Прејди на содржината

Виолета Петроска-Бешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виолета Петроска-Бешка
Родена Виолета Радомирова
13 ноември 1956(1956-11-13)(68 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање психолог, универзитетска професорка

Виолета Петроска-Бешка (моминско: Радомирова; 13 ноември 1956 во Скопје) — македонски психолог и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), магистрирала на универзитетот Колумбија универзитетот во Њујорк (1982), а докторирала на Филозофскиот факултет во Белград (1989). На Филозофскиот факултет во Скопје се вработила во 1980 година, а редовен професор е од 1999 година. По дополнителната едукација на универзитетот Колумбија во Њујорк (1994), нејзиниот научно-стручен ангажман се проширува и на полето на разрешувањето конфликти и меѓуетничко разбирање. Кораководител е на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (од 2001). Објавила голем број трудови, учебници и прирачници.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петрушев-Чикото“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1151. Text "series " ignored (help)