Васил Дилев
Васил Дилев - Дитљак | ||
Роден | 1913 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 17 октомври 2011 Скопје, Македонија | |
Занимање | фудбалер и тренер |
Васил Дилев - Дитљак (Скопје, 1913 - Скопје, 17 октомври 2011) — легендарен македонски фудбалски голман, а подоцна и тренер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Дилев е роден во Скопје во 1913 година и бил еден од пионерите на македонскиот фудбал и како голман го чувал голот на СК Македонија и ФК Вардар. По завршувањето на фудбалската кариера бил првиот тренер во Македонија со положен тренерски испит.
Кариерата ја почнал со неполни 17 години во Победа од Скопје, но набрзо се нашол на голот на Славија, со која во далечната 1934 година учествувал во квалификациите во Белград за влегување во тогашната Прва југословенска лига против БСК и белградска Југославија. Играл против најголемите фудбалски ѕвезди во тоа време Моша Марјановиќ, Александар Тирнаниќ, Арсениевиќ, кои таа година играле и на Светското првенство во Монтевидео во Уругвај, кога Југославија го освои четвртото место.
Васил Дилев бил последниот жив фудбалер на СК Македонија, фудбалскиот клуб кој во 1941 година со одлука на бугарските власти станува дел од првенството на Бугарија. Тимот бил предводен од тренерот Илеш Шпиц и водел борба за титулата со познатиот тим Левски. Починал во Скопје на 97 годишна возраст на 17 октомври 2011 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина легендарниот Васил Дилев - Дитљак“. 24 фудбал. 18 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2011-11-20. Посетено на 2011-12-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Голманот со качкет замина во легендите[мртва врска] - Утрински Весник
- ВИДЕО: IN Memoriam: Почина „Дитљак“