Прејди на содржината

Ворикшир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот во Варвик

Ворикшир (изворно: Warwickshire; скратено Воркс (Warks)) е грофовија во регионот Западен Мидлендс во Англија. Грофовскиот град е Ворик, а најголем град е Нанитон. Округот е познат по тоа што е родното место на Вилијам Шекспир.[1]

Грофовијата е поделена на пет области: Северен Ворикшир, Нанитон и Бедворт, Рагби, Варик и Стретфорд на Ејвон.

Тековните граници на грофовијата биле поставени во 1974 година со Законот за локална самоуправа од 1972 година. Во историските граници на грофовијата спаѓаат Ковентри, Сатон Колдфилд и Солихал, како и голем дел од Бирмингем.

Историја

[уреди | уреди извор]
Ворикшир во 1832 година
Стрeтфорд на Ejвон
Замокот Кенилворт

Варикшир настанал како поддел на Кралството Мерсија во почетокот на XI век. Првото споменување за Ворикшир бил во 1001 година, како што Wæringscīr (Ваерингшир) го добил името по Ворик (што значи „живеалишта на водосливот“).

За време на средниот век, во Ворикшир доминирал Ковентри, кој во тоа време бил еден од најважните градови во Англија, поради неговата важност во трговијата со текстил. Ворикшир одиграл клучна улога во Англиската граѓанска војна, со Битката кај Еџхил и другите препукувања што се случиле во грофовијата. За време на Индустриската револуција Ворикшир станал еден од најистакнатите индустриски грофовии во Кралството, со големите индустриски градови Бирмингем и Ковентри во нејзините граници.

Спортски екипи

[уреди | уреди извор]

Ворикшир нема клубови во Фудбалската лига (високите рангови на лиги). Од сезоната 2019/20 највисоко пласиран тим бил Лемингтон, кој играл во Националната лига - Север, шестото ниво на англискиот фудбал. Ниво подолу во Премиер средишната дивизија на Јужната фудбалска лига се Нанитон Боро и Стретфорд Таун. Други клубови се Рагби Таун, Бедворт Јунајтед, Саутам Јунајтед и Рејсинг Клуб Варик. Сите овие се поврзани со Фудбалската асоцијација на Околијата Бирмингем

Астон Вила, Бирмингем Сити и Ковентри Сити се клубови од Фудбалската лига сместени во историските граници на Ворикшир, заедно со клубот од Националната лига Солихал Мурс и клубот од Средишната дивизија еден од Јужната лига, Сатон Колдфилд Таун.

Поло клубот Далас Бурстон е поло клуб со шест терени кој се наоѓа во близина на Саутам.

Ворикшир е можеби најпознат по тоа што е родното место на Вилијам Шекспир од Стретфорд на Ејвон. Дури и денес, патните знаци на границата на грофовијата го опишуваат Ворикшир како „Шекспирова грофовија“. Грофовијата има направено и други познати ликови како Алистер Кроули (од Ројал Лемингтон Спа), Џорџ Елиот (од Нанитон), Руперт Брук (од Рагби) и Мајкл Дрејтон (од Хартсхил). Поетот Филип Ларкин живеел во Варик (роден во блискиот Ковентри), а Елизабет Гаскел одела на училиште во Барфорд и Стретфорд. Фолк музичарот Ник Дрејк, кој снимал за „Island records“ кон крајот на 1960-тите и раните 1970-ти, живеел и починал во Тенворт во Арден.

  1. Planet, Lonely (10 мај 2016). „Warwickshire: the heart of English history – Lonely Planet“. Lonely Planet. Архивирано од изворникот на 21 август 2017. Посетено на 3 септември 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]