Ветерско
Ветерско | |
Координати 41°49′22″N 21°42′18″E / 41.82278° СГШ; 21.70500° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29008 |
Ветерско на општинската карта Атарот на Ветерско во рамките на општината | |
Ветерско на Ризницата |
Ветерско — село во Општина Велес, во околината на градот Велес, во близина на вештачкото езеро Младост, познато како Велешко Езеро.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ветерско се наоѓа во крајниот периферен северен дел на Општина Велес, во јужното подножје на Градиштанска Планина, на 16 километри оддалеченост од градот Велес и на 39 километри југозападно од градот Скопје. Сместено е од левата страна на патот Скопје - Велес којшто води по долината на реката Пчиња.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Ветерско било село во Велешката каза на Отоманското Царство.
Во селото постои мала црквичка Свети Никола која до почетокот на XX век била во урнатини (најверојатно ја урнале Турците и маџирите-бегалци од Босна и Херцеговина кои биле населени тука во 1887/89, а биле избркани околу 1914/15 година).
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветерско било село со 15 домаќинства од 73 жители Македонци[2].[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 115 жители, сите Македонци.[2][4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ветрино имало 136 Македонци, сите под егзархијата.[5]
На етничката си карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Ветерско (Vetersko) како македонско христијанско село.[6][7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Селото броело 210 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 16 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ветерско живееле само 9 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 115 | 136 | 228 | 226 | 210 | 116 | 49 | 17 | 16 | 9 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Ветерско е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
- Доселеници: Малиновци или Каламановци доселени се од селото Бадар; Стојчевци доселени се од селото Малино; Мановци се делат на Маневци и Јаневци, Мировци, Галевци кои знаат предание дека водат подалечно потекло од Мијачијата од Тресонче[15] и Карабела- Костиќ доселени се, но не знаат од каде.
Многу одамна во селото живеел и некој Димитрија доселен од околината на Петрич во Пиринска Македонија, но семејството му изумрело.[16]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]селото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на здравковиќ росанда на селото Рудник.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[18]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Верски објекти
- Црква „Св. Никола“
- Ветерски манастир („Св. Јован Крстител“)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 184–185. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 156. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 118–119.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Schultze Jena, Leonhard (1927). Makedonien : Landschafts- und Kulturbilder (германски). Jena: Verlag von Gustav Fischer.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 1 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ По кажување на Трајче Галевски, потомок на овој род
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|