Прејди на содржината

Валхала (споменик)

Координати: 49°01′53.35″N 12°13′26.72″E / 49.0314861° СГШ; 12.2240889° ИГД / 49.0314861; 12.2240889
Од Википедија — слободната енциклопедија

Валхала (германски: Walhalla) — сала на славните во која се чествуваат истакнати личности од историјата на германските народи[1]. Изградена е во неокласичен стил налик на старогрчки храм и сместена крај реката Дунав во Донауштауф источно од градот Регенсбург во Баварија, Германија.

Споменикот е наречен по митското место Валхала од нордиското паганство, кое претставува задгробно живеалиште на заслужните. Замислено е во 1807 г. од баварскиот принц-престолонаследник Лудвиг со цел да го поттикне обединувањето на разните германски држави. Лудвиг започнал со изградбата откако седнал на престолот, и истата траела од 1830 до 1842 г. под водство на архитектот Лео фон Кленце. Денес споменичката сала има вкупно 65 спомен-плочи и 130 бисти, опфаќајќи личности од изминатите две илјади години.

Валхала од воздух.
Поглед на Валхала од Дунав.

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед од северозапад.
Колонадата на Валхала.
Главната сала.

Во 1806 г. Наполеон ги припоил германските земји кон Француското Царство долж реката Рајна и Северното Море. Малите средногермански држави го создале Рајнскиот Сојуз, кој доброволно станал клиентска држава. Царот Франц II формално го распуштил Светото Римско Царство (6 август 1806) и станал цар на Австрија. Во 1806-7 г. избувнала Војната на Четвртата коалиција против француската окупаторска власт, но Наполеон успеал да ги завади германските држави и повторно извојувал победа над Германците.

Во 1806 г. Наполеон ја издигнал Баварија од изборно кнежевство во кралство. Наредната година, нејзиниот 20-годишен престолонаследник Лудвиг добил желба да ги потсети сите Германци дека се еден народ со заедничко минато и идентитет. За таа цел, задолжил неколку вајари да направат бисти од низа славни личности од германските земји. Во 1807 г. се направени првите бисти, а следната година принцот почнал да прима предлози и од швајцарскиот историчар Јоханес фон Милер.

Доаѓајќи на власт, Лудвиг веќе имал 60 готови бисти и нарачал изградба на споменичко здание крај Дунав близу Регенсбург по пример на Партенонот во Атина. На фризот од јужната страна во релјеф е претставено создавањето на Германскиот Сојуз во 1815 г.; на северниот се сцени од Битката во Тевтобуршката Шума од 9 г. н.е..[2]

Споменикот е отворен на свеченост одржана на 18 октомври 1842 г. и содржел 96 бисти, како и 64 спомен-плочи посветени на лица и настани чиј изглед не бил познат. Како истакнати претставници на германските народи или поточно „говорниците на германскиот јазик“ биле избрани 160 личности кои живееле и твореле во временски период од 1.800 години и во разни краишта на Европа како денешна Шведска, Австрија, Чешка, Полска, Велика Британија, Белгија, Холандија, Русија, Швајцарија и балтичките земји.

Додека митската Валхала е дом на јунаците славно паднати во битка, во својата „Валхала“ Лудвиг ги овековечил заслужни личности од секакви полиња на дејност и од обата пола. Во ова време, повеќе децении пред создавањето на германската држава, поимот „германски“ имал еквивалентно значење на поимот „словенски“ и немал конкретен национален предзнак. Затоа, меѓу чествуваните личности се вклучени и Готи, Лангобарди, Англосаксонци, Австријци, Холанѓани и швајцарски Германци, но и лица со општогерманско потекло кои се истакнале во земји каде не се говори германски. Изградбата на зданието чинела 4 милиони златници[3].

Посетеноста на паметникот доживеала голем пораст почнувајќи од 1933 г. поради организираните екскурзии на „Сила преку радост“ и други организации на националсоцијалистичката власт.

Како наследник на кралот, владата на Баварија решила да направи дополнувања во паметникот, давајќи ѝ на јавноста можност да дава предлози, под услов лицето да починало пред барем 20 години (во 1912 г. сменето на 40). Од отворањето до денес „Валхала“ е дополнета со само 31 биста на нередовна основа, доведувајќи го вкупниот број на 191, од кои дванаесет жени.

