Прејди на содржината

Ватрослав Лисински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ватрослав Лисински
Роден(а)Игнатиј Фухс (Ignatius Fuchs)
8 јули 1819(1819-07-08)
Загреб, Кралство Хрватска, Австриска Империја
Починал(а)31 мај 1854(1854-05-31) (возр. 34)
Загреб, Кралство Хрватска, Австриска Империја
НационалностАвстриец
НародностЕвреин

Ватрослав Лисински (8 јули 1819 – 31 мај 1854) ― хрватски композитор.

Лисински бил роден како Игнатиј Фухс во германско еврејско семејство.[1][2] Подоцна ќе го промени своето име во Ватрослав Лисински,[3] што е хрватска преведеница на неговото изворно име. Извесен период работел како службеник во судот (т.н. Бански стол) на Хрватска во Загреб.

Лисински ја компонирал првата хрватска операЉубов и злоба“ (1846), која ја напишал по наговор на Алберто Огњен Штрига[4] и „Порин“ (1851), како и бројни дела за оркестар, хор и солисти. Концертната сала „Ватрослав Лисински“ го носи неговото име.

Тој исто така бил еден од основачите на илирството, движење кое го застапувало значењето на хрватското и поопшто јужнословенското културно наследство,[5] како реакција на магијаризацијата за време на австроунгарското владеење.

Лисински умрел во Загреб на 31 мај 1854 година и бил погребан на гробиштата Мирогој.[6]

Меѓународниот воз ЕН 498/499 што ги поврзува Загреб и Минхен го носи името „Лисински“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Beus-Richembergh, Goran. „Croatian God German“ (хрватски). Матица хрватска. Архивирано од изворникот на 2010-07-12. Посетено на 11 јуни 2023. Vatroslav Lisinski, pravim imenom Ignaz Fuchs, bio je njemačko-židovskog podrijetla,... ("Vatroslav Lisinski, real name Ignaz Fuchs, was of German-Jewish origin, ...")
  2. Polimac, Nenad (23 декември 2009). „Titula izdanja godine za blistavo restaurirani film“ (хрватски). Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 11 јуни 2023. Prvi hrvatski operni skladatelj Vatroslav Lisinski, zapravo zvao Ignac Fuchs i bio je podrijetlom Židov. ("The first Croatian opera composer Vatroslav Lisinski, real name Ignac Fuchs was a Jew by origin.")
  3. Kalogjera-Brkić, Ivana (26 јули 2009). „I'm not minister for the money, I already have my millions“ (хрватски). Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 8 март 2011. Посетено на 11 јуни 2023. Obiteljskoj lozi po očevoj strani pripada i Vatroslav Lisinski, pristaša ilirskog pokreta, pravim imenom Ignac Fuchs. ("To family line on my father's side belongs Lisinski, a supporter of the Illyrian movement, whose real name was Ignac Fuchs")
  4. „Opera“. Архивирано од изворникот на 2 февруари 2014. Посетено на 11 јуни 2023.
  5. „Himna“. Архив на Југославија. Архивирано од изворникот на 2022-12-31. Посетено на 11 јуни 2023. [Hey, Slavs] was sung as the anthem at the pan-Slavic congress in Prague in 1848, where delegate Vatroslav Lisinski declared himself as the first Yugoslav.
  6. (на хрватски) Gradska groblja Zagreb: Vatroslav Lisinski - pod ilir, Mirogoj RKT-908-PAVVEL-1