Волшебната флејта
Волшебната флејта | |
---|---|
Зингшпил Опера од Волфганг Амадеус Моцарт | |
Доаѓањето на ноќната кралица. Сцена поставена од Карл Фридрих Шинкел за изведбата во 1815г. | |
Изворно | Die Zauberflöte |
Либрето | Емануел Шиканедер |
Јазик | Германски |
Премиерна изведба | |
Датум | 30 септември 1791 |
Место | Фрајхаус Театар на Виден, Виена |
Волшебната флејта (германски: Die Zauberflöte), е опера во два чина од Волфганг Амадеус Моцарт, со германско либрето од Емануел Шиканедер. Делото е во форма на зингшпил - популарна форма (жанр) во тоа време кој содржи пеење и говорен дијалог.[1] Делото е премиерно прикажано на 30 септември 1791 г. во Фрајхаус Театарот на Виден во Виена, само два месеци пред прераната смрт на композиторот. Сè уште е често поставувана на оперскиот репертоар.[2] Поради нејзината популарност направени се две продолженија, Лавиринт (или Борбата со Елементите) од Петер Винтер и фрагментарното либрето од Јохан Волфганг фон Гете насловено како Волшебната флејта втор дел .
Алегориското сиже е под влијание интересот на Моцарт за масонството и се однесува на примањето на принцот Тамино во ова друштво. Ноќната Кралица го повикува на помош да ја спаси нејзината ќерка Памина од првосвештеникот Сарастро, Тамино почнува да се восхитува на високите идеали на свештеникот, па тој заедно со Памина се придружуваат на заедницата, а кралицата и нејзините сојузници се поразени.
Компонирање
[уреди | уреди извор]Либретото за Волшебната флејта, напишано од Шиканедер, се заснова на повеќе извори. Некои книжевни дела за кои се смета дека служеле како извори се средновековната романса Иваин од Кретиен де Троа, романот Животот на Сетос од Жан Терасон и есејот „За мистериите на Египќаните“ од Игназ фон Борн. Либретото, исто така е продолжение на серијата опери засновани на бајки компонирани во тоа време од тајфата на Шиканедер, вклучувајќи ја и адаптација на зингшпил операта Оберон од Софи Сејлер, како и Каменот на мудроста.[3] За улогата на Папагено, либретото се потпира на Хансвурстската традиција на виенскиот народен театар. Исто така, влијаело и масонството.
Премиера
[уреди | уреди извор]Операта е премиерно изведена во Виена на 30 септември 1791 г. во Фрајхаус Театарот на Виден. Моцарт диригирал со оркестарот, а Шиканедер го играл Папагено, додека улогата на ноќната кралица е отпеана од балдазата на Моцарт Џозефа Хофер.
Операта ја имала својата 100-та изведба во ноември 1792 година, но Моцарт непосведочил на овој голем успех, затоа што почина на 5 декември 1791 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Foil, David; Berger, William (2007). The Magic Flute – Wolfgang Amadeus Mozart, Emanuel Schikaneder, Carl Ludwig Giesecke (англиски). Black Dog & Leventhal Pub. : Distributed by Workman Pub. Co. ISBN 9781579127596. OCLC 145431789.
- ↑ „Top 50 Operas“. The Guardian. 19 August 2011.
- ↑ Branscombe 1991.