Во Минхен во 1853 г. кралот Лудвиг I сала на славните Баварци („Румсхале“), од кои деветмина потоа се префрлени во „Валхала“. Овие минхенски бисти настрадале во разорните бомбардирања од 1944 г. и на нивно место се поставени плочи на кои се објаснува префрлањето. Самиот крал Лудвиг I е овековечен во „Валхала“, како и во минхенската Салата на славните.

Список на личности

[уреди | уреди извор]

Спомен-плочи

[уреди | уреди извор]
Статуа на кралот Лудвиг I (бр. 63, 1890) — „таткото“ на Валхала.
Фритигерн — поглавар на Визиготите (втора плоча од горе-лево)

Лицата и делата чиј изглед не е познат добиле спомен-плочи. Тие го опфаќаат периодот од Херман Херускерот наречен Арминиј (р. 17 г. п.н.е.) до часовничарот Петер Хенлајн (п. 1542). Во 2003 г. е додадена плоча во спомена на непознатите дејци на отпорот против националсоцијалистите.

  1. Аларих I — крал на Визиготите
  2. Алберт Велики — филозоф и богослов
  3. Албоин — крал на Лангобардите
  4. Алфред Велики — крал на Весекс
  5. Алкуин — главен советник на Карло Велики по црковни и образовни прашања
  6. Арнулф Корушкисвет римски цар
  7. Арнулф — војвода на Баварија, наречен „Арнулф Лошиот“ поради одземањето на црковен имот за одбранбени цели
  8. Атаулф — крал на Визиготите
  9. Беда Многупочитуван — англиски калуѓер и богослов
  10. Бернвард Хилдесхајмски — Хилдесхајмски епископ
  11. Свети Бонифациј (Винфрид) — светец-заштитник на Германија
  12. Адријан Бубенбершки — швајцарски витез и војсководец
  13. Хлодовиг I — крал на Франкија
  14. Гај Јулиј Цивилис (* 25) — предводник на германскиот бунт против Римјаните во 69 г.
  15. Егберт Весешки (770–839) — прв фактички крал на Англија, дедо на Алфред Велики
  16. Ајнхард — историчар
  17. Елизабета Унгарска — светица и унгарска принцеза
  18. Емерам Регенсбуршки — светец
  19. Енгелберт Бершки — светец
  20. Фритигерн — поглавар на Визиготите
  21. Фридрих Убавиот — војвода на Австрија и крал на Римјаните
  22. Гејзерик — крал на Вандалите и Аланите
  23. Мајстор Герхард — градител на Келнската катедрала
  24. Петер Хенлајн — изумител на часовникот
  25. Хајнрих IIIсвет римски цар
  26. Хенгист — предводник на германската (англосаксонската) инвазија на Британија во V век
  27. Хериберт Келнски — Келнски архиепископ и главен советник на царот Отон III
  28. Ерманарик — крал на Остроготите
  29. Херман Херускерот (Арминиј) — водач и победник во Битката во Тевтобуршката Шума
  30. Херман Залчки — четврти Голем мајстор на Тевтонскиот ред
  31. Хилдегарда Бингенска — германска калуѓерка, мистик, писател, и композитор.
  32. Хорса — воин и брат на Хенгест
  33. Хротсвита — каноница, поетеса и драматург од XII век
  34. Карло Мартел — франкиски војсководец, победник над Арапите во Битката кај Поатје
  35. Карло Велики — основоположник на Светото Римско Царство
  36. Ламбрехт Ашафенбуршки — средновековен летописец
  37. Леополд VI — војвода на Австрија
  38. Маробод — крал на Маркоманите
  39. Матилда Рингелхајмска — светица
  40. творецот на Песната за Нибелунзите
  41. Одоакар — поглавар на Германите, го симнал последниот западноримски цар, станувајќи крал на Италија
  42. Отон II — војвода на Баварија
  43. Отон Бамбершки — средновековен епископ, христијанизатор на Померанија (Поморјето).
  44. Отон Фрајзиншки — Фризиншки епископ
  45. Отон I — војвода на Баварија
  46. Пипин Херисталски — франкиски мајордом и државник
  47. Пипин Малиот — франкиски мајордом и државник
  48. Рабан Маурбенедиктински свештеник и Мајнчки епископ
  49. Тројцата заклетници на Ритлишвурот (творци на стариот Швајцарски Сојуз)
    Заклетвата на Ритли.
  50. Теоделинда — кралица на Лангобардите
  51. Теодорих I — крал на Визиготите
  52. Теодорих Велики — крал на Остроготите и Визиготите
  53. Арнолд од Кулата (Арнолд цум Турм) — епископски советник, еден од основачите на сојузот на рајнските градови
  54. Тотила — крал на Остроготите
  55. Вулфилаготски епископ, мисионер и преведувач.
  56. Веледа — пророчица на Бруктерите во Батавското востание
  57. Валтер фон дер Вогелфајде — прочуен поет, претставник на средногорногерманската лирика
  58. Бруно Варендропски — градоначалник на Либек
  59. Павле Ѓаконот — бенедиктински калуѓер, историчар на Лангобардите
  60. Вилхелм Келнски — средновековен мајстор-живописец
  61. Вилиброрднортамбриски мисионер и светец, наречен „Апостол на Фризите
  62. Арнолд фон Винкелрид — швајцарски народен јунак
  63. Видукинд — војвода на Саксонија и противник на Карло Велики во Саксонските војни
  64. Волфрам фон Ешенбах — германски витез, дворски лирски и епски поет
  65. дејци на Отпорот („Видерштанд“), додадени во 2003 г.

