аспарагус и по чувањето хановерски коњи. Секоја година во градот се одржува еднаш месечно пазар за коњи во периодот од април до септември.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Градските единици на Бургдорф

Бургдорф се наоѓа помеѓу Хановер, Целе и Пајне и од сите три града е оддалечен по околу 25 километри. Се граничи со Ице, Лерте, Изернхаген и Бургведел, како и округот Целе. Низ градското подрачје тече потокот Бургдорфер Ауе, кој е уште познат и како Ауештат.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Бургдорф се состои од местата Бајнхорн, Дахтмисен, Хесел (со Арбек), Хилптингзен, Оце, Рамлинген-Елерсхаузен, Шилерслаге, Зоргензен и Веферлингзен, како и самиот град.

Помеѓу луѓе постои и неформална поделба на градското подрачје. Па така се сретнуваат Вестштат, западно од железничката пруга, Нордштат, северно од Гартенштрасе и Зидштат, јужно од Ауе. Областа помеѓу овие три дела е позната како Иненштат или Алтштат.

Историја

[уреди | уреди извор]
Бургдорф во 1654 година на графика
Бургдорфски замок

Бургдорф бил првпат споменат во 1279 година, кога бил дел од Хилдесхајмската епископија. Градот бил опкружен од бројни населби кои исчезнале за време на средниот век. Имињата на населбите биле Езеринген (денес дел од Зидштат), Гарфесе (помеѓу Бургдорф, Штајнведел и Имензен), Хетелинген (денес во шумата на Бургдорфер Холц), Релингзен (јужно од Хенгизен) и Ензинген. По борбата со Хилдесхајм (1420-1422), местото било предадено на војводите од Целе. Нивните територии подоцна станале дел од Војводството Брауншвајг-Линебург и потоа од административниот регион Линебург. Во 1433 година бил обновен Бургдорфскиот замок и утврден со ѕидини, три порти и два ендеци. Тогаш, местото било одвај село.

Од XVI век, Бургдорф поседувал градски печат и грб со лав кој одмара помеѓу два даба. Боите и знаметот на градот, зелена и жолта, потекнуваат од овој грб.

Во Триесетгодишната војна имало битка близу Дахтмисен. Во 1637 година, граѓаните на Бургдорф се спротивставиле против даноците воведени кон нив. Пожари уништиле големи делови од градот во 1658 и 1809 годин, но бил обновуван. Плоштадот „Бранденде“ (букв: „крај на огнот“) во стариот дел на градот потсетува на местото каде пожарите биле изгасени.

Синагога во Бургдорф

Во 1811 година била изградена нова синагога за еврејската заедница од градот. Тие биле присилени да ја продадат зградата на градот во 1939 година. Хитлеровата младина ја користела зградата од 1941 година. Била користена како јавна библиотека од 1944 до 1959 година. Стопанственик ја купил во 2007 година и ја изнајмил на градот. Од 2008 година се користи како музеј и културен центар.

Бургдорф станал административно седиште на истоимениот округ во 1885 година. И покрај отпорот на месното население бил споен со окрузите Нојштат на Рибенберге, Шпринге и стариот округ Хановер во новиот регион Хановер во 1974 година. Така, Бургдорф бил преместен од административниот округ Линебург кон оној на Хановер. Истиот бил распуштен кон крајот на 2004 година заедно со сите други административни окрузи во Долна Саксонија. Градот и округот Хановер се споиле на 1 ноември 2001 година за да го создадат регионот Хановер.

Најуспешен спортски клуб од градот е РК Хановер-Бургдорф, кој настапува во германската ракометна Бундеслига од 2009 година.

Историски, Бургдорф бил дел од јазичното подрачје на остфалскиот долногермански. Стандардниот германски јазик го заменил долногерманскиот во урбаните подрачја околу Хановер од XIX век и денес целата областа говори на него. Меѓутоа, постојат неколку јазични особености, кои се должат на долногерманското влијание.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Бургдорф е поврзан со Хановер преку автопатот А37, кој го сече сојузниот автопат Б3 кај Целе северно од градот. Б188 поминува во северниот дел на градот и ги поврзува Гифхорн и Волфсбург. B443 поминува од север кон југ и ги поврзува Бургдорф со Лерте и Зенде.

Бургдорф има три железнички станици: Бургдорф (Хановер), Оце и Елерсхаузен, кои се дел од железницата Лерте-Целе. Тие се опслужувани на секој половина час во обете насоки од линиите S6 и S7 на Хановерската С-Железница. Железничката станица во Бургдорф исто така има автобуски терминал за повеќе линии на РегиоБус Хановер и е дел од сообраќајната мрежа на Хановер.

Најблизок меѓународен аеродром е аеродромот Хановер-Лангенхаген.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Бургдорф е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Der Burgdorfer Pferdemarkt ist überregional bekannt“. Посетено на 13 јули 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]