Прејди на содржината

Старавина

Координати: 41°05′23″N 21°44′00″E / 41.08972° СГШ; 21.73333° ИГД / 41.08972; 21.73333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Старавина

Панорамска фотографија на селото

Старавина во рамките на Македонија
Старавина
Местоположба на Старавина во Македонија
Старавина на карта

Карта

Координати 41°05′23″N 21°44′00″E / 41.08972° СГШ; 21.73333° ИГД / 41.08972; 21.73333
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Област Мариово
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02111
Надм. вис. 858 м
Слава Голема Богородица
Старавина на општинската карта

Атарот на Старавина во рамките на општината
Старавина на Ризницата

Старавина — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

До 2004 година, селото било административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Новаци. Селото отсекогаш важело за средиште на Битолско Мариово.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото се поврзува со легенда според која тоа води потекло од големата распространетост на виновата лоза. Поради тоа, селото било познато по старите вина, односно село на „стари вина“, што се образило во Старавина.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото од патот кон Зовиќ од селото Манастир

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, во крајниот источен дел на територијата на Општина Новаци. Со дел од атарот се допира со државната гранична линија со Грција.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 850 метри.[3] Селото е оддалечено 52 километри од градот Битола, додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 41 километар.[2] Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 1311.

Градешка Река, која поминува низ самото село, се смета за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[4] Реката извира на планината Ниџе,[5] на чии падини се наоѓа и самото село.

Во минатото, селото било составено од повеќе маала.[2] Селото поседува автентична архитектура и бројни зачувани стари традиционални куќи.[6]

Просечната годишна температура на воздухот во Старавина изнесува 12,4 °C, а просечните годишни врнежи 573 mm.[7]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во близина на селото се наоѓа тврдината Пешта, за која постојат докази дека постоела уште од времето на античките македонски кралеви. Тврдината најголема значајност стекнала за време на Мариовската буна, кога населението во Мариово пружило силен отпор на отоманската војска и во неколку наврати истата ја совладала. Сепак, обиколени од сите страни, востаниците се повлекле на тврдината. Тврдината доживеала бомбардирања за време на Првата светска војна, поради што денес е уништена и разрушена.[2]

Селото Старавина било на самата фронтовска линија за време на Првата светска војна и може да се вброи меѓу најпогодените села во Мариово. Месното население најмногу настрадало, имајќи стапка на смртност над 50%, како и со тешки стопански последици по имотите.[2]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[8]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Поранешната крчма „Кај Компасот“

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 60 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.547 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1357 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 1042 хектари.[3] Во поново време, голем дел од обработливото земјиште поради некористење е претворено во пасишта.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Старавинци биле сточари и земјоделци, а особено се одгледувале овци и кози. Исто така, уште од 1930-тите години започнале да се користат шумите околу селото, поради што во селото бил сместен гатерот на Шумското стопанство „Кајмакчалан“.[2]

Во Првата светска војна биле уништени сите стари лозја, по кои се верува и селото го добило своето име.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948666—    
1953741+11.3%
1961655−11.6%
1971405−38.2%
1981217−46.4%
ГодинаНас.±%
199143−80.2%
199426−39.5%
200223−11.5%
20218−65.2%

Демографски статистики за селото Старавина во османлискиот период:[9]

Османлиски дефтер Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. Пресметано заедно со Градешница
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 38 1208
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 80 14 5 4156
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 77 8 6929
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 63 9 2190

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старавина живееле 590 жители, од кои 570 Македонци и 20 Роми.[10] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Старавина имало 560 Македонци, патријаршисти.[11]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Старавина се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 79 куќи.[12]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[13]

Од Старавина се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во сосема мало село, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 655 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 26 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Старавина живееле 23 жители, од кои 22 Македонци и 1 Србин.[14]

Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало 8 семејства со 18 жители, додека во 2018 година имало околу пет постојани жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 590 560 666 741 655 405 217 43 26 23 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]


Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од селото се иселил голем број од населението, а најмногу во градовите Битола, Скопје и Прилеп, во бројни битолски села, како и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште „Борис Кидрич“

Училиштето било осумгодишно и било отворено во 1951 година во голема зграда. По наглото иселување од селото, училиштето било затворено во 1990-тите години.

  • Поранешна амбуланта
  • Поранешна општина
  • Поранешна полициска станица
  • Поранешна пошта
  • Објекти на Шумско стопанство „Кајмакчалан“
  • Планинарски дом „Старавина“

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Старавина било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Новаци, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Битола. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на некогашната Општина Старавина, во која покрај селото Старавина, се наоѓале и селата Будимирци, Градешница, Групиште и Зовиќ. Општината Старавина постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0175 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на тврдината Пешта од главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Старавина
Археолошки наоѓалишта[22]
  • Пешта — населба и некропола од римско и доцноантичко време;
Цркви[23]

Во минатото во селото постоела и црквата „Св. Никола“, која не била зографисана и денес е разрушена.[6]

Манастири
Параклиси
  • Параклис „Св. Преображение“ — параклис во склоп на Старавинскиот манастир; и
  • Параклис „Св. Атанасиј“ — параклис на скршнувањето кон Старавинскиот манастир.
Градби

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[24]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во селото работело културно-уметничко друштво од 1950-тите до 1970-тите. Во тој период имало и спортско и рибиловно друштво, како и стрелачка дружина.[2]

Селото е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка која и по цена на својот живот ја зачувала своја вера и не се предала на прилепскиот кадија. Сепак, на подмолен начин била заробена, а нејзиното спасување од домот на кадијата, било вовед во организирано востание против Отоманското Царство, односно Мариовската буна во 1564/65 година. Оваа легенда е овековечена и во истоимениот роман на Стале Попов, а нејзината куќа е обновена и претворена во спомен-куќа.[2] За Калеш Анѓа посветена е и народната песна Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-12-03.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 283. Посетено на 3 декември 2021.
  4. Група автори (2016). „Акциски мерки за заштита на природата од областа на хидрологија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
  5. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
  6. 6,0 6,1 Вести, 365 (2018-03-26). „Зошто да одиш во Старавина (родното село на Калеш Анѓа)?“. 365.com.mk. Посетено на 2021-12-04.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  7. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Марјановиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 917. Text "series " ignored (help)
  8. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  9. Празен навод (help)
  10. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  11. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  12. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  14. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 4 декември 2021.
  22. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 42. ISBN 9989-649-28-6.
  23. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  24. „Село Старавина, Мариово - Рурална авантура“. 2021-02-16. Посетено на 2021-12-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]