Првичните бисти се поставени по временски редослед (годината на смрт), почнувајќи од саксонскиот војвода Хајнрих Птичарот (р. 876), па сè до писателот Гете (п. 1832).

Првични бисти (пред 1847 г.)

[уреди | уреди извор]
Мермерни бисти бр. 6-14. Моцарт е во средината долу.
Никола Коперник — дело на Ј. Г. Шадов (1807, бр. 52)
Лудвиг ван Бетовен (бр. 65)
Петтата група бисти (бр. 90 - 110)
Вилхелм — гроф на Шаумбург-Липе (бр. 124)
Фридрих Готлиб Клопшток
  1. Амалија Елизабета — грофица на Хесен-Касел за време на Триесетгодишната војна
  2. Август II Силниотизборен кнез на Саксонија и крал на Полска
  3. Михаил Барклај де Толируски кнез и фелдмаршал од балтогерманско семејство со шкотско потекло
  4. Лудвиг ван Бетовен — германски класицистички композитор
  5. Бернхард Саксовајмарски — војсководец во Триесетгодишната војна
  6. Хебхард Лебрехт фон Блихерпруски генералфелдмаршал
  7. Херман Бурхаве — холандски хуманист и лекар
  8. Готфрид Август Биргер — поет
  9. Кристоф — војвода на Виртемберг
  10. Јохан фон Далберг — Вормски епископ
  11. Иван Дибич Забалкански (Ханс Карл фон Дибич) — германско-руски фелдмаршал, роден во Шлеска
  12. Албрехт Дирер — гравер и сликар
  13. Антонис ван Дајк — фламански сликар и гравер
  14. Еберхард I — војвода на Виртемберг
  15. Јулиус Ехтер фон Меспелбрун — Вирцбуршки епископ
  16. Јозеф фон Ајхендорф — поет
  17. Еразмо Ротердамски — холандски хуманист
  18. Ернст I — војвода на Саксонија-Гота и Саксонија-Алтенбург за време на Триесетгодишната војна
  19. Јан ван Ајк — фламански сликар
  20. Карл Вилхелм Фердинандпруски генералфелдмаршал
  21. Фридрих I „Победникот“ — изборен кнез на Пфалц
  22. Фридрих Iсвет римски цар
  23. Фридрих IIсвет римски цар
  24. Фридрих Велики — крал на Прусија
  25. Фридрих Вилхелм — изборен кнез на Бранденбург
  26. Георг фон Фрундсбергвитез и водач на ландскнехтите
  27. Јакоб Фугер — трговец и филантроп од Аугсбург
  28. Ернст Гидеон вон Лаудон — австриски фелдмаршал од Ливонија
  29. Кристоф Вилибалд Глук — композитор
  30. Јохан Волфганг фон Гете — поет и сестран научник
  31. Јозеф Герес — писател
  32. Хуго Гроциј — холандски правник и мислител
  33. Ото фон Герике — германски научник и изумител
  34. Јохан Гутенберг — изумител на печатарството
  35. Албрехт фон Халер — швајцарски анатом и физиолог
  36. Ханс фон Халвил — швајцарски заповедник во Битката кај Муртен
  37. Георг Фридрих Хендл — германски барокен композитор
  38. Јозеф Хајдн — австриски класичен композитор
  39. Хајнрих Лавот — војвода на Саксонија и Баварија
  40. Хајнрих Птичарот — војвода на Саксонија и крал на Германците
  41. Вилхелм Хајнзе — германски писател
  42. Бертолд Хенебершки — изборен кнез и Мајнчки архиепископ
  43. Јохан Готфрид Хердер — германски поет, критичар и богослов
  44. Фридрих Вилхелм Хершел (Вилијам Хершел) — германски астроном и композитор
  45. Ханс Холбајн Помладиот — германски сликар
  46. Улрих фон Хутен — германски витез и ренесансен хуманист
  47. Фридрих Лудвиг Јан — германски родољуб и основоположник на денешната гимнастика
  48. Имануел Кант — германски филозоф
  49. Карло Тешенски — австриски војсководец
  50. Карло Vсвет римски цар
  51. Карло V — војсководец, војвода на Лотарингија
  52. Карл X Густав — крал на Шведска
  53. Катерина Великацарица на Русија
  54. Јоханес Кеплер — германски астроном и математичар
  55. Фридрих Готлиб Клопшток — германски поет
  56. Конрад IIсвет римски цар
  57. Никола Коперникастроном од Полска, првиот кој дал строг научен доказ за хелиоцентричниот модел
  58. Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар
