Прејди на содржината

Вила Водно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вила Водно
Карта
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Почната2004
Завршена2008

Вилата Водно е официјалното работно место на Претседателот на Република Македонија. Објектот се наоѓа во подножјето на Водно, на јужниот раб на Скопје. Вилата е во близина на резиденцијата на претседателот. Објектот се состои од приземје и кат на повеќе нивоа, и има околу 2.500 м2 корисна површина.

Вилата Водно има приземје и кат кој е на повеќе нивоа. Таа е составена од стар и нов дел. Стариот дел кој е реновиран е остаток од некогашна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а новиот е граден во периодот 2004 - 2008, а за изградбата од државната каса се потрошени околу пет милиони евра.[1]

Во вилата, освен канцеларијата на претседателот има посебни работни простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и приеми. Мебелот е модерен и со национални обележја. Во просториите за состаноци и приеми ѕидовите се украсени со уметнички слики од познати македонски уметници, како и мозаици изработени од Глигор Чемерски.[2]

Во паркот околу вилата се засадени чемпреси, елки и други зимзелени дрвја, пространи тревници и цветни градини.

До вселувањето на претседателот, вилата била нарекувана „Вила Анекс“. Од 2009. година, просториите во Парламентот кои служеле како претседателски кабинет биле отстапени за потребите на собраниските служби, односно за собранискиот претседател Трајко Вељаноски и уште за 17 други пратеници.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]