|
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
|
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешно гласање за воведување нови закосени букви на Википедија на македонски јазик.Ве молиме, не ја менувајте нејзината содржина!
Предлогот е направен на 16 јануари 2017 г. во 13:51 ч. (CET) и гласањето трае 7 дена.
Почитувани википедијанци, во многу наврати се соочуваме со потешкотии во одлучувањето при гласање, што се должи на непотполноста или воопшто отсуството на јасни правила за гласање. За таа цел, сакам да предложам промена и дополнување на правилата за одлучување при следните видови на гласање: 1) доделување/одземање на кориснички права (пр. доделување на оценувачки, администраторски или бирократски статус), 2) прогласување/ревизија на избрана содржина (пр. избрана статија) и 3) гласање за политики, правила и новини (пр. воведување на нови алатки, промена на постоечки политики, бришење на страници, општи предлози на корисници).
Внимание: Појаснувањето на правилата за гласање има за цел да го спречи масовното гласање од страна новопријавени корисници и не го ограничува правото на секој корисник да учествува во дискусијата без оглед на тоа дали ги исполнува критериумите за гласање.
Предлог 1: Доделување/одземање на кориснички права
[уреди извор]
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас и на каков начин се донесува одлуката. Единствено нешто коешто е познато и се преминува е времетраењето на гласањето од 7 дена. Мојот предлог е следниот:
- времетраењето на гласањето да биде 7 дена;
- право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
(6/1/0); Закажано да заврши на 23 јануари 2017 г. во 13:51 ч. (CET)
- --Kiril Simeonovski (разговор) 09:07, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Тиверополник 10:30, 18 јануари 2017 (CET)
- Мора да има јасно утврдени правила за гласање. Не може нов корисник кој, можеби и е испратен од некој, да дава одлука за заедница која подолго време е активна и твори.--Никола Стоіаноски 14:56, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Ehrlich91 (разговор) 18:34, 18 јануари 2017 (CET) Целосно се согласувам со Никола. --Ehrlich91 (разговор) 18:34, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Инокентиј (разговор) 19:47, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --ГП (разговор) 13:28, 21 јануари 2017 (CET)[одговори]
- - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Не наоѓам потреба за ова гласање. При секој посебен случај на доделување или одземање на кориснички права, се повторуваат главно истите правила, но во зависност од тежината на гласањето, добро би било да постои слобода да се изменуваат.
Предлог 2: Прогласување/ревизија на избрана содржина
[уреди извор]
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас и на каков начин се донесува одлуката. Ова понекогаш доведува до случаи во кои врз основа на субјективен вредносен суд се донесува одлука којашто е спротивна на мнозинството (пр. Славјанско-маќедонска општа историја) или случаи кога е донесена одлука врз основа на вклученост на мал број корисници при отсуство на оценка за дадениот предлог (пр. 1 − 2 + 3 − 4 + …). Единствено нешто коешто е познато и се преминува е времетраењето на гласањето од најмалку 7 дена. Мојот предлог е следниот:
Мојот предлог е следниот:
- времетраењето на гласањето да трае 7 дена;
- право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од
30 дена 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за прогласување/ревизија на избрана содржина се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку три.
