Горна Австрија (германски: Oberösterreich) — една од деветте сојузни покраини во Австрија која се наоѓа во северниот дел на државата. Зафаќа површина од 11.982 квадратни километри и тука живеат над 1.413.000 жители. Главен град е Линц.
Со површина од 11.982 квадратни километри, Горна Австрија е четврта по големина покраина во Австрија. Според релјефот, поделена е на три целини: во северниот дел има пониски и средновисоки планини, во средишниот дел се простира висорамнина низ која тече реката Дунав, а пак во јужниот дел е претежно планински. Климата е претежно континентална, само во највисокиот дел има планинска клима. Во средниот дел на покраината тече Дунав, која низ покраината има многу притоки од кои најпознати се Ин и Енс.