Гордана Јосифова-Неделковска
Изглед
Гордана Јосифова-Неделковска | ||
Родена | Гордана Јосифова 14 октомври 1965 Кавадарци, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | обоист |
Гордана Јосифова-Неделковска (14 октомври 1965 во Кавадарци) — македонска обоистка и универзитетска професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Факултетот за музичка уметност и постдипломските студии ги завршува во Скопје, а специјализацијата за обоа и камерна музика на Академијата Моцарт во Варшава и Банф, уметнички центар во Канада.
Член е на Македонскиот дувачки квинтет и е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Јосифова-Неделковска, заедно со значајни светски ансамбли, одржала бројни концерти во земјата и во странство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јосифовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 647. Text "series " ignored (help)