Спорен е делот од предлогов: корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 30 дена и имаат направено најмалку 500 уредувања. За 30 дена 500 уредувања? Некој треба да не крене глава од Википедија (16 уредувања на ден) за да го постигне ова или да ги создаде 500 уредувања начин кој не го прави искусен уредувач. - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- @Виолетова: Слично како и кај предлогот бр. 3, моментно немаме правила за гласање, така што одбивањето на предлогот би значело дека секој би имал право на глас. Затоа, најдобро е да се дадат други предлози за кои би гласале.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Се сложуван со Виолетова. Да се смени во 6 месеци со најмалку 500 уредувања. Невозможно е да има 500 уредувања во именски простор за 30 дена. За ова не треба двотретински, може и со просто мнозинство. За да не гласам против заради овие точки, ќе чекам дискусијава да се развие.--Никола Стоіаноски 15:00, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- @MacedonianBoy: Во ред е предлогот да биде 6 месеци и 500 уредувања, па затоа ќе земам уште веднаш да го променам. Во врска со двотретинското мнозинство, тоа мислам дека е неопходно со оглед на тоа што има случаи кога некои корисници гласаат „За“ без убаво да ја проверат статијата и се воведуваме во ситуација кога оние малкумина кои гласале „Против“ имаат силни аргументи. Преку појаснувањето на правилата за гласање, главната цел е да се избегне субјективното одлучување на некои корисници во врска со одлуката и да се постави јасен критериум за одлучување. Примената на двотретинско мнозинство за прогласување/ревизија на избрана содржина со години успешно се применува на Ризницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:10, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Предлог: Не е изречито напишано, но мислам дека уредникот што ја номинира статијата за избрана не треба да гласа. Тоа е исто како некој да бара стекнување со администраторски статус и да гласа „за“ да стане администратор. Втора работа, ако нема јасен консензус дали статијата треба да биде промовирана или деградирана (пр. 5 спрема 3), предлагам гласањето да го затвори уредник што не гласал, за да се избегне пристрасност. И трета работа, од кога новите правила стапуваат на сила?--Retrohead (разговор) 18:54, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Едно време се сеќавам дека не гласавме за сопствени предлози за избрани статии, но мислам дека не е проблем предложувачот да смее да гласа. Предложувачот е корисник кој вложува напори за пронаоѓање на квалитетна статија или нејзино подобрување, така што лишувањето од правото на глас може негативно да се одрази врз желбата корисниците во иднина да предложуваат статии за избрани. Ова не е исто со гласањето за избор на оценувач, администратор или бирократ, каде што гласањето се однесува на лична основа и нема смисла корисникот да гласа сам за себе. На крајот на краиштата, предложувачот може и воопшто да не гласа за сопствениот предлог. Новите правила ќе стапат во сила веднаш по нивното изгласување, односно ќе важат за сите гласања што ќе започнат по изгласувањето на новите правила.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:44, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Ајде да го преформулирам предлогот. Нека остане на предлагачот дали сака да гласа или не, но мислам наместо со 2/3 мнозинство, одлука да се донесува со консензус. На пример во ситуација 6:3 предлогот би прошол, но мислам дека не треба да се занемарат трите гласови против, особено ако имаат цврсти аргументи. Вака ако предлагачот има обезбедено 2/3 нема причина да постапува по сугестиите за подобрување на статијата од тројца кои гласале против, што не е во ред.--Retrohead (разговор) 20:17, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Моментно се применува непишано правило дека не смеат да се занемарат гласовите „Против“ без оглед на бројот на дадени гласови „За“ , па така неколку пати се има случено предлог за кој се дадени повеќе гласови „За“ да е одбиен заради помал број на гласови „Против“ со силни аргументи, што често наидува на незадоволство кај предложувачот или авторот на статијата. Воведувањето на јасен критериум нема да го реши овој проблем, но барем ќе оневозможи одлучувањето да биде врз основа на субјективен суд на корисникот. Дури и да воведеме деветдесетинско мнозинство може да се случи да има десет гласови „За“ и само еден глас „Против“ со силен аргумент, па со тоа предлогот да помине со занемарување на аргументот зошто статијата не треба да биде избрана. Проблемот е што од една страна не смее да се дозволи да се занемари гласот на мнозинството (моќ на заедницата), но од друга страна не смеат да се занемарат ниту аргументите на малцинството (барање за квалитет). Сепак, со воведувањето на построг критериум за избор од просто мнозинство, целта е да се подигне свеста кај корисниците дека прогласувањето на избрани статии не е само собирање на гласови, туку и прегледување на статијата и вложување напори за нејзино подобрување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:09, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
(5/0/1); Закажано да заврши на 23 јануари 2017 г. во 13:51 ч. (CET)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 23:58, 17 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Kiril Simeonovski (разговор) 09:07, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Тиверополник 10:30, 18 јануари 2017 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 18:36, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Инокентиј (разговор) 19:48, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET) По ова прашање вообичаено гласаат многу мал број на уредувачи, па не гледам смисла тоа дополнително да се комплицира со строги правила.[одговори]
