Прејди на содржината

Весна Јаневска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Весна Јаневска
Министерка за образование и наука на Македонија
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Јетон Шаќири
Лични податоци
Роден(а) Весна Јаневска
27 јуни 1958(1958-06-27)(66 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Народност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Други припадности ВМРО-НП
Занимање патолог
Вероисповед Православие

Весна Јаневска (р. 27 Јуни 1958 година во Скопје) — македонски патолог и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Таа е моментално Министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Свој придонес во областа на медицината и патологијата остварила со следниве истражувачки проекти: „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“; „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“; „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“; „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“.

Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.

На 23ти Јуни 2024 г. таа стана новата министерка за образование и наука во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[2]

  1. „ЈАНЕВСКА ВЕСНА“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-10-06.
  2. „Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири“. Министерство за образование и наука (англиски). Посетено на 2024-07-03.[мртва врска]