Прејди на содржината

Варијабилни трошоци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Разложување на вкупните трошоци како фиксни трошоци плус варијабилни трошоци.

Варијабилни трошоци се трошоци кои се менуваат пропорционално според активноста на бизнисите. Со други зборови варијабилните трошоци се износот од маргиналните трошоци. Исто така може да се сметаат како нормални трошоци. Заедно со фиксните, варијабилните трошоци ги прават двете компоненти од вкупните трошоци. Директните трошоци,сепак се трошоци кои лесно може да се поврзат со одреден потрошен предмет. Не сите варијабилни трошоци се директни трошоци,сепак, на пример, варијабилните производствени целокупни трошоци се варијабилни трошоци кои не се директни трошоци, но индиректни трошоци. Варијабилните трошоци понекогаш се наречени трошоци по единица производ како што варираат со бројот на произведени единици.

Директната работна сила и целокупните трошоци најчесто се наречени променливи трошоци,додека дирекните материјали и директната работна сила најчесто се познати како директни трошоци.

Објаснување

[уреди | уреди извор]

На пример, производствена фирма плаќа за суровини. Кога активноста е намалена, помалку суровини се користат и така опаѓа трошењето за суровини. Кога е зголемена активноста, се користат повеќе суровини и трошењето се зголемува. Треба да се забележи дека промената во трошоците се случува со малку или без потреба од менаџерска интервенција.

Компанијата ќе плати наемнини и трошоци за одржување во секој период без разлика колку енергија се користи и некоја електрична опрема( клима уреди или осветлување) може да бидат во употреба дури и во период на ниска активност. Овие трошоци може да се наречат како фиксни. Но покрај ова компанијата ќе користи струја за да работи погонот и машинеријата како што е потребно. Колку повеќе е зафатена компанијата, толку повеќе погонот ќе работи и така повеќе струја се користи. Ова дополнително трошење може да се земе предвид како варијабилно.

Во малопродажба трошоците за стока се скоро целосно варијабилни трошоци, ова не е исто и во производството каде што многу фиксни трошоци како што е амортизањето, се вклучени во трошоците за стоки.

Иако оданочувањето нејчесто варира со профитот, кој во профитот по акција варира со обемот на продажбата, нормално не се смета за варијабилен трошок. Во повеќето интереси, платата е исплатена по месечни стапки. Сепак може да постојат работни норми на работната сила врз основа на тоа директните трошоци (работна сила) може да бидат опфатени во трошокот за производот,во овој случај платата не може да биде одредена како варијабилна.

  • Garrison, Ray H; Eric W. Noreen, Peter C. Brewer (2009). Managerial Accounting (13e. изд.). McGraw-Hill Irwin. ISBN 978-0-07-337961-6.