Предлог 3: Гласање за правила, политики и новини
[уреди извор]
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас, на каков начин се донесува одлуката и колку изнесува времетраењето на гласањето. Сепак, во последните изгласани предлози на селската чешма може да се забележи дека процесот на гласање е структурирано, а времетраењето на гласањето одредено од страна на предложувачот изнесува пет или седум дена. Мојот предлог е следниот:
- времетраење на гласањето да трае 7 дена;
- право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од
30 дена 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Спорен е делот од предлогов: корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 30 дена и имаат направено најмалку 500 уредувања. - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- @Виолетова: Моментно не постојат никакви ограничувања за тоа кој смее да гласа, така што ако овој предлог биде одбиен, тоа значи дека нема да се појаснат и правилата и полноважно право на глас ќе има било кој регистриран корисник на Википедија на македонски јазик (дури и оној кој истиот ден создал корисничка сметка и не направил ниту едно уредување). Затоа, најдобро е да се дадат дополнителни предлози за тоа какво ограничување би поставиле. Јас се мислев да продолжам со периодот од 6 месеци како во претходните два примери, но се одлучив за 30 дена од причина што многу често гласаме за воведување на алатки или некои други рутински работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:26, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- @Kiril Simeonovski: Кога се отвора гласање, вообичаено е најпрвин да се утврдат правилата, и колку што се сеќавам, така сме гласале досега. Инаку, за мене е нелогично за правила и политики да гласаат нови корисници, нови според времето посветено на оваа енциклопедија. Јас предлагам овде да стои минимум 6 месеци, бидејќи гласање за правила и политики е сериозна работа. Новините во смисла на нови алатки најчесто ги прифаќаме сите, дури не мора ни да се воведува посебен критериум кој смее да ги гласа. -Виолетова (разговор) 14:23, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
(6/0/0); Закажано да заврши на 23 јануари 2017 г. во 13:51 ч. (CET)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 23:58, 17 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Kiril Simeonovski (разговор) 09:07, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Тиверополник 10:30, 18 јануари 2017 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 18:37, 18 јануари 2017 (CET) [одговори]
- --Инокентиј (разговор) 19:48, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Никола Стоіаноски 17:21, 21 јануари 2017 (CET)[одговори]
# - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET) Јас не се согласувам со идејата за правила, политики и новини на Википедија на македонски јазик да гласаат штотуку регистрирани корисници (30 дена), макар и да им бараме 500 уредувања (а што само по себе е нелогично). Потребно е повеќе време да помине некој на Википедија. Една работа е некој нов да дава предлози и мислења, а друга работа е да одлучува.[одговори]
Врз основа на дадените гласови, констатирам дека сите три предлози се усвоени. Примената на новите правила ќе важи за секое гласање започнато по усвојувањето на промените во правилата за гласање.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:20, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите. Ова мене ми личи како да си поставен за директор на некоја фирма, а во 10 години ниту еднаш да не отидеш на работа.--Retrohead (разговор) 12:22, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме процес за одземање на администраторските права, а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Ок, ќе им оставам порака на вики профилите, па ако не реагираат ќе иницирам постапка.--Retrohead (разговор) 23:47, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Дефинитивно треба да ги контактирате администраторите во прашање. Требало уште во 12:22, 24 јануари 2017 да ме исконтактирате.
- Инаку, не ја гледам причината да се отстрануваат администратори, освен ако нема некој лимит или нешто слично што го спречува функционирањето на проектот. Тоа е моето општо мислење.
- Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
- Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —iNkubusse A? 02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само Кирил не се предава! :D[одговори]
- 8 до 10 години!
- Толку многу сме остареле, INkubusse, што се изненадив дека некој ми пишал: бидејќи средував нешто ситно на англиската Википедија, си мислев дека нотификацијата се однесува на нешто тамошно, ама бидејќи и јас, како тебе, ретко (и главно анонимно) уредувам, ми требаа неколку секунди да сфатам кој и каде ми пишува. Би се повторил кога би напишал што и да е повеќе по однос на темава: да пишував пред INkubusse, веројатно ќе напишев нешто многу слично. Премногу работни обврски и нереализирани цели на личен план за да насетам враќање во блиска иднина, па не гледам зошто не би бил преместен од поделокот на неактивни во оној на поранешни администратори; и самиот, кога пред некое време ги гледав листите, сфатив дека припаѓам таму: неколку години имав задоволство да работам со оние од листата на неактивни и поранешни администратори, а дел од активните администратори (Raso mk, Тиверополник, MacedonianBoy) го стекнуваа своето реноме и статус некако паралелно со нашата деволуција од активни во полуактивни администратори; останатите, ако не се лажам, некаде тогаш почнуваа активно да уредуваат. Природна смена на генерации. Секако, концепт без никакво значење за Бојан и Кирил.
