Географија на Холандија
Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 41.526 км2, и според тоа се наоѓа на 135-то место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.
Главниот град Амстердам е најголемиот во државата со околу 1.500.000 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот, вкупното население во Холандија е околу 16.500.156 жители. Густината на населеноста е 396/km2 жители на квадратен километар.
Клима
[уреди | уреди извор]Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзинат територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Вал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија е ридот Фалсерберг, висок само 322,7 м.
Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното Море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југозападните, западните и северните провинции имаат во есенските и зимските месеци поблага клима отколку источните и североисточните покраини. Во лето се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург од прилика најтоплите предели. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.
Најсончевите делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северозападниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1.600-1.700 сончеви часови. Во просек врне 790 мм дожд во годината.