  59. Готхолд Ефрајм Лесинг — германски поет од времето на просветителството
  60. Јустус фон Либиг — германски хемичар
  61. Парис Лодронски — Салцбуршки кнез-архиепископ
  62. Лудвиг Вилхелм Баденски — војсководец
  63. Лудвиг I — крал на Баварија
  64. Марија Терезија — надвојвотка на Австрија и кралица на Унгарија и Чешка (мајка на Марија Антоанета)
  65. Максимилијан Iсвет римски цар
  66. Максимилијан I — изборен кнез на Баварија
  67. Ханс Мемлинг — фламански сликар
  68. Антон Рафаел Менгсчешки сликар
  69. Мауриц Орански — холандски капетан, војсководец во војската на Холандската Република
  70. Мауриц Саксонски — германски војсководец и стратег
  71. Јустус Мезер — германски историчар
  72. Волфганг Амадеус Моцарт — австриски класицистички композитор
  73. Јохан Милер (Региомонтан) — германски астроном и математичар
  74. Јоханес фон Милер — швајцарски историчар
  75. Бурхарт Миних — германски фелдмаршал во служба на Русија
  76. Август фон Гнајзенау — пруски фелдмаршал
  77. Никола од Флие — швајцарски испосник и мистик
  78. Отон Iсвет римски цар
  79. Теофраст Хоенхајмски (Парацелзус) — швајцарски лекар и алхемичар од XVII век
  80. Жан Пол (Јохан Паул Фридрих Рихтер) — германски хуморист
  81. Макс фон Петенкофер — германски хемичар и хигиеничар
  82. Валтер фон Плетенберг — германски Мајстор на витешкиот ред Мечоносци
  83. Јојханес Ројхлин — германски филозоф и хуманист
  84. Петер Паул Рубенс — фламански сликар
  85. Рудолф I Хабсбуршки — германски крал
  86. Михил де Ројтер — холандски адмирал
  87. Герхард фон Шарнхорст — Пруски војсководец
  88. Фридрих Вилхелм Јозеф фон Шелинг — германски филозоф
  89. Фридрих Шилер — германски поет, застапник на правецот „бура и натисок
  90. Јохан Филип фон Шенборнархиепископ и изборен кнез на Мајнц
  91. Карл Филип цу Шварценберг — австриски кнез и фелдмаршал
  92. Франц Зикингенски — водач на витештвото во Рајнска област и Швабија
  93. Франс Снајдерс — фламански сликар
  94. Хајнрих Фридрих Карл Штајн — Пруски политичар
  95. Ервин Штајнбашки — германски архитект, градител на Стразбуршката катедрала
  96. Адалбеерт Штифтер — австриски писател
  97. Јован Авентин (Јохан Георг Турмајр) — баварски и историчар
  98. Максимилијан Траутмансдорфски — австриски дипломат, преговарач на Вестфалскиот мир
  99. Мартен Тромп — холандски адмирал
  100. Егидиј Чуди — швајцарски историчар
  101. Петер Фишер — германски вајар
  102. Албрехт фон Валенштајнчешки војсководец во Триесетгодишната војна
  103. Кристоф Мартин Виланд — германски Поет
  104. Вилхелм — гроф на Шаумбург-Липе и војсководец во Седумгодишната војна и војната во Португалија
  105. Вилем I Орански (Вилем Молчеливиот) — холандски кнез, водач во Осумдесетгодишната војна за независност од Шпанија
  106. Вилем Орански (Вилијам III) — холандски намесник и крал на Англија, Шкотска и Ирска
  107. Јохан Јоахим Винкелман — германски археолог и ликовен писател
  108. Николаус Цинцендорф — германски верски и општествен реформатор, епископ на Моравската црква
  109. ...
  110. ...
  111. Вилијам III (Халер, 1816)
  112. Лудвиг Вилхелм Баденски (Виднман, 1842)
  113. Готфрид Вилхелм Лајбниц (Шадов, 1808)
  114. Херман Бурхаве (Леб, 1823)
  115. Мориц Саксонски — германски војсководец, Маршал на Франција (Тик, 1813)
  116. Георг Фридрих Хендл (Шадов, 1815)
  117. ...
  118. ...
  119. ...
  120. ...
  121. Николаус Цинцендорф (Тик, 1818)
  122. Бурхарт Миних (Лосов, 1841)
  123. Јохан Јоахим Винкелман (Шадов, 1814)
  124. Вилхелм Шаумбург-Липе (Шадов, 1809)
  125. Албрехт фон Халер (Шадов, 1809)
  126. Антон Рафаел Менгс (Раух, 1808)
  127. Марија Терезија