- Беше убаво додека имавме време. Светот, за жал, да ти бил безнадежно различен и не многу заинтересиран за аргументи. Капа долу до сите што издржавте. – Виктор Јованоски (разговор) 10:59, 28 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Кога ќе размислам од денешна перспектива (и јас еднаш спомнав за отстранување) што корист има Википедија ако им се одземат правата на неактивните админи? Ништо. Нека бидат и понатака админи, самото тоа што се ставени во секција неактивни е доволно. Активните корисници имаат претстава кој е активен а кој не. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:29, 28 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Ок, бидејќи има различни мислења, ќе отворам гласање, па кој како сака. Бидејќи Гитар Демон не одговори, ниту пак има намера да се враќа, судејќи според шаблонот на неговата страница за разговор, мислам дека одлуката за него не би била контроверзна, но како и да е. Инаку, Ivica83 бил админ или не, бидејќи го нема на списокот? И уште едно прашање, дали е тоа целосен All-Time список на админи?
- П.С.—Почит за улогата на Виктор и Инкубус во етаблирањето на македонската Вики, ако не се согласуваат со мојот предлог, целосно ги разбирам.--Retrohead (разговор) 14:43, 29 јануари 2017 (CET)[одговори]
- @Retrohead: Предлозите за одземање на администраторскиот статус во минатото ги правевме преку поднесување на барање на посебна страница, па поради поголема прегледност и систематичност во целиот процес предлагам да се поднесат одделни барања преку процесот за одземање на администраторскиот статус.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:36, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Ок, направено. Ако може известување во горниот дел од екранот дека гласањето е во тек.--Retrohead (разговор) 17:00, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
- Ок Известувањето е додадено.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:15, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
Ќе може ли накратко да м објасните како да отворам нова статија, некако комплицирано ми е уредувањево на Википедија. Пробувам со песочникот па уреди извор па темплејт за инфо бокс средував ама не е ништо објавено. Ми пристигна порака дека погрешни се извори цитирани од фесбук и ју тјуб, тоа го променив, наведов извор од оригиналната веб страна но повторно ништо.--Branko1Sotirovski (разговор) 19:08, 1 февруари 2017 (CET)[одговори]
- Во горниот десен агол има поле „Пребарајте по Википедија“. Во него впишете наслов на статијата која сакате да ја создадете. Доколку статијата не постои, насловот кој го впишавте ќе се појави со црвени букви и известување дека статијата не постои. Кликнете на црвените букви и започнете со пишување на текстот. Кога сте готови, кликнете „зачувај“ и voila, статијата е достапна за корисниците.--Retrohead (разговор) 10:02, 2 февруари 2017 (CET)[одговори]
Здраво на сите,
би сакал да ве известам дека од денес, благодарение на мое залагање и со помош од Фондацијата Викимедија, која стапи со самиот фејсбук, групата Википедија на македонски јазик е верификувана. Тоа значи дека е признаена од страна на фејсбук и сега до нашето име ќе се употребува и синиот знак „штикла“, која означува дека страницата е автентична. Страницата се трудиме да ги промовира подеднакво страниците, фотографиите на Ризницата, разни интересни факти и слично. Слободно контактирајте ме доколку имате вакви идеи, а веќе не биле промовирани. Убав ден за нашата Википедија --Ehrlich91 (разговор) 21:13, 15 февруари 2017 (CET)[одговори]
Здраво,
Не ми е јасно како се креираат шаблони (доколку тоа можам јас да го правам) па би сакал некој да ми објасни а доколку тоа треба друг да го направи тогаш да исконтактираме и да направи шаблон. Имам во план проект со кој ќе се направат теми за единици, бригади и сл. низ воените сили па во тоа ќе помогне и творбата на еден таков шаблон.
Поздрав.
