Воислав Кушевски
Воислав Кушевски (с. Тработивиште, Делчевско, 28 јули 1921 – Скопје, 3 јануари 1999) — македонски историчар и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Кушевски е роден во делчевското село Тработивиште на 28 јули 1921 година. Завршил учителска школа во Скопје во 1941 и едногодишен курс за предавачи по историја и по географија во 1946 година. Бил инспектор по историја за средните училишта од 1949 до 1959 и директор во средни училишта и предавач на ВПШ „Климент Охридски“. Од 1959 година, бил асистент на Филозофскиот факултет и предавач по предметот Методика на наставата по историја. Во 1965 докторирал на тема „Македонија пред Друштвото на народите“. Во 1967 година бил избран за доцент, во 1972 за вонреден и во 1977 година за редовен професор. Бил продекан на Филозофскиот факултет. Истражувал во повеќе архивски центри во земјава и во странство.
Дела
[уреди | уреди извор]- ВМРО(Обединета) спрема поставувањето на македонското прашање пред Друштвото на народите, Историја, 1, Скопје, 1985;
- Грчки дипломат за македонскиот јазик, „Прилози“, XXII, 2, Скопје, МАНУ, 1991;
- За дејноста и улогата на ВМРО на Тодор Александров и Иван Михајлов во врска со поставувањето на македонското прашање во Друштвото на народите (1920–1934), зб. „Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание“, Скопје, 1994.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Димитар Димески, Воислав Кушевски (ин мемориам), Историја, XXXVI, 1–2, Скопје, 2000