Воена морнарица на САД
Воена морнарица на САД | |
---|---|
Амблем на Воената морнарица на САД | |
Создадена | 27 март 1794 (1794 ) (како оваа служба) |
Земја | Соединети Американски Држави |
Вид | Воена морнарица |
Улога |
|
Големина | 349,593 активни (август 2021)[1] 279,471 civilian employees[2] 101,583 ready reserve personnel[2] 480 бродови, од кои 290 за брзо распоредување (2019)[2] 2,623 авиони[3] |
Дел од | Вооружени сили на САД Оддел за морнарица |
Главен штаб | Пентагон Арлингтон, Вирџинија, САД |
Бои | Сина и златна[4][5] |
Воената морнарица на Соединетите Американски Држави влегува во составот на вооружените сили на САД и една од осумте униформирани служби на Соединетите држави. Таа е најголемата и најмоќната морнарица во светот, а се проценува дека тонажата на нејзината активна борбена флота е поголема од следните 13 воени морнарици заедно, меѓу кои се и 11 сојузници или партнерски земји на САД (според податоци од 2015 година).[6][7][8][9] Тонажата на борбената флота [6][10] во 2019 години изнесувала 4.635.628 тони;[11] а оваа морнарица има најголемата флота на носачи на авиони на светот (единаесет активни, два нови носачи во изградба и планирани се уште пет други носачи). Во активниот состав на Морнарицата на САД има 336.978 војници; а 101.583 се во резервните сили. Морнарицата на САД е трет по големина вид во американската воена служба според бројот на персоналот. Има на располагање 290 борбени бродови и преку 3.700 оперативни авиони (јуни 2019).[2]
Воената морнарица на САД ги влечи своите корени од Континенталната морнарица, која била основана за време на Американската војна за независност и била распуштена (како посебен ентитет) набргу по завршување на војната. Откако претрпел големи загуби на стоки и персонал предизвикани од Берберските пирати од Алжир, американскиот Конгрес донел Поморски акт од 1794 година за изградба на шест тешки фрегати, првите бродови на американската морнарица. Американската морнарица одиграла значајна улога во Американската граѓанска војна преку блокада на Конфедерацијата и преземање на контролата врз реките. Исто така, имала значајна улога во поразот на царската Јапонија во Втората светска војна. По завршување на Втората светска војна Американската морнарица станала најмоќната морнарица во светот. Американската морнарица во 21-от век одржува значително глобално присуство, а нејзините сили се распоредени на стратешки значајни места како: Западниот Тихи Океан, Медитеранот и Индискиот Океан. Морнарицата често учествува во надворешната и воената политика на САД.
Воената морнарица на САД е дел од Одделот за морнарица, заедно со Маринскиот корпус на САД, како нејзина рамноправна сестринска служба. Одделот за морнарица е предводен од цивилниот Секретар на морнарицата. Одделот за морнарица е воен оддел на Министерството за одбрана, на чие чело стои Секретарот за одбрана. Шеф за поморски операции е најстариот офицер на морнарицата кој служи во Одделот за морнарица.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Вооружени сили на САД
- Министерство за одбрана на САД
- Подморница од класата Колумбија
- Кралска воена морнарица
- Модерни воздушни операции на носачи на морнарицата на Соединетите држави
- Поморска милиција
- Континентална морнарица
- Жени во морнарицата на Соединетите Американски Држави
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ARMED FORCES STRENGTH FIGURES FOR AUGUST 31, 2021“. DMDC. Посетено на 29 October 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „The U.S. Navy“. U.S. Navy. 23 August 2019. Архивирано од изворникот на 14 June 2018. Посетено на 28 August 2019.
- ↑ „World Air Forces 2018“. Flightglobal: 17. Архивирано од изворникот 14 June 2018. Посетено на 13 June 2018.
- ↑ „US Navy Traditions, Customs, & Core Values“. United States Navy. Архивирано од изворникот 10 February 2018. Посетено на 11 February 2018.
The Navy's colors themselves have special meaning: Blue represents the ocean and seas; gold is the color of integrity and valor.
- ↑ Carlos Cabo. „Pantone colors. Convert Pantone colors to RAL, CMYK, RGB, Hex, HSL, HSB, JSON“. Архивирано од изворникот на 29 December 2015. Посетено на 29 December 2015.
- ↑ 6,0 6,1 „The Russian Navy Is Aiming To Be Much Larger Than The US Navy“. Business Insider. 24 September 2014. Архивирано од изворникот на 26 November 2015. Посетено на 12 November 2015.
- ↑ „Carl Lavo: The gigantic advantage the U.S. Navy has over all others“. carllavo.blogspot.de. 9 March 2015. Архивирано од изворникот на 23 October 2015. Посетено на 12 November 2015.
- ↑ „If More Money Buys a Smaller Fleet, What Will Less Money Buy?“. Time. 3 December 2012. Архивирано од изворникот на 18 May 2015. Посетено на 13 May 2015.
- ↑ „Speech View“. defense.gov. Архивирано од изворникот на 21 May 2010. Посетено на 12 November 2015.
- ↑ Gates, Robert M. (January–February 2009). „A Balanced Strategy: Reprogramming the Pentagon for a New Age“. Foreign Affairs. Council on Foreign Relations. Архивирано од изворникот на 5 August 2013. Посетено на 27 July 2013.
- ↑ Author, Guest (2019-04-24). „Battle Force Missiles: The Measure of a Fleet“. Center for International Maritime Security (англиски). Посетено на 2021-10-18.
- ↑ „Responsibilities“. Chief of Naval Operations. United States Navy. Архивирано од изворникот на 24 June 2013. Посетено на 15 June 2013.
Оваа статија поврзана со војска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |