Прејди на содржината

Википедија:Велоекспедиции

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Велоекспедиции“

„Велоекспедиции“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Проектот започнал да се спроведува во 2016 година. Се развил по успешното спроведување на третата викиекспедиција спроведена во Мариово, кога учесниците на експедицијата со своите велосипеди поминале бројни села низ Мариово. Во 2016 година бил вметнат како посебен издвоен проект.

Критериуми за избор на област

[уреди извор]

Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:

  • број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
  • број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.

Список на велоекспедиции

[уреди извор]

Во текот на 2016 година не била организирана посебна експедиција во една област, туку учесниците низ текот на годината посетиле многубројни села низ цела Македонија.

Во август 2017 година била организирана првата посебна експедиција во една област, областа Ѓават-Кол.

Во септември 2018 година била организирана експедиција на територијата на Општина Битола.

Во октомври 2019 година била организирана експедиција на територијата на Скопска Црна Гора.

Во септември 2020 година била организирана експедиција на територијата на Порече.

Во октомври 2021 година била организирана експедиција на територијата на Општина Јегуновце.


Поврзано

[уреди извор]