Видовиште
Видовиште | |
Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД | |
Регион | Кочанско Поле |
Општина | Зрновци |
Население | 234 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13005 |
Надм. вис. | 482 м. м |
Видовиште на општинската карта Атарот на Видовиште во рамките на општината | |
Видовиште на Ризницата |
Видовиште — село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во јужниот дел на Кочанско Поле, меѓу левата страна на реката Брегалница и северозападните огранки на Плачковица. Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Кочани населбата е оддалечена 12 километри. Атарот зафаќа површина од 8,3 км2.[2] Низ селото тече Видовишка Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото во XIX век било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 520 жители, од кои 500 Турци и 20 Роми.[3] Сепак, бугарскиот публицист Димитар Мишев во 1905 година забележал дека селото имало и 64 христијани (Македонци).[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 100 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 494 жители, од кои 481 Македонец и 13 Власи.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 225 Македонци, 2 Власи и 7 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 515 |
1953 | 469 | — | 82 | 32 | 39 | — | — | 1 | — | 623 |
1961 | 618 | — | — | — | ... | — | — | 49 | — | 667 |
1971 | 681 | — | — | — | — | — | — | — | — | 681 |
1981 | 629 | — | — | — | 14 | — | — | — | — | 585 |
1991 | 529 | — | — | — | 22 | — | — | — | — | 551 |
1994 | 518 | — | — | — | 23 | — | — | — | — | 541 |
2002 | 481 | — | — | — | 13 | — | — | — | — | 494 |
2021 | 225 | — | — | — | 2 | — | — | — | 7 | 234 |
Родови
[уреди | уреди извор]Видовиште е македонско-влашко село, а во минатото во селото имало и турски и ромски родови.
- Турски родови биле: Мустафовци (1 к.), Али Агини (1 к.) и Али Даутовци (1 к.), а до крајот на турското владеење имало многу повеќе турски родови, кои во селото се населиле во XVIII век.
- Влашки родови: Атанас (1 к.), Ѓорге (1 к.), Косто (1 к.), Санто (1 к.) и Ташко (1 к.) населени се 1925 година на земја и куќи кои ги купиле од иселените Турци.
- Македонски родови: Анѓеловци (5 к.), Пешовци (3 к.), Младеновци (2 к.) и Арсовци (1 к.) доселени се од селото Конопница, Кривопаланечко; Миладиновци (5 к.), Станковци (2 к.), Радојковци (2 к.), Павлевци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Добровница, кривопаланечко; Јаќимовци (1 к.) и Анѓеловци (1 к.) доселени се од селото Осиче, кривопаланечко; Димитровци (1 к.) доселени се од селото Подржи коњ, кривопаланечко; Вучковци (1 к.) доселени се од селото Кркља, кривопаланечко; Анѓеловци (4 к.), Митковци (1 к.), Јаќимовци (1 к.), Шунда (1 к.), Смилковци (1 к.), Станојковци (1 к.) и Бошковци (1 к.) доселени се од селото Црцорија, кривопаланечко; Јордановци (3 к.) доселени се од селото Мождивњак, кривопаланечко; Пауновци (2 к.), Диле (1 к.), Ристевци (1 к.), и Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река, кривопаланечко; Станојевци (2 к.) и Божиловци (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол, кривопаланечко; Анчевци (1 к.) и Китановци (1 к.) доселени се од селото Дренак, кривопаланечко; Митевци (2 к.) доселени се од селото Киселица, кривопаланечко; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Длабочица, кривопаланечко; Стојанчевци (1 к.) доселени се од селото Узем, кривопаланечко; Стојменовци (2 к.) доселени се од селото Железница; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Крива Јаболка; Стојиловци (3 к.) доселени се од селото Ново Село, Радовишко; Димитријевци (2 к.), Петровци (2 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Костин Дол; Стојан Говедар (1 к.), Арсовци (1 к.) и Темелковци (1 к.) доселени се од селото Главовица; Доневци (3 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Крстевци (2 к.) и Спасевци (2 к.) доселени се од селото Цера, кај Македонска Каменица; Даневци (1 к.) доселени се од селото Длаги Дол; Постоловци (1 к.) доселени се од селото Небојани. Македонски родови се доселени почнувајќи од 1926 година па до крајот на 50-тите.
- Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото Радибуш.
- Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото Стар Истевник, кај Делчево.[8]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 888 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[9]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[11]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Околу 70 турски семејства од ова село се имаат иселено во Турција до 1955 година.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 44.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. стр. 124-125–126-127.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „архивски примерок“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2020-09-30.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Видовиште на Карти на Гугл