- Здраво Идеологист, еве веќе готов шаблон за бригади. Треба да провериш дали можеби постои тоа што ти би сакал да го креираш? Поздрав - Виолетова (разговор) 19:58, 28 февруари 2017 (CET)[одговори]
- Во англиската Википедија кодот за тоа е infobox, токму тоа го барам јас. Содржината е склоп на сите поими за воени единици, значи не пример статија за некој баталјон кој постои и дејствува туку статија за тоа што значи поимот баталјон, од каде датира и сл. Значи, ова е само пример, јас ќе се обидам да направам така за сите воени единици (поим за чета, вод, баталјон, бригада итн.). Ваква кутија за информации има во англиската Википедија но нов сум овде и незнам како да воведам врска од англиската Википедија во овој текст. Ви благодарам за одговорот пред сè.
Идеологист 22:27, 28 февруари 2017 (CET)
- Здраво, веќе постои и таков шаблон (Предлошка:Инфокутија Воена единица) како што можам да забележам. За параметрите во самиот шаблон, можеш да ги најдеш на англиската Википедија, бидејќи нема шаблонска документација на нашата или од веќе создадена статија за некоја од бригадите, каде што веќе е употребен овој шаблон. Се надевам ти помогнав. --Ehrlich91 (разговор) 22:39, 28 февруари 2017 (CET)[одговори]
Би Ве замолила за помош за уредување на статијата Елдин Вражалица! Бидејќи ѝ се заканува бришење, а јас се уште ја уредувам, т.е. имам ставено назнака за никулец, Ве молам помогнете ми како да ја средам. Благодарам! NatasaNedanoska (разговор) 23:13, 13 март 2017 (CET)[одговори]
Почитувани википедијанци, нашиот долгогодишен пријател и вработен во Фондацијата Викимедија Асаф Бартов (кориснички сметки: Ijon, Asaf (WMF)) е заинтересиран да ја посети Македонија во периодот од 22-23 април 2017 година и во Скопје да одржи дводневна работилница наменета за заедницата на Википедија на македонски јазик. Асаф е одличен предавач и говорник со долгогодишно искуство во работата со заедниците од земјите во развој, а во изминатите неколку години има остварено и посета на земјите од нашето окружување.
Одржаната работилница би била во склоп на иницијативата Развој на капацитетите на заедницата, чија цел е откривање на потреби и начини за развој на капацитетите на заедниците. Една од темите на обуката би била воведување на заедницата во проектот Википодатоци и запознавање со неговата функционалност и значење при уредувањето на останатите викимедиини проекти. Во врска со другите теми е потребно нашата заедница да одлучи што би биле заинтересирани да научиме и кои способности и вештини сметаме дека треба да ги подобриме. За таа цел, во склоп на иницијативата се предвидени следните шест тематски подрачја, и тоа:
- Управување со заедницата;
- Разрешување конфликти;
- Технички вики-вештини;
- Привлекување и поддршка на нови корисници;
- Партнерства; и
- Комуникации и односи со медиуми.
Покрај овие теми, можно е да одбереме и некои други коишто сметаме дека се важни за нашата заедница и лично за нас како википедијанци. Работилницата е планирано да вклучува и интерактивен дел со прашања и одговори во врска со работи поврзани со движењето.
Мислам дека ова е голема можност за развој на капацитетите на нашата заедница, како и на нашите поединечни вештини и истата не треба да ја пропуштиме. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани википедијанци да се пријават и да се вклучат во дискусијата за одредување на другите теми што би биле опфатени на работилницата.
Внимание: Работилницата би била изводлива и би се одржала доколку на неа учествуваат најмалку 10 лица.
- --Kiril Simeonovski (разговор) 09:48, 11 април 2017 (CEST)[одговори]
- --Ivan Zivkovik (Иван Ж (разговор) 10:26, 11 април 2017 (CEST))[одговори]
- --FlavrSavr (разговор) 17:21, 11 април 2017 (CEST)[одговори]
- --Виолетова (разговор) 21:37, 11 април 2017 (CEST)[одговори]
- --Retrohead (разговор) 22:42, 11 април 2017 (CEST)[одговори]
Со оглед на тоа што времето одминува и е потребно да му одговориме на Асаф, исходот од дискусијата е дека работилницата нема да се одржи поради слабиот интерес од страна на заедницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 14 април 2017 (CEST)[одговори]