Гнилеш
Гнилеш | |
Координати 41°0′46″N 21°35′8″E / 41.01278° СГШ; 21.58556° ИГД | |
Општина | Новаци |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02023 |
Надм. вис. | 894 м |
Гнилеш на општинската карта Атарот на Гнилеш во рамките на општината | |
Гнилеш на Ризницата |
Гнилеш или Гнилеж — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е ридско на јужните огранки на Селечка Планина, сместено на надморска височина од 894 метри, а од Битола е оддалечено 26 километри.
Во атарот на Гнилеш, на околу 4,5 км северно од селото се наоѓало поранешното село Ченгел.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Во 2014 г. името на дотогашното Гнилеж официјално му е сменето во Гнилеш.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гнилеж живееле 130 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Гнилеш имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гнилеш се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Според пописот од 2002, селото брои само 5 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 128 | 147 | 170 | 165 | 77 | 23 | 6 | 6 | 5 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-30.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|