Виктор Икпеба
Виктор Икпеба | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 јули 1973 | ||
Роден во | Бенин Сити, Нигерија | ||
Држава | Нигерија | ||
Висина | м | 1,74||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2007 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989 | АЦБ Лагос | ||
1989-1993 | РФК Лиеж | 79 | (27) |
1994-1999 | Монако | 169 | (55) |
1999-2001 | Борусија Дортмунд | 30 | (3) |
2001-2002 | → Бетис | 3 | (0) |
2002-2003 | Ал-Итихад Триполи | 26 | (13) |
2004 | Шарлероа | 15 | (5) |
2005-2007 | Ал-Сад | ? | (?) |
Репрезентација ‡ | |||
1992-2002 | Нигерија | 31 | (7) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Виктор Носа Икпеба (роден на 12 јуни 1973 во Бенин Сити) — поранешен нигериски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Во својата кариера настапувал за осум клубови, а најдлабока трага оставил играјќи пет години за Монако. Во 1997 година токму како играч на Монако ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината доделена од КАФ.
Со нигериската репрезентација настапил на две Светски првенства во 1994 и 1998. Исто така, тој бил дел од репрезентацијата која победила на Африканскиот куп на нациите во 1994 и го освоила златниот олимписки медал во Атланта 1996 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Икпеба е оженет и има три деца. Во мај 2000 година неговата сопруга Атинуке починала на возраст од 26 години, од рак на градата.
Икпеба со својте деца денес живее во Монако.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Талентот на Икпеба бил отркриен од страна на белгискиот клуб РФК Лиеж уште додека тој настапувал со својата репрезентација на Светско првенство за играчи под 17 години. Во 1989 година Икпеба се договорил со клубот и отпатувал за Белгија заедно со соиграчот Сандеј Олисех. Во 1994 година Икпеба бил продаден на Монако каде што ќе ги доживее својте најдобри фудбалски години. Во почетокот тој бил трениран од страна на Арсен Венгер кој многу ја унапредил неговата игра. Во сезоната 1996-97, Икпеба играл одлично и постигнал 13 голови со што му помогнал на клубот да ја освои титулата во Лига 1. Во истата таа 1997 година бил избран и за Африкански фудбалер на годината. Во последните две сезони тој оформил впечатливо партнерство во нападот со Давид Трезеге.
Икпеба му се придружил на Сандеј Олисех во Борусија Дортмунд во 1999 година, за надомест за трансфер од £ 4,8 милиони. Икпеба постигнал само два гола во неговата прва сезона во Бундеслигата и речиси воопшто неиграл во својата втора, откако се скарал со тренерот Матијас Замер. Во потрага по трансфер во странство, Икпеба го одбил Саутхемптон, за да му се приклучи на Реал Бетис на заем за една сезона.[1] Работите отишле уште подалеку во надолна линија за играчот во Шпанија откако тој бил критикуван за прекумерната тежина од тренерот, откако направил само еден настап за клубот. Тој не влегол во игра за Бетис повторно, сè до последните два натпревари од сезоната.
По мало лутање по клубови од послаба класа и послаби лиги Икпеба ја завршил кариерата во 2007 година откако претходно две сезони бил фудбалер на катарскиот Ал Сад.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Тој одиграл 31 натпревар и постигнал седум гола за нигериската репрезентација. Со репрезентацијата играл на две Светски првенства во 1994 и 1998. Тој, исто така, му помогнал на својот репрезентација да триумфира на Африканскиот куп на нациите во 1994 и да го освои златниот олимписки медал на Олимпијадата во Атланта 1996 година.
Титули
[уреди | уреди извор]
Клупски[уреди | уреди извор]РФК Лиеж[уреди | уреди извор]
Монако[уреди | уреди извор]
Ал-Итихад[уреди | уреди извор]
Репрезентативни[уреди | уреди извор]Нигерија[уреди | уреди извор] |
Поединечни[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Икпеба ги одби светците за Бетис“. BBC Sport. 9 August 2001. Посетено на 11 February 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|