Вардар (1929 - 1930)
Изглед
Писмо од Васил Пундев до Георги Попхристов со логото на весникот „Вардар“ | |
Уредник | Васил Пундев |
---|---|
Основан | 1929 |
Јазик | бугарски |
Седиште | Софија |
Вардар. Независен македонски неделник бил весник на македонската емиграција во Бугарија. Негов уредник бил Васил Пундев и излегувал во перодот помеѓу 1929 до 1930 година во Софија како легален орган на протогеровисткото крило на Внатрешната македонска револуционерна организација. Вардар е создаден од Пундев откако тој, Георги Кулишев и Никола Ѓеров ја напуштиле редакцијата на весникот Македонија[1] Весникот излегува во неделата. Бил укинат од владата на Андреј Љапчев по убиството на Пундев [2].