Прејди на содржината

Георги Ацев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Ацев
Роден 1883
Ореовец, Прилепско, Отоманско Царство (денешна МакедонијаМакедонија)
Починал 25 јуни 1906
Крапа, (денешна МакедонијаМакедонија)

Георги Гога Ацев ( 1883, Ореовец Прилепско - 25 јуни 1906, Крапа, Поречко), познат и како Срцето[1][2]македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.[3][4]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Георги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.[5]

Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата.[5] Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.

Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,[6], веројатно четата на Петар Сугарев.

Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.[7][8]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 65
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.94
  3. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 24
  4. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 52. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. 5,0 5,1 Ацев, Петър. Спомени, Софија 2011, с. 109-110.
  6. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 2, Софија, 1943, стр. 212 Архивирано на 13 декември 2012 г.
  7. Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, Софија, 1978, стр. 161.
  8. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 13.