Подоцнежни бисти (по 1847 г.)

[уреди | уреди извор]
Мермерни бисти бр. 125-128. Софи Шол е во средината долу.
По временски редослед на поставање
  1. Мартин Лутер (1848) — предводник на протестантската реформација, преведувач на Библијата на Германски; поставен по предлог на Хајнрих Хајне.
  2. Јозеф Радецки (1853) — чешки војсководец
  3. Фридрих Шелинг (1860) — германски филозоф
  4. Вилхелм I (1898) — германски цар
  5. Ото фон Бизмарк (1908) — канцелар Северногерманскиот Сојуз, а потоа и на Германското Царство
  6. Хелмут фон Молтке Постариот (1910) — германски гроф и генералфелдмаршал
  7. Рихард Вагнер (1913) — германски оперски композитор
  8. Јохан Себастијан Бах (1916) — германски композитор
  9. Франц Шуберт (1928) — австриски романтистички композитор
  10. Антон Брукнер (1937) — австриски композитор
  11. Макс Регер (1948) — германски композитор, оргулар и доцноромантистички композитор
  12. Вилхелм Рентген (1959) — германски физичар
  13. Рихард Штраус (1973) — германски композитор
  14. Карл Марија фон Вебер (1978) — германски вајар
  15. Грегор Мендел (1983) — шлески августински калуѓер и природонаучник[4]
  16. Алберт Ајнштајн (1990) — физичар
  17. Каролина Герхардингер (1998) — основоположник на монашкиот ред на Училишните сестри Богородични
  18. Конрад Аденауер (1999) — прв канцелар на Западна Германија
  19. Јоханес Брамс (2000) — романтистички композитор
  20. Софи Шол (2003) — деец на пасивниот отпор против националсоцијалистите во Германија.
  21. Карл Фридрих Гаус (2007) — математичар, астроном и физичар[5]
  22. Едит Штајн (2008) — филозоф и светица [6]
  23. Хајнрих Хајне (2009) — поет од романтизмот

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Walhalla, official guide booklet, translated by Helen Stellner and David Hiley, Bernhard Bosse Verlag Regensburg, 2002
  • Eveline G. Bouwers, Public Pantheons in Revolutionary Europe. Comparing Cultures of Remembrance, ~ 1790-1840, Basingstoke 2012, pp. 161–212 (ISBN 978-0-230-29471-4)
  • Adalbert Müller: Donaustauf and Walhalla (1846) на archive.org
  1. Брошура-водич, 2002, стр. 3
  2. Брошура-водич, 2002, стр. 6
  3. Annika Poloczek (2007). Die Walhalla – Entstehungs- und Baugeschichte, architektonische Gestaltung (Erste. изд.). Grin. стр. 13. ISBN 978-3-638-67220-7.
  4. Хинчице е во Шлеска.
  5. http://www.stmwfk.bayern.de/downloads/aviso/2004_1_aviso_48-49.pdf
  6. „Edith Stein in der Walhalla – Die heilige Nazi-Gegnerin“. Süddeutsche Zeitung. 2009-05-17. Посетено на 2013-09-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

49°01′53.35″N 12°13′26.72″E / 49.0314861° СГШ; 12.2240889° ИГД / 49.0314861; 12.2240889