Во близина на малиот град Гозекархеолозите ја открија во 1999, најстарата сончева опсерваторија во Европа, победувајќи го Стоунхенџ за повеќе од 2000 години. Околу 5000 години п.н.е. кружниот ров со пречник од 75 метри бил опкружен со дрвени палисади, со три отвори што се овозможува да се мери датумот на пролетната и есенската рамноденица. Ископувањата на наоѓалиштето се планирани да продолжат до 2007.
Округот во денешните граници бил основан во 1994, кога двата претходни окрузи Вајсенфелс и Хоенмелзен биле споени.
Главната река во округот е Зале, со лозја по течението на речната долина. Во источниот дел од округот има отворен рударски коп за лигнит, во близина на Хоенмелзен.
Главниот симбол на грбот е сината лента, претставувајќи ја реката Зале. Прускиот орел во горниот десен агол бил додаден, кога оваа територија станала дел од Прусија во 1816, иако историски припаѓа на Саксонија. Листот од детелина со рударски симбол внатре бил земен од грбот на поранешниот округ Хоенмелзен. Листот го претставува земјоделството во округот, рударските чекани рудниците за јаглен.